Супер, горе доле сите истото ми го зборат. Не се плашам од пораѓај, сакам природно, во Чаир одлучив. Важно ми е да бидам спремна, мислам на торбицата, најадена, бањата Голем перфекциониста сум, па битно ми е се да биде како што треба Благодарам на одговорот
За најадена тешко малце ако почне процес не знаеш колку ќе трае,ако пукне водењак дома а се породиш нареден ден нема да ти дадат ништо да јадеш едино вода малце од малце голтка по голтка за да не повраќаш
Смири се, ти гарантирам дека ништо нема да осетиш. Јас имам фобија од допири доле, едвај успеваа да проверуваат да проверат дали сум отворена, цела се грчев и бегав. За време на пораѓајот ме сечеа, ми шибаа инекции доле за локална анестезија, ме шиеја(ова беше малку непријатно), скоро не се осеќа. Телото ти е спремно за овој чин, адреналинот ти е до облаци, скоро и не осеќаш болка, само напони. Болат контракциите, ама и тоа е издржливо. Ние сме женишта, воини, појак пол. За маслото, јас го купив без да знам за масажата. После пробав, ама некако језиво ми беше. Го замолив машкиот, рече океј и на муабет остана работава. За време на пораѓај бабицата ми ги правеше нешто слично кога имав напон, за да помогне на бебето да излезе.
Не сфаќам зошто те пушта на ГАК. Како прво, бебе од 3700 не значи дека сигурно треба да се раѓа со царски, тоа не зависи само од килажата на бебето туку и од големината на твојата карлица. Значи од соодносот меѓу тебе и бебе. Ајде да речеме дека добра му е проценката и треба стварно царски. Зошто Скопје? Во твојот град не изведуваат царски? Прв пат слушам. Во секоја болница со гинеколошко одделение треба да можат да се пораѓаат трудниците и природно и царски. Не се пуштаат во друг град само за царски, ако е се во ред. Препрашај го зошто те праќа. И хорор приказни не мора да ти кажува, боже какви доктори ги има
Ај да си пишам.... Време за контрола се ближи и почнуваат паниките кај мене ххахаха..... се дали е во ред да не има нешто чувај боже.... за терапијата сум мирна прогестерон со аспирин во комбинација ги земам и се надевам неможе да дојди до миссед или спонтан без симптоми-или сепак може????? Немам некој мачнини се намалија ептен некогаш да ми се слоши имам киселини ама издржливи се мислам и од воздух имам ..... од утре 14 неделии имаме уште 26 се намалуваат
Мал утрински апдејт од мене, ја продолжувам традицијата на пукање водењак во спиење. Бев во болница разговарав ми рекоа слободно можам да одам за Скопје дека нема да се породам по пат, до вечер или утре сабајле требало да родам. Имајте убав ден, и држете ми среќа.
Како прво вака да ти објаснам еве јас... Не е како на филмовите дека ти пука водењакот и одма имаш болки и викаш и не знам уште какви глупости. Не. Значи еве јас како поминав. Неделата цел ден имав чудни тапи болки на секој сат два. Вечерта си легнав и пред да заспијам го почувствував водењакот како ми пукна. Станав и одма отидовме во болница мислејќи дека во секој момент ќе се породам. Ама не. Чекав до другиот ден до 12 часот на ручек за доволно да се отворам за да може бебето да излези. Болките идат и си одат. Но, јас во ниту еден момент, па дури ни кога беше самото раѓање, не пуштив глас и се трудев да изгледам достоинствено. Тоа не е нешто што е страшно болно, колку и да ни е така претставено. Бог не створил со способност да раѓаме, така што тоа е човечко. Сега, се разбира ова е сето доколку бебето е во соодветна положба. Но, како и да е без паника. Се ќе биде во ред.
@NewMommy Мхм, јасно Веќе знам какви болки да очекувам според она што ми го пишувате. А што ако не се породам до терминот? Зошто госпоѓицава моја ниту се спушта долу ниту мислам дека има абер да излегува На 3ти ноември ми е краен термин, но што доколку не се породам до тогаш? Дали тогаш ќе биде царски, со провокации или ќе ме остават уште некој ден...? Благодарам на сите одговори и совети, баш ми значат сега пред пораѓај
Само да дополнам дека јас тие интервали нити ги мерев а нити ги приметив како такви. Многу ми беше збунувачки тоа болки на 5мин па на 4 мин. Кај мене си почнаа менструални болки и си траеа неколку часа интезитетот се зголемуваше. Каконшто викаш кога менуваш положба не се губат. Приметив дека се вистински кога ме тераше да одам во вц а не ми се мокреше ј кога почнаа коските да ме болат и колената и да станува интезивно. А за ова со водењакот би ве советувала да не губите премногу време. Познаничка си се туширала, јадела спремала па и бричела...во ремедика кога стигнала на итен царски завршила. Валда на цтг кога ја ставиле паѓале тонови...се на се едвај се спасиле.
да да во право си комплетно , за водењакот не се чека многу и реално како пука водењак така се зголемува ризик од инфекции и компликации , бебе може во родилен канал да е спуштено , немате ориентација колку сте отворени затоа подобро оди до лекар нека напраат ЦТГ па нека те вратат , него ли да чекаш да се спремаш така со пукнат водењак , пријателка еве сега се породи чекала дома а имала болки водењакот не и пукнал кога отишла на ЦТГ веќе 8 прсти била отворена па таму и го пукнале водењакот ..... нема репер кога ќе пукне и дали ќе пукне дома водењак .... Со првото од пукање водењак до пораѓај чекав 14 саати , ама со второто од пукање водењак до пораѓај помина само час и половина . И ја болки не сум мерела на интервали зашто со индукција скоро да немаше интервал туку константна болка која минимално се намалува и се појачува , така да ќе знаете со сигурност Ви гарантирам кога ќе дојдат вистинските болки тоа неможе да се утне ...... прворотки имаат повеќе време , ама тие со второ со сигурност нема да ви биде како со првото , цел процес е многу по брз и поинтензивен ....
Мене ми пукна водењаков во 8 дури околу 11,30 отидов на лекар, бев отворена 7 прсти, и пак не се породив природно, дури околу 4 ме породија со царски, не се раѓа така брзо, нема потреба од паника, подобро е да се смириш, да се припремиш психички и тогаш да одиш.
До 42 недели може да тераш, терминот ништо не мора да значи Госпоѓицата ќе се сврти кога ќе ѝ дојде време, некои се вртат непосредно пред породувањето. Околу другите прашања, чепот може да ти е паднат и една недела и пак да немаш болки. Болките се како менструални или во кичма, или двете. Мене само кичма ме болеше, немав менструални. Водењак ми пукна негде околу 16h а се породив во 20:35 вечерта. Бев дојдена од ручек директ во болница, ме ставија на цтг, пукна водењак, ниту клизма, ни бутур, се породив. Така што, јади си, пиј си течности и не се преоптоварувај со мисли (знам, лесно е да се каже) ама опушти се, за себе и за бебе Како и да треба да биде, спонтано или со царски, бебе ќе дојде на свет. Се ќе биде во ред, ти посакувам со лесно да поминеш.
Психички не можеш да се спремиш како и да е. Еуфоријата и интезитетот се присутни до крај. Секако точно не треба да се паничи но и да не се сфати лаички она "туширај се, вечерај па оди"
Кај тебе вториот пат ептен брзо било хихи И кај мене прогнозираа нема шанси да биде до 8 сабајле па се породив 5 часа порано од нивните предвидувања а прво дете и реално брзо одеше. Нема правило секоја индивидуално.
Здраво девојки ве молам да ми кажите дали некоја ги има примено инекциве флостеронов за зреење на белите дробови кај бебето јас денес ги ставив па да знам дали треба нешто да очекувам оти читав дека можи да се намалат движејната на бебечето ..