Со првата бременост при крај на 4ти месец почна да ми се познава меше. Сега сум 13 недели и уште ништо не ми се познава. Очекувам со второво побрзо да ми рипне мешето
И јас бев таква, сега сум 17+4 и пак е мало мешето, на контрола кажуваат дека бебето дури и ми е понапредно такс да не се секирај, уживај во бременоста, после ќе ни фали
Ооо цицо па мислам од 25та 26та кога бев па до крај до 36та се со лажни контракции бев. На цтг почнав од 33та регистрираше неправилни. Не ми дадоа ништо плус. Затворена си бев.
Фала ви девојки ... знам дека после ќе ни фали ама дури е вака оти е вака па после кога ќе порасни леле што убаво му беше дури беше малецко и така хахах
Јас во комбинација со фемимбионот пијам аспирин 100 витамин ц од 500 и цинк од 15мг а магнезиум го пијаммнавечер на алкалоид тој што е со б комплекс од 400мг
Ги имам и јас на моменти тие лажни контракции докторката ми рече дека е нормално сега си се спрема телото истп затворено ми е грлото
И јас како тебе си мислев што не ми расти стомакот... Во 22ра недела кога ми беше само долу како топче да речам подуен стомакот под папок, и кога бев на преглед кога докторката со сондата помина и над папок, не ми се веруваше дека и таму има бебе, а немав ич стомак еве сум 9ти и немам ич голем стомак ко вака други што сум гледала и што мислев дека ќе имам бидејќи и во конструкција сум крупна. Нешто широко ако облечам не ми се ни познава. Не се споредувај со никој, важно бебе да си напредува
Фала ти женска А сакам уште нешто да прашам дали градите омекннуваат или остануваат тврди како поминува бременоста?
Ох добро е оти жлездите така не ми се испакнати ме болат ама не многу а и општо многу не ме болеа се мачкам со крем заради тоа што ми испукаа ..... Секој симптом што ми се променува ме фаќа паника а баш ова второво е за уживање само дури да го видам сега то е хахахах фала уште еднаш девојко
Zdr devojki zakon za treto dete dali uste vazi po 8000den ili samo edno kratna pomos od 60000 I toa samo ako semejstvoto prima minimalna pomos ili kako nesto podetalno.ako moze
Дали стврднувањето на стомак без пропратни болки се важи за контракција? Значи по неколку пати на ден така цел стомак од горе до доле како да се згрчува ама не ме боли, само како затегнат го осеќам. Вакви стврднувања имав и претходно ама најчесто беа само на едната страна на стомакот и тука ќе се изобличеше на местото кај што е затегнал, најверојатно од тегнењето на бебето ама сега цел некако се стврднува, камен е на допир, а не боли...
Исто имам и јас такви стврднувања особено навечер. Ама чим не се со болки тоа е само припрема за она вистинското. Почна папочето да ми излегува деновиве.
Папокот ми е одвратен вдлабнат ми е ама затегнат и портокалов значи сепак си се некакви контракции, пред 10на дена кога бев на прво цтг ги регистрираше до 80 ама не беше остар пик туку како планинче...јас мислев од бебе што се изместува дека е така.
Таква контракција е Бракстонова, се спрема матката. Јас такви имав од 38ма некаде, ама нормално е и порано да се јават.