Девојки да прашам можеби е глупаво али сакам да си прашам Јас сум со миссед-некој знае некој не е сега со терапија аспирин и дупастон сум -прогестерон е сега сакам да знам дали ова терапија ме штити од миссед чувај боже или сепак само мал процент?Иначе од почеток сум со оваа терапија
Женски од која недела се врти бебето со главата надолу? Сега на преглед ми кажаа дека е пак карлично поставено ,ако си остане и ова вака пак ќе морам царски
Карлицата не се проценува дали е тесна од око, ниту вагината можеш да ја чувствуваш ко тесна. Нема начин да го процениш ти тоа сама. На царски се оди само ако има причина, секако дека природно е подобро.
Ужасно е што мислиш дека жени кои родиле природно имаат вагини вреќи. Жално и смешно. Ти слободно барај царски ама немој да мислиш дека полесно ке поминеш. 15 месеци поминаа а мене уште ме боли грб од спинална и резот при промена на време или ако работам подолго. А ова е само мал дел од ризиците.
Јас не мислам ништо, затоа и прашав, кај има тема за вагината после породувањето, мислам видов негде тука.
Не се плаши за вагината, таа се шири и после се враќа се на место со тек на време, бар така ми имаат кажувано.
Тинктура за рани.Се користи при резови, повреди рани ,гребаници,лесни изгореници ,убоди од инсекти, изгореници од сонце и уште еден куп работиХомеопатски лек. Не знам дали се користи по пораѓај на раната.Исто и она можела да си става на раната од стомакот и тоа е рана Јас ништо не ставав па не знам искуство со лекотПрашај си доктор
Не ја плаши, два царски ко царица минав. За првото ми беше кажано дека имам тесна карлица и тоа од двајца различни гинеколози. Ваљда мерат некако . Убаво е природно, ама ако не бива не е страшен царскиот. Ете , јас лично го бирам пред природно и иако сум оперирана првиот пат итно без плодова, вториот исто итно у болница ме задржаа. @Majka987 со лесно нека ти е срц, како и да одбереш има предности и маани. Природно одма си на нога, цезареа сечат матка , операција е, може да имаш проблем цел живот со кичма од спинал, болно е од почеток, а можеш и лесно ко мене да минеш ... Знам мн жени кои се подмочуваат цел живот од природно, хемороиди фаќаат, лошо се сошиени и прешивани, распукани мн и сл и не е ни тоа баш лесно, ама 90% се одлични и не им останува меше потоа ... Кај некои останува меше од цезареа за навек. Ја имам моментално и ќе мора да вежбам подоцна да го средам. Размисли двапати. П.с. не мислите дека солите памет премногу кажувајќи некому што да прави? Ок е совет, побара жената, ама не треба за врат да ја фатите. Нејзина е одлуката и ве молам освен некоја што минала и царски и природно ( мислам @mariz и мислам преферира природно, @Starlič ти драга?? ) да не споредувате. Најсоодветни се овие жени од искуство.
Каде ќе се пораѓаш? Не се секирај следат докторите гледаат на ехо обем на главче и знаат да проценат па по потреба мерат карлица. Кај мене конкретнл да надминевме термин ќе одев царски дека многу крупно ќе беше. Иначе да ме видиш слабичка мислиш ќе се скршев на бокс а многу лесно поминав на пораѓај нема правилп Е сеа за болење боли доле. Реално царски или природно затоанги дале оние 40 дена опоравак да си дојдеш на себе. Си бара време нема полесен пораѓај
Зависи од бебе до бебе тоа, моево од 26 е со главче надолу и така остана, но има многу што се карлично и во последен момент си се вртат главично за природно.. Обично 36 недела веќе треба да е свртено, која недела си ти? Има и вежби на јутјуб како да се сврти. Секој со различно искуство. Не слушај никој. И со царски има што поминале прелесно и природно има што поминале многу тешко. Индивидуално е се. Ќе боли посекако дали природно или царски, некаква болка ќе има ама ќе помине
25 недела сум, цело време одкако почна да мрда ме клоца долу и така стои , знам кај му се нозете кај му се рацете каде е главчето. Истото беше и со првото на секој преглед иста положба и остана така до крај .Како да ги побарам видеата на јутјуб? Ти благодарам на одговорот
Мене многу ми е страв дали за породување, (имам време уште, здравје) ќе стигнам на време во Скопје. Одалеченост од мојот град е околу саат време. Имаме родилиште во соседен град ама не сакам таму да се породам. Од искуство да ми кажете се знае ли неколку дена унапред кога ќе биде, има ли шанси да почнат болки и да немам избор да морам било каде да се породам Фактот дека во нашиот град нема ни салам болница, ни родилиште ми ствара многу анксиозност, како ли ќе биде....
За саат време ќе стигнеш не се секирај. Па во најголеми гужви и низ скопје малтене 1ч ќе заглавиш за до болница да стигнеш.
Па и тоа плус, ако те фати гужва и во градот дополнително.... знам дека породувањето не е туку така, ама па и не се знае како ќе се одвиваат работите. Фала
Мешиња дали некоја од вас земала утрогестан само една доза и престанала да ги зема? И се пожалив на матичната на болки во јајник (од страната каде што имам сактосалпинкс) и ми рече не ти е рече не ти е сактосалпинксот и ми препиша утрогестан од 200 само навечер. Ја прашав колку време треба да ги земам, ми рече до кај 20та недела (сега сум 12+3) или најмалку една доза 4 недели. Е сега се двоумам дали да ги земам воопшто или не. Јас имав болки, да, ама само вчера, не ми се постојани за да бидам покриена со терапија. Од друга стрна прогестерон е, не може штета да има.
Штета не може да имаш од нив, плус со препорака од доктор. Јас примав од почеток до сега 15+2 само навечер. Во една кутија има 15 вагиналети, што ќе ти траат 2 недели, што значи тоа е 1 доза, а за 4 недели ти требаат 2 кутии. Секако тоа не е 1 доза.
Така ми рече. Во една кутија има за 4 недели. И ми рече да ги земам орално, само навечер, бидејќи вагинално можеле да ми предизвикаат кандида.
Јас на почетокот до 16та недела ставав по 2 насабајле и две навечер, трудна сум со две, инвитро. После тоа Лазаревски ми ги прекина, па од 24та недела Др. Гордана Петровска ми кажа пак да ставам по едно навечер. Сеа сум 31ва и уште ставам. Од почеток ги ставам вагинално и досега сум немала појава на кандида или било какво чешање, исцедок и слично.