Да мила се раздвижив малку, и подобро е, не ме боли многу.. И јас велам да не мачкам... Сега секој ден ќе се раздвижува помалку
Ноќеска почнаа болки ама во секунда стануваат интензивни, ме држат 1-2 минути и ме пуштаат...Тие 1-2 минути се неиздржливи... Не отидов во болница...Денес поретко се јавуваат ама сега еве пак почнуваат... Тоа не ме загрижува толку колку што ме загрижува фактот што денес малиот и речиси не е активен и скоро ич не го осеќам... Ве молам кажете ми дали да одам сега во болница, имам лоши мисли цел ден и лошо се осеќам мислејќи дека нешто не е во ред и малиот не е жив...
те молам без лоши мисли само си правиш стресови , ако можеш слушни се со гинекологот и одма оди на дежурен за ЦТГ , да си ја смириш душичката , кога фаќаат сериозните болки и лажните кога се во поодмината бременост веќе бебето се смирува , нема место многу да мрда и бидејки матката контрахира исто така бебето е какде каде помирно..... те молам направи си една итна контрола колку да се смириш па пиши
Мене пола веќе ми падна, другата половина чека за после породување Појма немам како да се справам. Шишање ми треба, ама сега со бројкиве веќе ми е страв. Кога требаше и можев, одложував
Од каде шампонов? И мене многу ми паѓа косата, не давав значење, ама сега е претерано, на едно чешлање пола коса ми паѓа, нон стоп чистам со правосмукалка од ова влакнава мир немам!
Од bebehome.mk го порачав не е баш за опаѓање ама е за трудници наменет всушност се од таму е за таа намена
Женичкии јас да си се пожалам.. ми станува се потешко и потешко.. мачнини, киселини ме утепаа. Не јадам многу ама штом нешто изедам ми доаѓа да повратам а пак вода да се напијам после оброк смрт ми е, се осеќам како слон да сум изела се превртувам се мачам ужас. Само да влезам во 9ти месец и би сакала да се породам зошто мислам дека ќе пукнам вака. Полошо ми е од првите месеци, ми гори желудников
Aaa немој вака со вакви мисли. Бебињата нормално намалуваат активност при крај, немаат толку место. Еве кај мене скоро цела недела е помирно, не се споредува со 30 недела кога бев и поинаку го осеќам. Ако ти е страв оди на едно цтг. И пиши ни ајде блиску сте до гушкање
Вие кои пиете Фембион 2, зимате ли и б-6, б-12 и нешто друго (освен магнезиум и ц-витамин). Матичната ми рече да пијам,не кажа од колку mg. Па, плиз споделете и доза. Прстиве не си ги осеќам. Почна со трнење, сеа ми се ко струја да ми минува низ дланките.. чувство ко 24/7 да се замрзнати, осетот на врвовите ми е таков..пренадразнети, немам осет за површините што ги пипкам, отечени итн. У понеделник сум на контрола, па и крвна слика и д-димери ќе проверам. Има ли друг со вакви симптоми?
Здраво девојки имам едно прашање кога почнува мешето да расти повеќе. Мене почна да ми се познава од 10 недела некаде не мн ама почна сега сум 13 и малце поголем ми е од 10 недела и само си прам филмови бебето не ми расти немам меше...
Ако ти е прва бременост нормално е да не ти се познава.Мене исто во првото не ми се познаваше ,па плус мм ми правеше притисок зошто немам и се нервирав за џабе. После 16 недела почна да ми се познава по малку, па кога дојдов 40 сфатив дека колку помало ми е мешето повеќе можам да се движам и функционирам.Така да се си е тоа природно и не се сеќирај, ако на контроли се е во ред со бебето не се плаши,ќе си порасне мешето. Имав исто периоди навечер се познава наутро го немаше
Воопшто да не се секираш, кај секоја трудница индивидуално е растењето на стомак, јас сум 33та недела па ептен мало меше имам. Сите сме различни, битно на прегледи штом не ти кажале ништо, ич да не му ја мислиш
Фала женска на 4ти сум на контрола и дали заради контролата-скогаш пред да одам сум како ќе помини дали е се во ред и страв а знам дека не треба..... Ама уште си имам како тешкотии како да ми се лоши не како на почеток помалце скоро ич и си викам кога и да помислам лошо се јавува .... среда среќно здравје боже се да помини како што треба
Немој да мислиш на лошо веќе ризичниот период е поминат.За некоја недела ќе го осетиш како мрда, па ќе чекаш пак неколку дена за да го осетишПа ќе почне почесто да мрда и после и ќе боксува.Уживај и мисли позитивно
Колку рано почнаа лажниве контракции Синоќа доцна во ноќта пред да заспијам, ме стегна болка во стомак и стомакот ми се зацврсти. Боли онака ко и менструална болка и болка која сум ја имала кога сум имала стомачен вирус, да речеме Кога бев за брисеви и кажав на матичната дека секојдневно речиси имам вака менструални болки кои и не се баш слаби, ама грлото е цврсто затворено, препорака само редовно земаве магнезиум. А ја една редовна, 15 капсули три месеци ги пијам Кај вас се случува вакви нешто?