Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Нешто читав по интернетов дека можно е да паѓа тој чепот, но тоа не значи дека може да отпочне и процесот на порашање.... Сепак утре ќе се јавам кај докторкава за да сум на сигурно.
    А инаку joy нека ти е со лесно :*
     
  2. newmami

    newmami Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    23
    joy ајде со лесно нека бидне работата и што поскоро да си се гушкате со бебушот :)
    се радувам за тебе и едвај чекам да ни пишеш :)
     
  3. biljana77eva

    biljana77eva Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Здрaвo нa сите, ме интересирa вaшетo мислење, oднoснo штo би нaпрaвиле вие. Денес дoзнaв декa нoсaм близнaци веќе oсмa неделa a имaм 37 гoдини и веќе имaм син oд 17 гoдини и ќеркa oд 13 гoдини. Мм и ќеркa ми се пресреќни a нa синoт не сме му кaжaле, бидејќи кoгa се шaлевме зa уште еднo бебе бурнo реaгирaше сo збoрoвите декa тие биле гoлеми и нa нaс не ни билo време зa бебе.
     
    На Lori-30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Тоа не треба да го интересира него,одлуката е ваша и треба да се испочитува.Има многу примери каде децата се голема разлика,не е ништо срамно.
    Честитки од мене :)
     
    На biljana77eva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.371
    Допаѓања:
    148.718
    Пол:
    Женски
    јас се наежив штом го прочитав твојот пост.којзнае колку конфузно се чувствуваш во моментот.со лесно да ти е...
    годините нека не те загрижуваат.јас станав мајка по втор пат на 35 години .имав прелесна бременост и уште полесен порогај.керка ми е 8 год.и ми е од голема помош околу бебето и дом.обврски,а твоите поголеми-песна....
    најбитно од се како ти размислуваш во поглед на бременоста ?дали си спремна пак јово на ново со оглед на тоа што минале многу години.одлуката треба да ви биде заедничка со семејството оти децата во пубертет знаат бурно да реагираат-ова сигурно го знаеш подобро од мене :lol: имав другарка чија мајка остана бремена кога бевме втора година средно и не беше баш воодушевена од бременоста на мајка и.
    заеднички разговор и договор би помогнал но сепак финалната одлука би била твоја и насопругот.
    многу срека што и да одлучите!!
     
    На biljana77eva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. biljana77eva

    biljana77eva Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Тoкму oд тoa и се плaшaм кaкo тoј ќе реaгирa. Инaку дoсегa сите oдлуки вo семејствoтo се дoнесувaле зaеднички сo сoглaснoст oд сите четвoрицa. Зaтoa oдлучивме првo сoпругoт дa рaзгoвaрa сo негo нa сaмo.
    Блaгoдaрaм зa сoветoт
     
  7. newmami

    newmami Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    23
    јас кога бев 13 брат ми 16, мајка ми често споменуваше дека сака уште едно бебче. јас бев многу против, како страм ме фаќаше, мислев дека ќе ме зезаат во школо и слично. и велев дека нена са го сакам. сега ми е многу криво што сум била толку дива и на некој начин себична ама грешка што моите не биле упорни во намерата. би било преубаво да имав толку помало сестриче или братче а и моите ќе си имаа занимација и друштво. јас и брат ми веќе сме си на страна, самостојни, независни.
    мој совет е да си одлучите вие сами како родители. децата денес се против, утре за.
     
    На biljana77eva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. biljana77eva

    biljana77eva Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    "Тoкму тaкa и се случи рaбoтaтa".Кoгa децaтa ке излезеa јaс и мм се oсекaме oaмени и си викaвме дa имaме еднo мaлечкo дa ни јa пoпoлни прaзнинaтa.Изгледa сме зaвисни oд децa пa гoспoд не пoчести сo близнaци. Се нaдевaм нa пoзитивнa реaкцијa oд синoт.
     
    На Mari1992, midnight.flower, WORRIED.BT и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^biljana честитки, господ те благославил со нешто прекрасно. Ќе бидеш мајка на 4 прекрасни деца.
    Ќерка ти веќе е среќнаи маж ти. Син ти и да изреагира бурно тоа ќе биде моментално, понатаму во животот со сигурност ќе ти биде мн.благодарен.
     
  10. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Билјана со среќа нека ти е и со лесно. Ме разнежни, близнаци, нема ништо поубаво :clap: Инаку годините нека не те загрижуваат, се е индивидуална работа, бидејки пријателката моја која има 40 години стана мама по прв пат пред една недела :clap: Имаше лесна бременост, а како што сите се плашеа за пораѓајот што ке биде и како, помина одлично.
    Ти посакувам лесна бременост и убав ден :*
     
  11. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Стварно е благослов. Јас секако планирам да имам повеќе деца макар касно почнувам на 33 :( Овде кај што живеам сите имаат по 3 или 4ри деца баш од таа причина што кога ќе бидат повозрасни пак ќе имаат некој и секогаш последните деца се на 10 и повеќе години разлика. Исто го паметам муабетот од баба ми :) таа била последно 7мо дете разлика со најстарата сестра 20год. и на денот кога се мажела татко и и мајка и рекле дека требало да имаат уште барем едно зошто така немало да останат сами.
    Синот за некоја година можеби ќе формира семејство па воопшто нема ни да се замара за близнаците а уствари се е додека да ги види :lol: секако ќе ги сака.. Ти честитам.
     
    На Lori-30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.471
    Допаѓања:
    76.626
    Пол:
    Женски
    Утре одам на прв преглед после двата позитивни теста и многу сум возбудена! Исто како сто се потресов за цртките сега и за ултразвукот ке се потресам, можно е и утре и срцето да чука на животот во мене, затоа што од моја претпоставка сум 6 недели и 6 дена :) Што викате вие, кога се слуша срцето, која недела? :)
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Мариз можно е како не кај мене се слушна 5+6 дена тогаш се сеќавам,докторката ми кажа од 5 недела до 9 дека треба да се слушне дај боже да си го чуеш нема поубаво нешто солзи радосници еден куп ми протекоа радости живи бев :)
     
  14. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Девојки од сабајлево имам како некои грчеви во матката, ме притиска на моменти надолу, дали бебето е свтено назад или надолу и ме клоца или што може да биде?
    Пијам магнезиум еднаш на ден од 200 мг мислам, да не ми е малку? Се мислам дали да си одам дома, на работа сум...
     
  15. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Ако можеш да си одиш дома. Јас забележав дека и од многу седење ме заболува стомак, не ми е пријатно.
     
  16. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    то е некој мускул, и мене ми се случува тоа уште од пред 6 недели секако... магнезиум пијав ама ги прекинав, немаше никаква помош и од нив, од самата тежина на стомакот и се појавуваат тие грчеви.. Јас забележав пред 2/3 дена појака болка во тој предел, кога бев многу заработена и цело време движев, ми се чинеше дека од кујна до дневна 5 минути идев, мислев дека ако направам поголем чекот ќе се отворам од притисокот што ми тежеше..
     
  17. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Фала ви на советите, сега ми е подобро... Може да е од тежината, од седење не верувам зошто работата ми е со седење на компјутер 9 саати во ден... Ама се здрвувам и тоа многу од ова седење... Еве го бебуш се качи горе, над папокот го осеќам како мрда :) :)
     
    На agnes и bebeto93 им се допаѓа ова.
  18. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    женски се чувствувам омалаксано многу, веќе 2 дена по ред..... немам воља за ништо, баш за ништо, како да ми тежи нешто во градиве, како да ме стега.... ми се јади а незнам што да јадам, од спиење неможам да се освестам, неможам ни да лежам, место не ме фаќа, де жешко ми е, па ме болат коските, зглобовите, главата, а не ми се станува оти нема што да правам, неможам да ви опишам на поедноставен начин како се чувствувам..... па од вчера мораше и забите повторно да ме заболат.. од еднава страна ме боли местото назад, најверојатно умникот пробива, веќе 1 месец ли пробива :/ а од другата страна лекот за умртвување на живец ми паднал изгледа и сеа осетливо ми е местото. дури и вода кога пијам ме штрекнува по малку...
    еее сум се изнапишувала, ама морав некаде да раскажам, можеби вака ќе ми олесни..

    ии да надополнам, дури сега почнаа да ми се појавуваат киселини( во сабота 35та недела влегувам), на утро неможам да се поднесам, ми врие желудникот, чувство како да сум прегладнета.. а и уснава празнина железен вкус има........ уф!!!
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ bebeto, многу слично и јас се чувствувам, јас вчера влегов во 34-та недела. Тоа е, мислам дека хормоните и тоа како си го прават своето :D Дури вчера мислев дека воздух немам, дека ме гуши некој тесен простор :tmi: Ќе помине :D

    Јади повеќе зеленчук и овошје, внесувај течности за малаксаноста. Наоѓај си повремено занимација, шетај по малку од време на време, прави нешто што те релаксира......Тргни ги тие мисли, немој постојано да се оптеретуваш „ова ми е, она ми е, зошто ме боли овде итн итн....“, мисли позитивно и прави нешто позитивно, и ќе видиш како ништо од ова нема да го осеќаш :) (функционира, пробано од лично искуство ;) ) И мене дури сега почнаа киселини да ме напаѓаат, до сега немав проблем, се обидувам некако да се справам со нив, а кога веќе станува неподносливо, земам Рупурут :?: Мене лично ми помагаат, докторката ми рече дека се безбедни за трудници :^)
     
  20. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    мачно ми било и претходно ама не сум се чувствувала вака и си ставив на памет дека тоа е нешто што треба да го занемарам. ама овие 2 дена мозоков е виновен, посилно е од мене.. инаку сум се справувала јас со вакви ситуации ама ете...
    за киселините забележав дека мене ми се појавија од месени домашни работи, можеби дека не сум искусна многу и не сум го средила тестото добро, што знам.. а за справување со киселините вчера јогурт пијав по една чаша кога ќе почувствував и ми се средуваше... а денеска сум ептен без воља и не ми се станува да земам јогурт... е сеа се надевам дека сваќате до каде сум стигнала, да трпам киселини а кујната ми е во другата соба и немам воља да станам.... да напоменам, дека не е мрза, не ме има фатено мрза, туку незнам што е :/