Форумџика на годината

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Бремена сум 10+5, имам исцедок жолтеникава боја и е со непријатен мирис, носам постојано секојдневни влошки. Некои анализи што направив пишува дека има некои бактерии во урината. Ќе барам сеа упут за микробиологија, се нервирам овде во странство како да не обрнуваат многу внимание, треба се сам да си бараш. Сепак сакам да прашам дали и некоја друга имала сличен проблем. Знам читам дека е нормално да имаш исцедок во бременоста, но бидејќи кај мене е како што ви опишав. Секако ќе одам пак да испитам за бактерииите, но сакам да видам и друго мислење се нервирам многу. Може уште на почетокот сум требала да земам нешто за да ја снема ми е страв да не има сега некои последици.
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  2. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Миомот ќе расте најмногу до кај 24 г.н. после ќе треба да мирува.
    Во првата бременост ми беше околу 35мм,во бременост ми се појави уште еден но тој се изгуби сам по себе.
    Мирувај повеќе не кревај тешко,јас имав и полип па се отворив во 33+ и се породив таа недела.
    Сега пак сум со миом околу 30 и нешто мм расте постепено но е далеку од бебе.Следиме и не ми прави проблем
    Фала Богу оваа бременост сега за сега е нормална,за разлика од првата каде што бев со чести крварења и терапии.Ти како си?
     
  3. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    14.901
    Пол:
    Женски
    Се работи сигурно за некоја бактерија испитај ќе се утврди секако ако можеш хаха и јас сум странство и никакви испитувања не ми прават ни пап ни брисеви онаму после 20 на втор скрининг кога ќе одам само преку мокрача и то е то јас и си барав ми рекоја нема потреба а претходно со првата бременост-заврши како што завршив беше откриена уреоплазма и ми рече матичната во мк дека една од причините е таа бактерија и тука му кажав и ми рекоја немаш потреба што било било тука ние еднаш ја проверуваме крвта еднаш тежина и неколку пати после 20 недела за бактерии во урината и то е то .... доктор ми се смее и ми вика знаеш како се вика бременоста на англиски и му кажувам аа не ми вика се вика just wait - мора само да чекаш и то е то
     
  4. Ziberi123

    Ziberi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Јас до сега немав никакво крварење, миомот моментално е околу 60мм ама добрата страна е што е на надворешниот ѕид на матката но сепак треба да се следи. Пред бременост беше 13мм и мн брзо порасна но последниве неколку недели расте мн минимално, по милиметар
     
  5. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Расте брзо зошто се храни од хормони.Не се плаши само мирувај
    Незнам зошто ти рекле царски ради миом ,мене за царски никогаш не ми спомнаа ни тогаш ни сега на ниедна контрола.
    Утрогестан сигурно примаш.Јас по еден сабајле по еден навечер ставав со првата бременост
     
  6. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата бременост пред 1 година заврши со спонтан....Сега одам на приватно е скапо ама барем одам кај еден доктор и посигурна сум. Овде до 3 месец не сакаат на ехо да те гледаат. Среќа сега што одам приватно па ме гледаше на вагинално ехо, инаку на државно не ти ни даваат термин додека не поминат 3 месеци од бременоста. Ама јас сама си барам,некогаш за нешто ако мислам дека има потреба одам кај матичниот ми дава упут и испитувам. За пап тест во првата бременост не ми правеа сега овој пат ми правеа. Не знам што да речам, само да мислиш цело време.
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Правев крвна слика и леукоцитите ми искочија повисоки од што треба. Референтна вредност е од 3,5-10,0 , а мене ми се 12.5 . Се слушнав со матичната ми и кажав дека ми се покачени леукоцитите и дека ми тече нос. Ми рече да направам CRP и дека не треба да ми дава упат туку директно во лабараторија. Прашањето ми е тие што правеле CRP, каде правеле и за колку време добиле резултати?
     
  8. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Немој воопшто да мислиш на тоа. Јас не спиев неколку вечери пред царскиот, од страв дека ќе одам утредента за термин да ми закажат и кога утрото ми кажаа дека уште вечерта ќе ме примат во болница, бев тотално психички не подготвена и уплашена. Се плашев од се, од тоа како ќе се одвива породувањето, дали ќе имам сила да станам од болничкиот кревет, колку време ќе ми треба и сл. Кога си го видов малиот, сиот страв исчезна и јас бев таа што инсистираше да се движи што е можно повеќе. Ќе имаш причина, тоа ќе ти даде сила. Се поминува. :hug:
     
    На Izzy_0504, Lovebug01 и Aw-aw им се допаѓа ова.
  9. Ziberi123

    Ziberi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Не ми рекол никој ништо за утрогестан, само ми рекоа мирување, а на гак уште на првиот преглед ми рекоа царски. Како и да е нека помине се во најдобар ред
     
    На abc1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bravenewmama

    Bravenewmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас сум правела во биотек, мислам дека е 250 денари. Резултати имаш за неколку саати.
     
    На Li-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    5-ти месец од бременост сум, денеска добив несакајќи силен удар во стомахот од ќеркичката, којашто е 4 години :sweat: Скокаше на креветот во спалната, а јас лежев и за дел од секундата додека и викав да престане лупна целата врз мене, и силно ме удри во стомахот:( Ме заболе во моментот, но одма после тоа болката изчезна, не чувствувам никаква болка сега, но сепак ударот си беше силен. Многу сум загрижена дали се е во ред со плодот, на некој начин дали е повредено бебето или недај Боже некаква друга компликација. Утре одам на гинеколог да ме види докторката на ехо, но сепак до утре умирам од грижи;(
     
  12. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Истото ми се случи пред 3 недели, сега сум 17та. Јас не бев на преглед, чекав терминот кој ми беше дури сега пред неколку дена. Ме заболе од ударот и одма се смири. Син ми е 15 кг. Бев цело време загрижена, но се тешев дека ако би имало проблем ќе имав крварење или болки нешто. Се беше во ред.
    Но, и докторот ми рече да пазам повеќе дека сепак можи да се случи нешто со плацентата, со плодот. Подобро оди за да бидеш мирна.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Па и не се мн покачени твоите,во бременост е нормално да се покачат,може и до 14'''15,
    Мене ми се 24 дури.правев CRP и јас.горна граница е 8.мене ми е.8.7.
    Ќе примам терапија една недела па ќе видиме
     
    На Li-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    14.901
    Пол:
    Женски
    Чути човече да не си рајат искрено од една страна ми е подобро тука од друга пак сакам се да проверам....
    Тука никој не се замара апсолутно со ништо дали ние премногу работи испитуваме нз што е работата еу е тука-абортус забранет во секоја смисла недај боже не можеш да абортираш, брис пап крв урина испитување мн доцна а некои како што кажав не ги ни испитуваат, ми дадоја терапија заради претходен миссед и барем со тоа сум мирна .... за даун брзо беше се е во ред и то е то ако сакаш постои тест 450 евра 100 посто дали има даун и други два синдроми-не појдов стрес ми е искрено а немаше индикации....Мислам од една страна и подобро е што не испитуваат се заради парите стрес и безпотребни испитувања
    Уживај си побарај си тоа што мислиш би требало да ти дадат
    Во која земја си?
     
    На Summerlove@2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    20201026_141829.jpg
    Женички ај некоја да ми објасни за брисевиве. Според вас имам или немам кандида. Ми дадоа терапија да ја лечам а не ми е верно дека на резултатите не е јасно пишано мислење.
     
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    4.953
    Пол:
    Женски
    Немој да се плашиш, јас бев царски и поминав супер, не осеќаш болка во текот на операцијата, осекјаш допири но не и болка, и кога ке го видиш бебето е врв, ништо не ти е гајле.Јас бев со спинална. Потоа исто не е ништо страшно, првата ден е малку тешка додека да станеш, потоа не, се намалуваат болките.
    мене толку ми беше смачено што бев трудна и уште кога влегов во 9ти почнав да пекам да се породам,ама несакаа да ме породат пред време, се породив 2 дена после терминот, ми пукна водењакот дома околу 8 навечер , па се избањав, се дотерав, нашминкана, исфенирана во штикли отидов да раѓам околу 11 вечерта.
    Бев 7 прсти отворена, ми пуштаа провокации стигнав до 9 ама не добив нап за раѓање туку само имав болки, во 4 ме породија царски.Породувањето е најлесно, не ми е страв од тоа ич, ама од бременоста ми е страв,како ке издржам сега до јуни незнам, господ да ми е напомош само.Со породувањето само ке ти олесни, и ке си ја видиш најголемата њубов, иништо нема да те боли.Со лесно да поминеш и со среќа.
     
    На AnaMarijaAa, CareTee, Broki5 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    10.439
    Пол:
    Женски
    Женски хелпп...
    Нареден понеделник требаше да одам на преглед, но денес ми кажаа дека матичната ми е позитивна на корона:sweat:, а неможам да чекам толку долг период за повторно да почни со работа, тоа ќе биди веројатно по 3 недели, 1 месец...
    Па кој доктор би ми го препорачале од Болница Плодност? И која е цената за ехо отприлика да не знае некоја од вас :mm:
     
  18. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Јас контам дека нема ни кандида ни стрептокока.
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Царскиот закажан поради миом зависи од позиционираноста на истиот. Се препорачува доколку го блокира родилниот канал.
     
    На Ziberi123 и abc1234 им се допаѓа ова.
  20. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Јас колку што можам да разберам од резултатот, немаш кандида.
     
    На thelittle17 и Tsukinory им се допаѓа ова.