После 22 јас убаво го осетив. И не прекина да рита до последно @Krofna* зависи колку кркаш. Ние со скриен шеќер од кога го откривме не качивме ни грам до крај
Ај и јас да дадам рапорт 31+5денес вчера бевме на контрола се е супер бебуш 1700гр докторот рече се си е ок само стомачето му го измери малку помало разлика од неколку дена ми рече не е страшно Е сега јас и онака си имав болки долу ниско (кај ципите назнам како да објаснам) и како постојан притисок на бешиката тоа веројатно од бебуш така е наместен вчера дека многу возење ми дојде од битола до скопје и назад вчера имав појаки болки едвај се движев Денес е подобро пак боли ама не е како вчера Јас ко дежурен паничар сега на се и сешто си мислам ама ај ке помине Поздрав до сите идни мамички што ни се приклучија честитки до сите нови мами што си се гушкаат со бебушите чекајте не во тема Бебе да ви досадуваме и таму Ве гушкам сите ❤❤❤❤
Јас од кога ја почнав 29-30 та недела до кај 34та почнав највеќе досега да качувам. Па еве сега 35 + пак стагнирам. Така да може период е како мојот.
Сега користам масло на Алверде, го има во ДМ. Во претходната бременост користев масло на ХИП. Не распукав, претпоставувам гените играат поголема улога. Но, задоволна сум од двете масла. Има и путер од двете фирми, може следно и тоа да пробам. Инаку почнав уште во 3ти месец иако не сум баш редовна со мачкање
Па веројатно зашо до минатата недела бев 5,5кг поправена а сеа сум 7,5кг некако многу ми се виде, неделава ќе идам на контрола сигурно бебко качил на килажа, некако огромно се чувствувам
Правевте ли скриен шекер јас 31 недела дури сега ми даде матичниот. Не знам дали е морално,бидејки секој месец проверувам крв таман е шекерот
Направи си скриен шеќер, пошо тоа е друга анализа безразлика што проверуваш венски не е исто. Самиот процес пиеш вода со шербет пред да се напиеш те боцкаат па после два саати пак за да се увиди дека ти е во ред таа вредност
Сигурно лажните се. И јас се мислам што да правам со магнезиумов.. Напиј се по потреба, досега тука што имаат пишано членки кога доаѓаат правите болки ни магнезиум не помага. @Krofna* јас во 8ми месец најмногу кг качив. Плус 13,5 сум и не се замарам веќе секако си го надминав лимитот
Ти воопшто не си поправена тоа е ништо во споредба со многу трудници 7,5 е идеално да бевме сите како тебе во 34 јас сум исто во 34 со 12+, а може и више сум. Престанав да се мерам неможам да си правам стресови
@Krofna* , @Lovebug01 И јас во 8ми месец најмногу до сега качив. Сепак имам фора јас до границата, само 6,6 кг сум поправена. Еве веќе недела ипол ни грам немам качено. И апетитот тогаш ми скокна на највисоко ниво, не гледав што ставам во уста. Еве сега недела дена како пак ми се намали апетит, желудникот сеуште го притиска малава,и јадам помалку во повеќе оброци. За овошјето да не правам муабет, по 4-5 овошја на ден мелам. Некако имам голема љубов развиено кон овошјето,што не беше така пред бременоста. Се зафркавам дома на моја сметка, има да родам овошно девојче.
Јас правев во 28 недела по препорака на докторот што ми ја води бееменоста. (не е задолжително, но убаво е да си направиш) Едно е скриен шеќер друго е шеќер на крвна слика.
@Lovebug01 @Fatalnata @IJAE Ме утешивте, јас викам нешто не е во ред ова со вагава не ми беше јасно за две недели 2 кила викам а кај е крајот ако по кило качувам на недела машала, и денес едвај влегов во туш кабината до крај изгледа на плочки ќе се бањам
Хахаха, не до толку. Јас обожавам во када да лежам, купки да си правам. Е сега некако едвај влегувам, и излегувам. А до средина на девети може па ќе влезам ама ќе заглавам, ќе мора мм да ме вади од кадата. Или шлеп служба ќе викам. Хахаха. Се зафркавам со мм, абе да си направам јас асистенца (за шлеп служба како за автомобилине што прават во случај да ти застане на пат) да ме турка по пат ако застанам некаде,и се укочам. Оти малава се намести некако лошо на десен нерв од карлица и колк почнав да подкуцувам.
Еве ме и мене на рапорт. Денес бев на контрола 36гн и 3дена. Бебе одговара за 37ма. 3кг постигнавме. Ми рече докторката сега може кога сака да се роди. И тоа имам зелено светло за природен. Само еден ќош од постелката е штипнат. Остатокот убаво залепен и почнува високо. Додека да тргне она, бебе ќе излезе така ми рекоа. Да кажам среќна задоволна малку е. Возбудена дефинитивно и во исчекување. Маженце и пол чекаме. Иначе за брисевите немам кандида. Превентивно терапија видела докторка дека се спрема некој исцедок затоа.
Здраво сакам да прашам за 2 дена влегувам во 9ти месец утрово имам крварење не мн обилно мр интерсира дали е нормално или да одам на преглед бидејќи имам закажано за 3 дена.. И претходниот месец имав па по грешка на доктор ме пратија на предвремено породување и едвај си објаснија дека не е време затоа сега не ми се оди помош ако некој знае
Леле колку ми е мило,за тебе и за јунакот. Машала се да биде во најдобар ред, и уште полесен пораѓај да имаш. Се измачи да ти кажам. Срцево ми игра кај што те читам, со убави вести. Ете и за брисот сум била во право. Имав ист таков извештај па не ми дадоа никаква терапија во првата бременост. Мене ќе ми земат брис во 37 +4 г.н ако до тогаш не дојде момата на свет.
Гини дактарин се најефикасните вагиналети за кандида кои некогаш сум ги користела. Арно ме потсети на нив, ќе си ги земам да почнам уште вечер. Имам лоша маана што никогаш до крај не знам да испримам терапија, па повторно ми се враќа кандидава, да не ја правиш истата грешка Почнав да се осеќам трудно јас. Ко балонче сум. Мешево рипна за оваа една недела бајаги
Паметно што ти дала И јас немав на брисеви а имав зголемен исцедок и бебе ми примаше антибиотска терапија во болница ме извадија од памет. Таму педијатарката кажа дека прима терапија заради тоа што јас имам кандида а ја цела у прашалници од каде при негативни брисеви. Почнав и во резултатите да се сомневам по државниве...
Мене не ми ни земаа во Ремедика за кандида брис. Само за стрептокока пишуваше на резултатите, врска немам зошто... Значи да не се вадам од памет ако случајно го стават бебуш на терапија @Tsukinory меше, се сеќавам кога те тешевме дека ќе издржиш до крај и ете Јуначишта сте и ти и маж ти и бебушот