Се прави од 24-28 недела. Можеш и во биотек и може преку фондот само ќе земеш упат од општиот матичен, од матичен гинеколог неможе ама и приватно не беше скапо. Ако се одлучиш за биотек прават само во лабораторијата во кисела вода и треба да се јавиш и да закажеш.
Пишав пред некое време ама не добив одговор на доктор сум за 1 недела па ве молам за некоја информација и совет.... Мешето ми е покриено со боди со труднички хеланки блуза и дуксерка плус... е сега само на едно место константно е ладно а тоа е како круг кај папукот ... дали некоја имала слично искуство дали е нешто нормално или сепак не?
Мене ми е секогаш ладно колку и да сум облечена секогаш е поладничко од телото. Може од што штрчи напред Нема простор за паника чим е се во ред
Фала женска .... за 1 недела сум на гинеколог здравје боже се да помини како што треба па и ќе го прашам зошто е тоа така
Готово луѓе. Среќата е до мене можам да си ја гушнам и да си ја бацам. Се породив во вторникот, со многу маки ама за тоа во породилни приказни. Ќерката на мама е малечка како шо кажаја 2.4 ама ќе се напрајме битно е дека сме заедно здрави и прави.
Луѓе некој да знае германски и да ми каже дали е добар овај лек, ми го даде братучеда од маж ми пошо таа не стигнала да се породи природно, ми рече се става на улошка долу после пораѓај.
Дечки кажувајте лек за бубуљици,лицево ми е решето имам доста производи за нега ама сите се забранети во бременост и веќе незнам што да ставам многу ми е влошено лицево
И чист алкохол 70%, алкохолни влажни марамици и плус гел за дезинфекција со алкохол. Освен што ми се пресушени рацете, друго не знам дали штети, ама користам секојдневно на работа
Катастрофа сум, притисокот во минус ми влегува Цела недела вака, макс 80 со 60, главата ми паѓа.. Пиј кока кола, кафе, ајран и на крај само ми се лоши.. Денес брисеви Ич неможам да ги поднесам, гнасно чувство, а и прегруб со тоа железото ме извади од памет. Почнав да се замечувам Мешето машала топка напред напрчено, ми се чинеше рано е, па гледам слики од вас дека сите сме тука некаде. Страв ми е од коронава, ни кажаа дека ќе работиме од дома на 1 недела ќе се менуваме, ама на никој не му текна да речат јас пошо трудна да останам дома.. Лудила... Секој ден објаснувај се со полудени што си зацртале дека вирусот не постои пак тргаат маски уште невлезени...
користам сода на неколку дена ама џабе не ми помага и некој гел на база на алое вера ама ништо подобрување
Мамички пред пораѓај сум 39 та недела па се мислам дали би можела да се породам природно тесна ми е карлицата а и вагинава ја осеќам тесна, се плашам превише да не крварам и да не испукам внатрешно па да не можам да се опоравам да ми се развреќи. Ќе ве молам за искуства. Дали да барам царски?
Некој ти има кажано дека карлицата ти е тесна? Вагината е за тоа створена, еластицитетот си го има. Ако мислиш дека со царски ќе поминеш полесно, од искуство ќе те демантирам веднаш.