@Iva Mitrevski Мила, јас сечењето не го ни осетив воопшто, само големи ножици видов Исто ме шиеја со анестезија. Ич не се плаши и тоа ќе помине. И јас сега кога читам пак се ежам, но се тешам веќе еднаш сум преживеала ќе преживеам и сега
Само на тие што се царски им ставаат катетер ама ич не пребарувај да гледаш, нема потреба ќе ти се згади, под анестезија го ставаат, само кога ќе го ваѓаат било малку непријатно, не болело воопшто.
мене првиот пат ми останало три прсти од плацентата мораше ревизија да се прави , и ми ставиле катетар не осетив ништо не ни знаев , целосна анестезија и после коа го вадеа исто не осетив , ама прво идење по мала нужда и осетив болка и пецкање па прашав и ми рекоа од катетарот е и дека може некое време да ме пече , две недели ме заболнуваше како блага уринарна инфекција ништо страшно и ова не е драма некоја , ама секој со свое искуство ја да Ве утешам малку
Да, сечењето ни јас не го осетив, нити пак шиењето, во тие болки долу тоа е најмал проблем. Кога ќе излади местото почнува да боли резот. Сега кога дознав дека сум трудна пак прво на тоа помислив на периодот после пораѓај кога не можев да се движам од болка, а па маж ми вика леле уште 5 години цртани филмови ќе гледаме. На кој до што му е
Не се оптеретувајте со катетри, клизми, сечења... не е пријатно се сложувам ама најважно е се да е ок со мајката и бебето. Ја еве сум на крај и ич нејќам на тоа да мислам. Само да се заврши се добро
Епа и јас од тие клипчиња и еве од муабети вака сама се паничам, колку помалце знаеш толку подобро е очигледно, ама пуста радозналост... Стварно многу ме преплаши моментов со сечењево и шиењето, ама кога мора, мора и да се издржи.
Женички, сетете се колку се намачивме да останеме бремени, плачки, стресови, зарем еден сец сега да ве плаши, ајде опуштете се.
Гледам да не мислам на тоа. Реална паника уште не ме фатила, немам некако чувство дека за брзо ќе се пораѓам. Ќе ме фати кога ќе ме задржат на болница ама ќе немам време да се паничам и да се прашувам 'што ако' таму Само да помине се како треба, другото е се пролазна работа. После ќе се жалиме во Бебе дека не сме наспани и дека плаче по цела ноќ и ќе се тресиме над него, така да нема да размислуваме на нашите болки и тегоби.
Здраво феминки. Вчера бебето не ми беше активно како шо знае да биди, па решив да одам на болница цтг беше нормално и супер и таа таму се размрда, но ајде да ме видат на ехо, заприметија дека бебето е помало од шо треба за неделите 2.5кг е а треба 3.1кг, видоја дека бебето не се храни баш најдобро, па ми предложија да ме породат порано со провокаци 38 недела сум. Така да Вторник одам на болница за да ме породат ќе видиме како ќе поминиме, знам дека со провокации уште поболно било, ама немам страв, само огромна желба се да помини како треба и да се гушкаме за два дена. Држете среќа
И кај мене исто беше така, ехото мирно, а доплерите високи што е индикација дека не му стига доволно храна на бебето и затоа утредента веднаш царски ме породија (кај мене мораше посекако да биде со царски рез). Дента пред пораѓај го измерија скоро 3,000, а се роди 2,800. Со лесно, се ќе биде во ред. Каде ќе се пораѓаш?
Не живеам мк, во друга држава сум каде за жал или за среќа незнам царскиот рез се зема како последна опција
пуштам среќа се' да биде во ред и да минете лесно Ги игнорирам муабетите за сечењето. Влеговме во трето тромесечие ние. се изреметив нешто со пресметките пошто, прошли петок го минав со мисла дека е понеделник па, сега мислев дека ја фаќам 29та недела, али јок. 28ма изгледа сум. Тртле, или му се свиѓа да ми седи залрпено за стомак, или е пораснато, машала па, се' помалку простор има. Вчера и сабајлево изводеше и дур бев у движење, а, порано беше мирен тогаш, ушушкан. Толку убаво се напипува сега, сите нерамнини од телото, мада везе немам што е грб,газе,глава нога. Вчера у ниедно време имав напад за благо, а дома ништо немав. Ми текна ама на заборавени од прошли век,, карамели и негро бонбончиња, три ги изџвакав и киселини ми се смирија и душа ми се смири и не ме разбуди горење на желудник и гради и бљувеници у уста. Ти се плукнам во диетите во време на бременост. Да живеат бонбонките!
Mi zakazaa carski so datum so vreme so sve. Panika me faka,ke si puknam,pomagajte Kako da Se opustam ovie denovi do terminot,ke poludam od sabajlevo,ne sum sposobna ni golemovo dete da si go pazam,Se tresam cela.
Не сечат линиски од отворот на вагината кон аналниот отвор, туку настрана и не се грижете, нема ниту да ја почувствувате епизиотомијата. Стојам на тоа дека секогаш е подобро да се сецне отколку да се распука. Се е поинаку, од шиење, до заздравување, до изглед на раната потоа. Не е точно. Не се знае при породувањето што може да се случи. Јас се породив природно, па ми ставија катетар бидејќи изгубив многу крв и морав да лежам на интензивна два дена. И не го ставаат под анестезија, го почувствував ставањето, непријатно е, но не е неиздржливо или болно. Мене акушерката не можеше да ми го погоди каналот.
Нема што да паничиш. Прави нешто што те исполнува, прошетај некаде, направи си муабет со некој близок, гушкај си се со детето, за некој ден ќе имаш многу повеќе обврски. Опушти се и уживај, мисли само позитивно и се ќе биде добро.
Девојки дали некоја што се пораѓала царски а има и миом ке ми каже дали царскиот се прави со целосна анестезија или само пола?
Закажавте ли царски? Јас со миом се породив во прва бременост природно,и вторава бременост ја терам добро сеуште со истиот миом
Не сум знаела ама да,у право си ако треба да лежиш подолго време мора катетер. Ме наежа со пишаново ќе им речам пелена да ми стават во таков случај хаха
Немам закажано уште ми е рано, 20та недела сум, миомот постепено расте и во гак ми рекоа дека најверојатно ке биде царски рез. Колкав е твојот миом, а колкав беше во првата бременост?