Не знам дали го осеќаат сечењето во тој момент. Абе парче, сечат шијат. Ама вика се се заборава ко ќе си гушнеш бебче
Јас го осетив сечењето. "Крц" дури направи од што беше затегнато местото. Ама после се се заборава, што бејби ќе го здогледа се поминува.
не се осеќа епизотомијата , ја две имам и моментот на сечење не сум го осетила воопшто , само како слабо пецкање осетив и бебе одма излага после тоа , првиот пат кај сечеле на исто место сум сецната вториот пат ..... од болките од цела еуфорија и адреналин стварно болка во тој чин немам осетено ..... ова Ви е мое искуство и плус сум со рез со 6 вантрешни и 6 надворешни конци , не е мал резот ..... ама ништо страшно, масажи не сум праела , а инаку пред пораѓај тоа што прават како масажа е да се отвори грлото на матката и мене ми имаат истекувано водењак така ...
Јас мислам дека почнав да ги осеќам лажните контракции. Ме фаќаат периодни болки, понекогаш и стомакот ме боли како ко ќе имам пролиф, ме фаќа стега и ме пушта? Мислам дека е тоа и синоќа цела ноќ не сум спиена мислев вистински болки ќе добијам секој момент и дека ќе се породам пред време, тоа и онака ми е вечна траума, ама ко ќе го почуствувам бебче дека мрда ми олеснува, ако не мрднит тоа јас се мрдам од паметов.
Да епизотомијата има многу негативности, а една од нив е тешко празнење .За жал уште се применува во мк.Јас иако не сум сечена сепак на промена на време некогаш ги осеќам тие болки кај што сум шиена.Откако останав трудна почесто ги осеќам не боли али е језиво 4 год и 3 месеци. Јас се пораѓав во страна и се чудев што им е бе , како вака да раѓам, на филмовите сите на грб раѓаатАма се можело и во кучешка положба , клекнат, седнат и др положби зависно како е бебето свртено. Што да ви кажам идни нови мами, зачнав некоја тема што на сите ни е језива и сега вие добивте повеќе страв , а не треба.Оти ништо не е неиздржливо. Еве јас се плашам дека бебе нема да ми се сврти со глава надолу и ќе ми речат царски.Не се од ниедна болка плашам ,само дали ќе ми треба помош , а од короната ќе немам никој освен мм.Еве стравови не потребни. Нема некој што не издржал и што не се снашол па ќе се снајдеме и ние
Добро а има ли некоја воопшто да не е пресечена? Што, стварно ли мора да се сецне за да испадне бебето? Јас изгледав толку видеа на јутуб каде што не ги сечат значи, може малце сами распукале, али тоа сигурно е минимално и понебезболно отколку сечењето намерно. Кога веќе сме на оваа тема сакам да прашам, дали со епидурална ги осеќаш нозете, осеќаш болки намалено, некој од искуство да ми објасне какво е искуството пошто многу се мислам за неа, јас анестезии во живот не сум примила, ни за заб, трпам болки, но ме фаќа паника од самата помисла да не си ги осеќам нозете или да немам осет во некој дел од телото а да сум будна.
Искрено ни сакам да слушам ни да читам за овие работи, поарно ништо да не знам што ме чека, зошто ми прават стрес доволно ми беше да видам клипче кај што ставаат анестезија во кичма и клипче кај што ваѓаат катетер, и тоа што ми требаше Само слушав на едно предавање ако истовремено напнуваш и имаш и контракција тогаш можеш да распукаш. Не знам за маслово мене ми е некако језа да се масирам и внатре па само надворешно се мачкам и масирам.
Пишав и погоре.Кревам 2 прста. Јас не бев сечена туку само распукав. За епидурал не би се мислела ради тоа брзо се породив и отворив. Со епидуралот ги осеќаш болките но траат пократко и ти дава време за одмор додека дојде време за пораѓање и имаш сила. Значи дури ми беа болките дремнував на моменти. епидуралот не прави безболен пораѓај туку издржлив. Кога дојде време за во сала сама одев до таму ниту ми трнеа нозе ни ништо. Само осеќаш топлина некоја. Во сала на бокс го гасат за да ги осеќаш напоните и ти го пуштаат пак за шиењето. Значи осет имаш цело време. Тоа што го опишуваш мислам дека го прави спиналната ама ќе каже некоја ако се пораѓала така...
Ако мислиш на епидуралната во кичма верувај ништо не се осеќа. Ставаат локална така да немаш гајле ништо не боли а за вадење лепенките поише ме болеа кога ми ги одлепуваа катетер на цимерката и вадеа А не кажа... не глеј клипчиња и ја ниту читав ниту гледав ќе си напрајш лоша слика па ќе се успаничиш
Тоа е добро кај епидуралната што може да ја дозираат према прагот на болка, има некои што ни мала болка не ја поднесуваат. Нормално што повеќе ти дозираат тоа помалку имаш осет во нозе. Блиска моја што заврши на царски а беше со епидурал, прво и трнеле нозете и после не ги осеќала. Се е индивидуално и од дозата зависи
Сега те боли кичма, од епидуралот? Мене да испука малку како сецната или? Сум видела распукување, и верувај подобро да те сецнат отколку сама да распукаш, бидејќи било како громче распукувањето на изглед и потоа шиењето беше долго
@Milkiway а да дојдеш со мене за поддршка наместо акушерка? И пошо знам дека имаше болки 2 недели пред да се породиш, пиеше ли магнезиум тој период?
Ако е голем плодот или главчето, а потесни родилните канали, сецнуваат 'превентивно', бидејќи под напон тоа распукувањето не мора да е минимално (мајка ми на пример распукала кога се пораѓала со мене, од перинеум да не претерам до колено е распукана и шиена). Со епидурална се обезболува мазната мускулатура на долен дел на абдомен и мала кралица. Скелетната мускулатура не е анестезирана, затоа и можеш да даваш напон со стомачните мускули при пораѓај со епидурална. За разлика од неа, спиналната е анастезирање од половина надолу, потполн блок на цела мускулатура (затоа таа се применува кај царски). Не можеш со спинална да се породиш природно, бидејќи не можеш активно да учествуваш во пораѓајот.
Јас со првата со ќеркичката не бев сечена ни распукана, улога играат многу фактори мислам дека и до самата кожа е, растегливоста еластичноста, како е наместен плодот колкав е плодот... се надевам дека еве и со втората бременост дека ќе поминам барем слично приближно како со првата...( тоа го посакувам на сите) значи не мора да значи дека обавезно ќе не сецнат или ќе пукне тоа се зависи до ситуацијата до последен момент... додека да излезе малото бебувче
Ги осеќаш не се секирај, сам стануваш од пред родилна до родилна сала, не осеќаш болки, кога имаш контракции осеќаш дека се случува нешто, ама не е болка. Јас не ги осеќав дури ни напоните па ми ја изгасија скроз на крај.
Хаха нема проблем. Ја од тука можам и онлајн поддршка да ти бидам ! Пиев да плус и напета бев па ме смируваше ама забушавав не ги зимав редовно заборавав
Ме болеше местото во болница тие 2 дена и толку од тогаш. Кичма не ме има здоболено до сега, а малце распукав т е. Како што ми кажаа. Не знам колку конци бев ама 10тина мин ме шиеа.
Леле ич не ми беше тоа целта. Немој да се плашиш, се е минорно во однос на тоа што ќе донесеш на свет нешто најубаво, најмило. Макар што тие први моменти се тешки, ама поминува се. Јас се тешам дека може да отидеш под нож на било каква операција и да имаш рана и да ти биде тешко, а плод да нема никаков. Вака знаеш дека има цел сета таа мака. Инаку точно дека ако не те сецнат може да испукаш многу повеќе, ама реткост е тоа според статистиките. На времето не сечеле па ретко некоја испукувала, пример мајка ми родила две бебиња над 4кг и не испукала. Инаку најубаво е ништо да не знаеш пред пораѓај. Ама јас не можам така. Јас читав све и свашта па кога отидов на пораѓај почна тахикардија се уплашив дека ми беше заматена плодовата кога ми пукна водењак оти на форумов имав читано дека можело да се затруе бебето ако голтне од водата, и колку и да ми викаше докторката дека не е страшно јас филм си направив во глава. Секој со своја приказна си е, сите сме различни, сите различно поднесуваме болка, страв, некој потешко некој полесно проаѓа, ама битно проаѓа. Има и тежина и убавина во мајчинството, ама сите ние сме благословени да бидеме мајки. Ништо не се споредува со радоста во душата што ви ја предизвикува вашето дете кога ќе ве гушне наутро. Или кога ќе ви каже колку ве сака. дај боже сите најлесно да пројдете
Ох цела се згрчив од овие муабети, сечење, шиењее уф луѓе не сакам!! А што е со катетерот, на сите ли ставаат? Се вознемирив