Јас па со левиот.Ми се плаче и мене од болка.Дали не сме активни ко претходно...пошто не сум голема уште во стомакот па да кажам тежина. Бев на преглед денес спомнав само магнезиум ми рекоа да си пијам.Така да мислам не е страшно.
Исто, се јавив кај матичната ми кажа магнезиум и гел еден да се масирам. Тоа е :/. Јас сум активна, скоро секој ден пешачам но ете, со кичмава па и нозеве мака голема имам. Верувај сила немам да се избањам ко човек
Мајки многу фала на поддршката ми значи, вашата сила и издржливост ме мотивираат на позитивни мисли, Бог да ви даде здравје и среќа. И покрај тешкотиите сте издржале сами.
Влегов 30 недела и болка под градиве мислам градниот кош ке ми се разнесе. Ја памтам оваа болка и од предходната бременост но сега осекам мислам повеке највеке при седење. Има ли некој искуство како би си помогнала, докторот вели тоа е нозете се таму и цревата притискаат.
Што значи Доста плочест и вретенест епител во урина .. Утре ќе зво кај др ама мисла ми е прв пат вака да прочитам , обично секоаш пишувало слуз такви раб , одма ум ме шекна ..
Девојки дали некоја има значително покачени леукоцити, дури 24 се кај мене.Утре ќе одам да видам што ќе каже док.ама некако мн високи ми се гледат.Искуство некоја да сподели ако има?
Во врска со алергиите ( исто алергична на сешто со симптоми преку цела година) прво и второ тромесечие ставав кортико спреј Момокс во нос по препорака и на матичен и на специјалист со образложение дека евентуалната штета е многу помала од евентуално влошување на алергијата или асматични напади. Ме опоменуваа кога нередовно ставав, да не си играм да не направам поголема беља. Исто така, имав препорака од нив доколку спрејот не е доволен, по потреба и апчиња да пијам. Сега сум трето тромесечие и не земам ништо, доколку се јават симптоми продолжувам со спрејот
Здраво девојки, јас сум многу возбудена за утре, на контрола сум и се надевам конечно ќе го дознаеме полот на нашето малечко а и овие неколку дена како да го осеќам дека мрдка срце на мама. Инаку сум 17полни недели и прва бременост. Има ли некоја што е блиску до мене со неделиве? Имајте убава ноќ
Јас бидејки имам проблеми со тврда столица и обавезно ми се јавуваат ставам домашна маст од невен, смирува колку толку
Исто, дури кожата ми жежеше, дури и во спиење ми сметаше. Како влегов во 9ти малку попушти. Може си се спушта бебе па станува полесно горе Најчесто ништо страшно не значи тоа, не се секирај Јас да си прашам, ги правев минатата недела последните брисеви во Ремедика ама не ми се јавија за резултати. Претпоставувам кај докторката што ме води ги пратиле и ќе ме известеше ако има нешто за терапија?
Закажи термин за резулати, од толку мнг пациенти не верувам дека се јавуваат, барем јас вака направив во систина..
MCHС е средна концентрација на хемоглобин во еритроцитите. Не е ништо страшно, останатите параметри ти се супер, нема потреба да се замараш.
Јас мислам дека ќе пукнам од болка на левата страна од кичмата, некој нерв ли е не знам, дури како поврзано со нешто да ми е и напред препонот ме боли под иста линија, абе на моменти ми се стврднува цела нога мислам, и не можам да се мрднам од болка 5 до 10 мин, како вкочането ми е, не знам како да објаснам, не ме боли цел ден ама ко ќе ме фати на 10 мин, полудувам, колку е оваа болка нормална, за да не може човек да се мрдне????? Уфффф....
@thelittle17 Леле значи сите истата мака ја имаме! Баш исто кога ќе ме фатат болките ме остава без здив. Само магнезиум пиј си тоа е
Аууу, јас ваква болка во живот немам осетено во кичма, цела лева страна ми е крш, сега пред спиење ме фати, едвај се поместив, абе мислам некој како да ми ја дежи таа линија, тој нерв, и да ме стиска на најјако, магнезиум пијам по 2 на ден, баш ради болкиве, сега пиев, ама џабе. По колку пиеш ти магнезиум на ден?
Нормално е малку да се покачени во бременост. Да не имаш проблеми со забите? На другарка и беа покачени и матичниот и рече да иде на стоматолог да и исчистат пред се' забен камен.