Од 36 почнува матката да се истуснува од страната и да го бутка бебето кон карлицата.Стомакот се стеснува од страните , а се испрчува на напред.Со овој процес почнува бебето помалку да мрда и се припрема целиот организам за процесот на раѓање.Значи ова истегање не трае само 1 ден туку неколку недели.Се си е тоа нормален процес немој да се загрижуваш Туку што гледав една бабица објаснуваше за масажа на перинеумот.Тој е дел-ткиво од мускули помеѓу вагината и анусот, требало да се масира за да биде флексибилен.Има посебно масло за него од Велада.Па масирајќи се надворешно требало и внатрешно.Останав ваква.Не се сеќавам на нешто вакво од предпородилните часови. Немало негативни ефекти само позитивни.Мускулите станувале поеластични и повредите помали или поретки.Вежбите се препорачуваат од 34 недела. Што мислите за ова? Дали е малку лудо, имате ли слушнато за вакви масажи? Во Германија не се применува епизотомијата како постапка,туку се остава само да се отвори или испука местото.Јас имав повреда од 1 степен, ама имам слушнато и за повреди од 3 степен.Ако од масажата не настане повреда и при тоа побрзу и полезно заздеави повредата зошто да не се масирам и пробам Или маж да ме масира
И јас скоро дознав дека имало такво масло на Веледа и го земав пред неколку дена. Еднаш се намачкав само и не знам ни дали правилно. Малку закаснав, во 36та ама ајде. Се мачка еднаш на 2-3 дена. Баш ќе побарам видео да видам како се прави масажа правилно. Инаку тука немам слушнато некоја природно породена и без епизиотомија. Мнооогу ретко. Мислам дека ги сечат, не ги оставаат да испукаат.
Исто и јас немам слушнато дека некој без епизотомија поминал.Не е касно можеш од 34 до 36 да почнеш. Мене ми излезе слика и начин на употреба ама е на германски ,ама сликите се разбираат. Спојлер: Слики
И шеќер благ да биде внукот Од еднаш не бива треба неколку пати да се мачкаш за поголем ефект ама па може маслото на велада не е толку ефикасно како путерот И мене ми е језиво кога слушнав , бабицата кога објасни ми се подигнаЗатоа реков мм ем тој среќен ем јас намасирана Ама има вежби со јога тие повозможни ми изгледаат
Мислам дека ко ќе ме фатат болки, ни путери, ни бадемови масла, ни кади со топла вода абе ништо нема да ми се гледа пред очи, све ќе оди у три ле... Ајде само со убаво нека е, секој дава совет белким сакаат да помогнат.
Смејте ми се ама јас и мала чашка маслиново и растопен путер испив пред пораѓај Исто и тоа од мојата свеки, а и мајка ми пиела. И пак ќе пијам. Шо знам, демек помагало полесно да се породиш
Сега пред крај баш кога треба да се хранам по здраво, со похранливи намирници, мене око не ми погледнува овошје и зеленчук цела бременост се хранев добро и внимавав што внесувам, сегаааа што ми допре ракава во фрижидер тоа, а и вода не пијам колку што пиев, дали нешто повеќе од литар ми се фаќа на ден За масажа на перинеумот, па тоа звучи сето многу убаво го имам маслото на Веледа за стрии, се мислев да го земам и ова, но не очекував дека масажата изгледа така, мислев однадвор намачкај и ајт тука не знам дали се практикува епизиотомија или се остава природно да распука ако дојде тоа, ќе прашам на нареден преглед повеќе околу тоа. А докажано е дека маслото/масажа всушност помага? Игра тука некоја друга улога, како гените кај стриите на пример?
Има истражувања кои докажуваат дека нема значителна разлика во породувањето кај жени кои правеле масажа на перинеумот и оние што не правеле масажа. Повеќе опушта тој притисок на местото, отколку што превенира епизиотомија/распукување. За превенција препорачуваат да се дава напон помеѓу контракции отколку заедно со контракциите.
Исто и јас од 8ми месец навака само глупости ми се јадат. Пециво, паста, скара, благо...се што не треба а убаво си се хранев цела бременост...
Нема научни докази, само позитвни реакции од корсничките Јас можам да кажам дека имав многу придобивки од што вежав јога со првото,вежби за карлицата и мускулите наоколу, за побрзу отварање. Вежбав 20 мин секој ден.Бев со провокација и за помалку од 6 часа се породив и испукав многу минимално. Повеќе би прифатила јога од масажа @mssuniquee ти си пиела и си отишла на пораѓај и никој не разбрал, ама да се мачкаш со путер и млеко и да одиш да раѓаш е голема глупост
И јас имам читано за оваа масажа, но јас читав дека било кое масло може да заврши работа, кокосово, шеа путер, ама штом има специјално масло, вреди да се проба. Мене во памет ми остана делот каде што беше објаснето дека треба да се масира додека не почувствуваш болка. На неколку дена по малку и мускулот ке се опушти.
Ај да не се изглупирам ама ќе си кажам Нели при пораѓај доле бабицата нешто прај/мачка ли врска немам додека си на бокс ? Бар кај мене на бокс знам ме "масираше", не беше баш масажа ама одеше лево-десно онака брзински кај отворот додека напнував. Мене не ме сечеа само распукав... Е сега дали е ова тоа што го зборите не знам. Некоја природно што се пораѓала да каже дали е таква процедура при секој природен пораѓај илј можеби они ја практикуваат оваа масажа ...ова беше ремедика
Не е таа масажа, оваа сама треба да си ја правиш од 34 недела 3-4 пати неделно по 10 минути. Може кај тебе те масирала поима немам , ама од еднаш не знам дали би имало ефект, ама сигурно го отпуштила тој мускул Ама нека каже некоја жена што истото го доживеала . Маслото не е битно да е од велада ама мислам да е без мирис заради инфекции Мускулите се учат и паметат да бидат еластични.Ќе кажам ако пробам, имам уште 10 недели за да се предомислам
Овде беше напишано да е природно, веројатно на исто мислиме. Да не е некое масло од типот на џонсонс, нивеа или некое што содржи парфем, туку да е природно, огранско. Да, исто како со јогата, или било кој спорт. Затоа за трудници кои имаат нормална бременост се препорачува движење, прво за циркулација, а друго заради вежбање на мускулите.
Тоа на пораѓај не е масажа туку го шири отворот со прстите, помага за да излезе главчето. А за масажите на перинеум @Ava.84 да пробаш и да ми кажеш. Јас сакав уште во прва бременост да пробам ама ми беше страв да не индуцирам пораѓај предвреме. Сега здравје кога ќе дојде време има да пробам иако не знам дали ќе го има тој ефект оти веќе сум сечена долу, се си мислам дека ќе распукам на тоа место кај што сум сечена секако и да не ме пресечат. А и ме обесхрабрува фактот што сите ги сечат, распукала, нераспукала тоа ти е. Скоро гледав едно видео во кое се кажува колку неправилна позиција при пораѓај е лежење на грб, ниту можеш да напнеш убаво, ниту правилно се отвараш. Правилно треба да е во полуседната позиција родилката. А еве јас се пораѓав на грб легната. Не поминав многу лошо од прва контракција до пораѓај нецели 9 часа, ама сечењето ме докрајчи имав 5-6 цм рез сигурно, па уште и на пораѓај ја слушнав бабицата како вика -Лошо ја пресеков (да појаснам од тој лош сек и денес после година ипол имам проблем мускулот помеѓу перинеумот и анусот е повреден и тешко се празнам при тврда столица).
Леле мене тој дел помеѓу вагината и анусот од секогаш ми бил толку језив бидејќи е многу тенок, и ај од кога прочитав за масажава ми беше малце језиво, исто самата помисла што знам дека мора да ме сечат ми е исто хорор но си реков морам да издржам се. Ама сега што го прочитав ова искуство на @lady.N ми се згрчи цела душа од страв и се обесхрабрив многу.