Мамички дали ви се случило одеднаш да ви дојде некоја мисла и да се возбудите. Мене така ми се случува почесто ќе ми дојде некоја мисла и почнува срцето посилно да ми чука како немир осеќам. Пред да забременам не ми се случувало така. Се плашам да не му наштетам на бебче со тоа Пијам магнезан и малце ме смирува али не многу, незнам дали е ова нормално во бременоста
Здраво девојки, може и не е за овде ова Ми каснеше 2 недели и направив тест претходна недела и испадна позитивен Денес бев на лекар и се е во ред има срцева реакција Меѓутоа на приватно некако скапо ми се виде А не работи со сини картони докторката Ќе може ли да ми препорачате некој гениколог од кој сте задоволни? Фала ви
Од каде си? Мене матичен гинеколог ми е д-р Билјана Талевска Трајановиќ во поликлиника Ѓорче, презадоволна сум од неа. Ако ти одговара, топло ја препорачувам.
Јас не би седела дома мирна и малце крв да видам. Патот под нозе и кај матичната. Само без паника пошо сега си 9ти месец, ама сепак провери не дај боже се може и до крај да биде.
Да да ми рекоа после ништо страшно секое второ е на терапија антибиотска. Ми беше мака дека модро беше по рачињата избоцкано ама не змам дали ради терапијава или си е пракса да ги боцкаат за испитувања...не прашав. А инаку да @Tsukinory ти реков ја ќе дојдеш на крај да го молиш да излегува бебуш баш ми е мило што сте до тука ајде ситно броите и двете
@Milkiway & @Lovebug01 ме "скаравте" да си чекам ред по термини. Јас послушна сум. Затоа и го презедов следењето на термините за да бројам колку мешиња има пред мене. Шала на страна ми олесна велат најубаво било второ тромесечие мене некако најубаво ми е трето. И се опуштив и се ослободив. Не ми е страв ни од болки ни од сечења ни од тоа како ќе биде откако ќе дојде бебуш. Да си дочекаме сите лесен пораѓај и живи и здрави дечиња другото се ќе се среди. Ви благодарам на сите за подршката до сега. Се надевам нема да сум олку лигла во бебешки после.
Жива и здрава да ти е ќеркичката, но мораш прво животот да си го средиш. Тоа детенце ќе биде задоволно и со љубовта што ја добива од тебе, па здравје боже кога ќе дојде правиот момент ќе добие и сестричка/братче. Бебе во ваква ситуација може само да ви ги зголеми нервозите и трпеливоста. Ако е хиперсензитивна значи потребно ѝ е повеќе внимание, веројатно ја чувствува напнатоста во домот.
Фала мила вчера бев пак на контрола и др. рече дека се е ок, но имам мал хематом што малку ме загрижува. Инаку сум 7недела. @Cherry blossom89 @kostovaivana @ivance.. фала ви мамички и јас бев прерадосна Господ да не чува сите и да си поминеме со лесно
Јас одам во Аеродром во Гинеко-с кај Снежана Панговска и сум задоволна. На Васко Карангелески се наоѓа, кај Агротехна поточно. Поздрав
Здраво женски, може ли некој да ми каже искуство од кај др. Глигор Ложанковски? Сакам да правам скрининг на органи и се мислам каде.. Или нај сигурно ми е кај Димчев? Фала
Девојки дали ви се случило или нормално е на едно место на стомакот да биде ладно значи само 1 место е кај папукот а се друго е топло и боди носам и една блуза и дуксерка и труднички хеланки и пак само на тоа место е ладно....дали е од бебето дали не е ако занете да ми кажите
Какво убаво изненадување Со лесно Мене од пред некој саат ме боли многу доле стомакот т.е ме сече.Кога мирувам ми минива болката , штом станам пак ме боли.Рано ми е за лажни кпнтракции.Некоја со слично искуство 23+2 г.н
Дали некој ја има користено кремава за инфекција и пецкање во бременост и дали се е подмивал со вода и сода. Фала однапред имајте убава вечер
Здраво девојчиња, имам неколку дилеми околу знаците на породување. Јас сум 39 недела и 2 дена, немам болки, не ми е пукнат водењакот, не ми испаднал уште чепот, во исчекување сум на било каква промена Но, она што ме интересира какви се болките пред породување, до кога да чекам дома. Што ако ми пукне водењакот а немам болки? Или обратно, пример забележам крвава слуз, а не ми пукнал водењакот или немам болки? Ќе имам ли време да јадам и дали е препорачливо да се јаде тогаш и колку време ќе ми остане за до болница... Поздрав девојчиња, секој совет е добредојден, прворотка сум
Водењакот најверојатно нема да ти пукне до болница, пошо најчесто пука таму или го пукаат докторите. Ако ти пукне ништо страшно, можеш да се истушираш да се спремаш без паника и да одиш на болница. Болките најчесто почнуваат и пред да пукне водењакот и ќе знаеш дека се тие кога стануваат се посилни, не се намалуваат со менување позиција и се регуларни и се доближуваат. Значи болки што се една сега, па втора на 10 мин, па трета на 4 мин, па четврта на пола час, една трае 10 секунди, втора трае 2 мин, не се вистински, лажни се. За болките не се секирај, нема да ги промашиш. Чепот нема многу врска со водењакот и болките, тој може да падне и до 2 недели пред пораѓајот, може да падне и неколку часа пред пораѓај. Кога ќе падне, значи дека пораѓајот е близу и не треба да се загрижуваш за чепот, секако ти сега си одиш редовно на цтг штом си 39+2. За јадење секако дека ќе имаш време, не значи дека ако осетиш дека почнуваат болките или водењакот пукнал дека треба во истата секунда да одиш на болница, можеш да јадеш (ако си со природно пораѓање). Ако си со царски, треба да се консултираш со доктор кој ќе те пораѓа колку време не смееш да јадеш пред пораѓај, зависно од тоа со каква анестезија ќе си. Не се паничи најбитно, никоја не ги промашила болките и никоја не се породила дома од што закаснала или нешто слично. Штом почнат болки, можеш да одиш на цтг да проверат контракции и дали и колку си отворена, па може ќе те пуштат дома да шеткаш, па кога ќе станат посилни болките ќе одиш пак на болница. Водењакот ко што реков, поретко пука дома, најчесто пука за време на пораѓај во болница, а и да пукне, без паника, полека спремај се и оди во болница. Кај прворотки генерално побавно тече процесот, така да опушти се, без грижи, нема шанси нешто да промашиш