Исто и јас, или спијам или не спијам. А без промашај веке 2 недели секоја вечер во 4 ме будат киселини, па ке си лапнам една маслинка со се семка и ќе се смири. Иначе веќе 2-3 дена стомакот страшно ме чеша.. како шуга да имам. Ако има некој исто искуство, кажете ве молам како се справуате со чешањето А да, и последниве 2-3 дена, ретко но се случува да не можам да си ја задржам мокрачата. Некогаш дури и пуштам по една капка Мислам ми ја клоца бешикава Очигледно тесно и е веќе на крофничкава моја
chocolade мене ме чешаше стомакот околу папокот, и после некој ден оп 2-3 стрии, и тоа сега во деветти.
Ме исплаши сега 8 месеци да немаш стрии и оп на крај да ти искочат, е да си пиукнеш од мака. Но тоа е сега, ако треба да биде нека биде, само да сме здрави-живи
и јас ептен се изненадив, таман се израував дека поминав без стрии, и сега ете баш на крај. мислам дека откако ми се спушти бебушот подолу и сега пошпицест ми е стомакот па затоа. Ама не се секирај, може и нема да ти се напават стрии. Зависи и од гени. Мајка ми лом била уште одма кога почнал да и се познава стомакот. Фала богу што ќе поминам со малку важно да сме здрави и живи и ние и бебушите.
Како јас да сум го напишала ова, само плус јас си имам мака и со низок притисок Не знам дали и кај некја од вас се случува навечер кога треба да си легнам дланките и стапалата ми се како да имам огнени топки, ама сериозно. На почетокот ги ставав нозете во ладна вода со крупна сол и ми помагаше барем додека да заспијам, ама сега и тоа не помага. Денес додека бевме на контрола ми се слоши и кога ми го измерија притисокот 70 со 45 ама тоа е, само течности повеќе ми рекоа и солено (а јас го избегнувам заради отоци). Инаку ние денес на првото цтг поминавме одлично, принцезава е супер, машала 3 кила, гин ми кажа дека е добро поставена со главата надоле ама рече дека не е фокусирана?!?! Постелката рече дека ми е во втор стадиум зрелост а плодова вода си има доволно. Исто ми кажа дека грлото на матката почнало да се подопушта и следно цтг ми закажа за 21 месецов (ако не се породам до тогаш) Мешиња ве поздравувам и ви посакувам убав ден
^^ chocolade, на сестра ми ова со задржување на мокрачата и' се случуваше со првото дете Посебно имаше проблем при кивање Читав дека може да се случува на крајот, не верувам дека е нешто страшно. Барем на сестра ми и' кажаа дека било нормално
Помина цтг то ни болки ни ништо немам Во среда уште едно ке правам и после тоа ке чекам болки. Кај мене вентилаторот нонстоп врти и дење и ноќе никако да се оладам,отоци се појавиа и кај што не треба.дури ни апетит немам ма топлово само на праски и лубеница живеам
Здраво мешиња како сте јас денеска бев на преглед во Ремедика и се рсплакав од среќа кога ги чув како моите две сонциња им чукаат срцињата,напреднуваат добро веќе сме 8+2 недели .Ми дадоа терапија кринон гел,магнезиум 2Х1 ,прегназон и аспирин и тифон кој веќе ги пијам .Ми рекоа да испитам крвна слика,урина,уринокултура ,брисеви и гликемика ,а за 4 недели сум на скрининг и за 6 недели кај Петановски и да имам направено хемостаза со димери ми рекоа дека тоа се правело во некоја лабараторија која се наоѓа наспроти универзална сала.Едвај чекам да почнат да ми мрткаат во моето меше .
немам проверено скриен шеќер.. докторкава ми нема сеуште ништо речено. Во петок ќе одам на цтг и ќе ја прашам... [/quote] со плодовата вода јас имав проблеми пд 35 недела почна да се намали и поради тоа таа бедела два пари на ден требаше да ми направат цтг за да го следат состојбата.после кога влегов во 36 недела лежев во болница една несела и секој ден два пати дневно цтг и ехо и после во 37 недела се породив порано. не сакам да те плашим ама мене три доктори кај кои бев тогаш ми рекоа дека таа вода не доаѓа веќе само треба да го следиме состојбата да не останува бебето без вода. а инаку многу бавно се отварав кога почна контракците и имав 14 часа болки и многу тешко породување.јас би ти препорачал да одиш и кај друг доктор да слушаши друго мислење. поздрав[/quote] оф маки.. ништо оваа не ми потенцираше за опасно дека е.. сега кога ќе одам на цтг в петок ќе видиме до кај е водата, заради цтг и водата ми закажа повторен преглед за во петок.
Дали ви се случило за време на бременост да доживеете нагло стрес,страв?се најдов во таква ситуација пред час и пол и уште неможам да се смирам.Осекјам малаксаност,како да не можам да се мрднам од место и рацете ми се тресат.Бебето го осекјам мрда.Како да си помогнам на самата?Одма се измив со вода,пиев кока кола но ништо не помага
Јас да, син ми ме извади од памет и мислам дека целиот стомак ми се тресеше некое време...легни, одмори и како што викаат старите шеќер и вода напиј се ( или кока колата е доволна) Тогаш одма ми прелета низ глава дека од јак стрес можело бебето да се искака во плодовата вода, ама немаше ништо. Како помина на цтг?
На цтг добро немаше контракции во среда сум пак.И кај мене со керка ми се деси ситуацијава.Тоа е од оние моменти кога ја слушаш дека вришти на цел глас и додека стигнав до неа се отсеков целата.5 секунди ми се видоа како 5 години.И еве лежам од прееска сигурно ке помине.Маж ми запна да одиме на лекар ама се надевам ке нема потреба.Само страв беше во прашање па валда и бебето е ок штом ме шутира од време на време
Мене ме оставија во болница мн повраќав дома.Сега сум прикачена на инфузија,плус инекција примив и најверојатно ке ја поминам ноќта овде.
Подобро,примам моментално уште една инфузија од реглан и бедоксин па после треба да си одам дома.Цела вечер око не склопив скроз сум изморена.Кои чаеви се најдобри за желудникот?
Мила со помин нека е. Инфузијата би требало да те освежи. За желудник како што кажа и Сноу ладно млеко од фрижидер и кантарион, а ако имаш киселина маслинки со семки. Се надевам дека веќе си подобра
Да подобро сум,најбитно веке не повракам.Ке одам дома сега ,кантарион немам но нане ке сварам,супа,компир нешто такво.Кај ме снајде една недела пред термин вакво нешто?Викаат вирус било
Само смирено и позитивни мисли се ке биде во ред, само опуштисе и внесувај колку можеш повеќе течности. Инаку нане е закон за стомак, ама може да ти го раскопа желудникот Кантарион мислам дека е подобро. Ти посакувам брзо закрепнување бидејќи те очекуваат убавите моменти, не заборавај дека си на чекор до целта. Одмори и имај убав ден