Не знам, јас немам сретнато други утрогестан со повеќе вагиналети, и во претходната бременост и во оваа едни исти ми даваат во аптека. Прашај си во аптека или некоја друга членка може има друго искуство. Мене и докторката кога ми даваше рецепта за 1 месец пишува на неа 2 дози од утрогестанот. Ме збуни и мене сега твојата докторка
Јас зимав една терапија утрогестан. Но имав мало крварење, ставав вагинално навечер само, одкако ми заврши терапијата бев на контрола и не ми ја продолжи. Инаку јас сум 19та гн.и веќе три дена имам болки во долниот дел од стомакот, не се мн јаки но се така константни, претпоставувам дека најверојатно е од истегнување на лигаменти и растење на матката.
Јас ставав од 22 до 36 недела превентивно по 1 навечер. Цервикс ми беше 3цм во 22 недела, и за тоа поделени беа мислењата, докторката што ме води ми рече ставај си превентивно, а матичниот ми рече немаш потреба, ама си ја слушав докторката. Штета нема од нив. @Tina-fina рано ти е, после 35 недела ако не се сврти тогаш барај вежби. Ама ќе се сврти сигурно имаш време @mila89 не се секирај, пола членки од тука што не се од Скопје и патувале со болки до Скопје за да се породат, стигнале Познаничка од Охрид до Скопје со болки има дојдено, а колку е долг и крш патот од таму. Ќе стигнеш, ич без гајле
Фала ви многу мешковци. Ќе прашам и во аптека. Го препрашав сопругот, пошто и тој беше внатре на преглед со мене, така ми рече сигурно, внатре има за 4 недели. Можеби таа згреши нешто, не знам. Истите се тие утрогестан и за орална и за вагинална употреба или има таблети и вагиналети?
Јас со минатата бременост ми беа препишани од сам почеток-мислам заради тоа што беше ниско поставено.... ми рече само на вечер да ставам и јас еден ден стави еден не е после ми се искомплицира и ми зголеми на две во ден за на крај да стасам до три и да изгубам бебе..... Моја препорака ти е чим ти кажала да ги клаваш еднаш ден да си ги клаваш немаш никаква штета само придобивка ова погоре не ти го кажав за да те исплашам туку како завршив јас со тоа што не ги ставав- не значи дека на секого можи да му се случи сега сум на таква терапија тука два пати на ден и си ги земам редовно претежно ги даваат до 20 недела само ако има потреба од зголемување на доза ќе ти кажи или ако има потреба и после 20 недела да ги примаш
Едни исти се можат да се пијат и орално и да се ставаат вагинално, само во различни дози, едни има од 100мг, другите се од 200. Јас тие од 200 ги земав, 2 пакетчиња месечно трошев, значи внатре имаше како за 2 недели апчиња.
Јас ги користам од почеток на бременоста ставав по 3x1 до 18 недела потоа ми ги намалија 2x1 и сеуште ги ставам а сум 30+недела и ми рекоа до крај да користам.
Истите се мила и јас ги користам од почеток и тоа 2по 2 наутро и навечер. Немаш никакви њус појави. Е само да знаеш се на приватно и то 440 ден мислам дека се, а внатре има само 15. Ама мора да ги примаме како терапија. Како ќе кажат така. Се е за наше добро.
Девојки да ве прашам кога ќе почни да расти меше каде е најдобро да се мери? јас имав шубе дека не ми расти и си го мерам кај паукот за да знам каде точно да поставам секој ден за ориентација ми беше најдобро или сепак на друго место е подобро?
Има денови кога бебињата се доста активни, има денови кога слабо се активни и тој период на слаба активност( читај мора да има некоја активност,мора да мрдне во текот на денот) се сметало дека се во интензивен раст.
Не треба никаде да го мериш. Мерките на бебето ги мери доктор, не значи апсолутно ништо тоа како изгледа стомакот надворешно. Жени во иста недела, со бебиња кои тежат скрос исто, можат да изгледаат многу различно, а двете да имаат здрави бремености. И една иста жена во повеќе бремености може да изгледа различно. Не знам зошто би се оптеретувала со мерење кога не е показател на ништо
Леле не се замарај со тоа. Големината на стомакот нема врска со развојот на бебето. Не се оптеретувај со мерење. Јас со првото дури 5ти месец почнав да имам стомаче.
Мајки..знам дека во бременост се покачуваат леукоцитите,ама до некаде,а кај мене се 24 дури.имав терапија од 8дена од амоксицилин,нема намалување.Матичната ми вели да пробам со Сумамед.па што знам. Инаку бебче е супер,јас се чувствувам одлично.Некоја искуство со вака високи леукоцити дали има?
Јас имав многу покачени, бев здрава и ни мене, ниту на некој лекар му падна на памет да дава антибиотици за нешто што е нормално во бременост.
Немој да се оптеретуваш со такви работи, те молам. Секој труднички стомак не изгледа исто. Исто зависи од бројот на бремености. Нема правила голем стомак, големо бебе и обратно. Се е индивидуално. Па дури и една жена со две бремености има различен и облик и големина на стомакот и различно може да се развива бебе (мислам на килажа). Еве јас втора бременост стомакот многу покасно почна да ми се познава вторава бременост( после 6 месец излезе стомакот) , додека за првата бременост одма рипна на 4 месец. Значи нема правила.
Ви благодарам на сите на советите.... абе јас сама дома досадно ни работа ни сабота хормони лудуваат паники си кревам за без врска хахахха