Добро штом кај тебе се било во ред, доста ме успокои што после таква слична случка како мојата поминала без последици. Ќе издржам во немир денеска, додека појдам на гинеколог.
Кило и сто се сторило. Гомце. Не престана да мрда на контрола. Колку беше смешно кога го видов, какви му се движењата...живчано цело ко мајка му и татко му. Мислиш клаустрофобија го фаќа внатре. Комедии. Метилдооа ќе ги пијам редовно и јас. Дефинитивно притисокот си почна да ме под#@бува. Протоци ама..се во ред. Бебе супер си напредува, се уште. Заборавив за киселините да спомнам. Сакам вече да почнам да пијам нешто. Не се трпи ова, а и сто чаши млеко у ден, не можам веќе. Ми се лоши од мирисот на млекото веќе. Па ме фаќа нестрпливост...цела вечност има дур се роди. Коа го гледав на екран ми идеше да си го отворам стомакот и да го земам и ставам на врат ко маче.. да го згушам. Па нека мрда.
1500 ехо, 3000-3500 скрининг (секогаш заборавам цени). Мислам дека сите доктори им се добри, ама нека ти препорачаат форумџикиве. Д-р Сотир обично го фалат. Знам две презадоволни трудници од д-р Марија и Христинка (мислам така се викаа, ако не ги утнав).
Можиш кај Марија да сум била кај неа, ама и Кристинка ја фалат. ☺️ 1500 мислам беше од 2000 не е појќе сигурно.
Јас колку што гледам ти пишува дека и двата примерока ри се негативни незнам зашто ти дале терапија за кандида кога ја немаш
@Evy81 & @Fatalnata значи бизнис сега со апчиња на крај. Малку дадов пари за хормони и инекции па уште и две кутии од едните дупла доза. Ах бе што не сум била таму лично да ја прашам кај гледа кандида.
Дали 3700гр е многу за бебе да се роди природно? Јас не сум од Скопје и сакав бидејќи имав здрава и нормална бременост да се породам во болницата тука во мојот град, ама докторот е упорен и ме праќа да се пораѓам на ГАК и да закажам царски, дека не сум можела да издржам природен пораѓај бидејќи сум имала вишок килограми, а и бебето плус било големо. Е сега јас за царски не сум воопшто, сакам природен пораѓај ама овој доктор толку ме исплаши со хорор приказни што веќе не знам ни што да мислам ни што да правам.
Јас имам закажано за даунов за наредниот месец некаде околу 100евра е. Утре имам за ехо закажано се тоа приватно, но откако ми се случи тоа претходно не ме интересира колку пари е битно ми е да правам почести контроли за да знам дека сѐ е во ред, дека и јас сум како тебе паничарка хаха. Инаку во Италија сум јас.
Кај брис од вагина имаш кандина.Исто имав и јас во прва бременост ваков рез.прашав ми рекоа тоа значи дека има и да се прима терапија
Незнам зошто би било пречка вишокот кг за природно, еден куп жени со вишок кг знам што така се породиле. Има други фактори како ширина на карлица, обем на главата на бебето, и други. Оди на второ мислење, бебето ти е со нормална килажа.
закажи на гак или чаир, каде ти се свиѓа повеќе. Таму докторите ќе те видат и одлучат. Членки се породија природно и со бебиња над 4 кила.
Оди во твојот град во болница кај друг доктор.Може да се очекува грешка во мерење од +-450гр. 3700гр не е големо бебе.Цимерката што ми беше во соба роди природно 3800гр. Братучетка роди 4320 гр ниска е природно го роди. Ако немаш некој здравствени проблеми зошто да бидеш царки, нема причина.
Само да ти кажам, додека се пораѓав имаше полничка мама, 8 прсти беше отворена, глас не пушташе, јас урлав. И цимерката во соба после беше полничка, рече многу лесно поминала. Килажата твоја нема врска реално. И општо немаш реална причина да закажуваш царски. Докторите ќе одлучат како треба да се породиш, не знам што е со ова демек 3700 е огромно бебе. Па тоа е бебе со просечна тежина, плус и треба да те измерат и ќе проценат како ќе се породиш.
Хм, а како стои ако немаш. Според ова разбирам дека не е изолирана кандида, присутна е нормална микрофлора. И мене така ми беше во 12та недела резултатот и ми кажаа дека е ок.
Devojki da Ve prasam dali ova go koritite za strii.. Jas imam odamna na kvadracepcite, nozete od slabeenje..Dali nekoj od Vas go koristev toj gel.. Fala