Можи сум досадна ама ај видете дали мене ми се причинува или стварно се појавува Иначе ептен се израдував баш денес се појави-ако е тоа
Имаааа. Јас имам болки во долниот дел од стомакот, некои се појаки, некои средни, но има наеднаш што се како бодежи дури и морам да се свиткам од болка. Да појачам ли магнезиум од 250, на 500, фактички две апчиња да пијам? Сабајле се имам напиено мг само, така го пијам со месеци. Речено ми е дека ги имам овие болки заради положбата на бебето што му е многу ниско.
Јееее Иначе јас на своја рака не би зела да витамини се ама некогаш можи и да бидат штетни сепак тоа си е индивидуално .... јави се кај матичен нека ти даде одобрение најдобро Мене ми рекоја дека едно апче на ден е доволно 150мг ми е а претходно земав 400 па немаше некаква разлика
Можеш слободно да се напиеш уште едно дозволено е во бременост максимум до 1 грам. Јас така кога имам болки пијам по две од 400мг и ми се смируваат одма
Е за ова не знаев мене ми намалија од 400 на 150 оти било во ред 3 месеци ама после барем месец два да земам од 150 ....затоа кажав тоа што знам мене ми рекоја и од витамини има штета ако во телото имаш доволно Еве и друго мислење сепак ако сакаш земи си јас пишав што ми кажуваат така знаев
Јас пак имам читано за следнавс теорија. Ако Линеа негра е до папок значи носиш женско. А ако продолжува и над папок значи носиш машко. Кај мене испадна точно до под папок е и девојче носам. А за синот и над папок високо продолжуваше во првата бременост. Ајде да видиме колку е точно ова. Пишете кај вас како е.
Ваков пораѓај на сите до една https://pedijatar.mk/neverojatno-iskustvo-zhena-se-porodila-vo-son/ Линеа Негра имав со првото многу рано и многу изразена.Одеше над папокот и имам женско.Сега со второво ми е многу бледа скоро и да не се познава.Па затоа мислев дека е машко, ама не пак е женско
Мене темната црта со папок ми е темна, папокот исто околу темен, а од папок нагоре е малце побледа ама ја имам. Мислам дека не значи ништо со полот на бебето.