Нормално се поправаш, јади си умерено. Јас пазам ама и да јадеш и да нејадеш ти секако ќе растеш, зависи од бебенцето колку ќе те поправа Ќе се вратиме во нормала. Јас више никој ме слушам и ако ми каже некој збор има да го натепам
Мене матичната на прв преглед ме мереше, запиша колку кг сум и ми рече до пораѓај максимум 12кг смееш да качиш, ни грам повеќе! Јас 11+1, веќе сум +4кг.
Мамички кога почнавте да ги мачкате мешињата за да не ви излезат стрии? И со што се мачкате? Дајте препораки. Мене ми е ептен рано (5+5 сум) ама да си знам со време
Јас веднаш што дознав..некаде како ти што си сега сум почнала можеби Едното е улје ,другото крема,со двете се мачкам..наутро и навчер Немам сега за сега.25сум недела @kostovaivana
Точно , не чекајте од 7 8ми натаму е стварно мн потешко , и верувајте ке немате толку енергија за шетање и бирање 8 ми 9ти оставето го ситници кој се бираат набрзина ..ако требаше да шетам сега за покрупни работи богами ке беше тешкичко
Ич да не се нервираш, све да си јадеш а и бебе си барс јас сум 17 недела и сум се поправила до сега само 1кг а за понатака ке видиме битно да сме здрави па после ке се слабее
Сега се сетив дека ревматологот ми рече доколку останам бремена да се јавам кај матичен гинеколог да обрне посебно внимание поради опасност од антифосфолипиден синдром, да следи внимателно. Што значи ова, јас имам закажано дури на 29.10 и сега кога се сетив се испаничив, 2 дена имав розов исцедок, денес немам, пијам само утрогестан и витамини. Дали да одам порано, има ли некој слично искуство?
Феминки, денес некако почесто имам грчеви во долниот дел на стомакот. Еве вечерва сега седам и на 10-15 мин ме загризува стомакот ама како да ми ја корне некој матката и за 2-3 минути ме пушта и така со саати... Лажни ли контракции се ова? Сабајле сум на цтг во Чаир, ако ја поминам ноќва мирно... Инаку ја комплетирав торбицата за во болница, за мене и малиот све си спремив... Возбудена сум од настаните кои ми претстојат...Сеуште не сум свесна дека од мене ќе извадат човечко суштество, а не можам ни да го замислам како ќе изгледа малиот, едноставно како да го немам ова прифатено за реално... Ниту можам да замислам, а ниту сум свесна какви чувства би имала доколку го земам во раце... Го немам тој инстинкт мајчински како повеќето од вас тука...Не знам зошто и не знам како...
Ај и тука да си се пожалам. Нагло ми рипна стомааак, сум се раширила насекаде посебно колкови. И колку ме нервираат коментарите која недела си, ааа јас кога бев трудна таа недела не ми беше волкав стомакот. Неможам да разберам како може вакви коментари да даваат жени што веќе поминале низ ова. Може и до мене е и хормониве што ми смета се. Денес го добивме првото фустанче поклон од тетка. Почнува да не фаќа еуфорија. Денес полна 19 недела.
Факт е дека сите сме различни па така и во бременоста, така да такви коментари ич нека не те допираат. Гледај ти да се осеќаш добро а со тоа и бебето ќе биде добро со среќа фустанчето, можам да замислам која среќа е
Така е, најважно е да сме ние и бебињата живи и здрави. Инаку колку е мало фустанчето, неможам да замислам толкицко прцле, како ќе се држиме. Имам заборавено од внукиве колицки беа.
Ајде ајде нека си тече работата со лесно Ако ти се зачестат болките да сум на твое место би одела уште вечер. Не за друго од возбуда нема да ме држи место дома. Не се осеќај виновно или помалку мајка за тоа што не знаеш како да се чувствуваш. Ќе си дојде мајчинството со тек на време ќе си се вљубиш во бебулето и нема да сакаш никому да дадеш да го пипне. Тоа е само тремата и неспремноста што те држат во некое бунило. Чим го мириснеш,видиш и сватиш дека сега тоа мало животче тебе ти припаѓа сите емоции сами ќе си дојдат. Искрено мислам дека е од тешката бременост која ја имаше на почетокот. На моменти и јас така се осеќам. Поминавме подолг период во страв и само прекор. Нормално е сега да се прашуваме дали сме спремни за мајки во секој поглед на љубов и нега. Потешко е кога ги немаме оние периоди благосостојба галење на мешето да му збориш да му купуваш раат да се шеташ без грижи. Ни јас неможам да му ги замислам првите моменти со мене. Само знам дека кога ќе се случи а сигурно ќе се случи срцево ќе ми се дуплира за да направи место за љубовта према синко, ако не си пукне од среќа во меѓувреме.
Ај и јас да пишам Од утре 13 ја почнувам ептен сум возбудена а и исплашена можеби заради претходната случка а и сега за секоја болка одма на најлошото мислам а знам дека не треба.... како и да е неможам да дочекам да се запознаам со малечкото во мене а имам уште охоооо на 4ти одиме да видиме пол здравје боже.....се надевам до крај ќе помини како што треба и дека бебушко на пролет ќе лежи до мене... Иначе уште од време на време имам мачнини ама не е како на почеток само добро е заради тоа што кога и да помислам дали е како што треба бебе мене ми се лоши
Е заради ваквите добри и племенети души како тебе не ми е криво за ниту една минута што сум ја поминала на овој форум... И ти како многу членки овде заслужуваш најголема среќа...
Жени, дали има конкретно некоја храна, што не смее да се јаде, поради штета на плодот? Камо што е конзервираната риба, швепс, ананас.. постои нешто друго што не смее? Некаде прочитав и магдонос да не се јадело, па цитрон, портокал исто, а јас се утепав од пиење цеден сок...