Црп ти е океј, седиментацијата исто како и леукоцитите е покачена во бременост, така што не ти е многу висока. Не можам да го сфатам земањето на антибиотик за да се намалат леукоцитите. И сумамедот ако не ги намалат, други ќе ти даде? Искрено, ич не сакам беспотребно клукање со антибиотик, оти баш ради тоа се развиваат резистентни соеви на бактерии. Ако има потреба, секако дека да, ама ако немаш проблем, јас не мислам дека треба да земаш. Сепак, побарај си второ мислење.
Леле како јас да се читам прво зошто меше не расти, после зошто бебе малку клоца. Уживајте во бременоста девојки, не се грижете за вакви банални работи. 9ти месец сум и секој ден слушам коментари за мешето дека ми било мало. Бебе си напредува тоа е најважно. За мрдањето исто. Сега последниве неколку дена ептен ми е бебе заспано, одвај го осеќам, ама бев на цтг завчера и беше во ред се. И претходно не беше нешто преактивно бебе. Знам околу 28 недела беше кога ептен се уплашив 3-4 дена не го имав осетено ич, бев на ехо во ред си беше. Ми помина бременоста во стресови, без потреба. Затоа, уживајте, одете редовно на прегледи и не читајте свашта по интернетов да се вадите од памет.
е за интернетов си во право кажува уствари како би требало една трудница да биди да го осеќа бебето и сл а сите сме различни ама психа хахаха
Мајки индиски ореви и бадеми можам цел ден да јадам.Помини,замини ќе земам по 2-3 од маса Дозволени се во бременост?
Психа и вишок слободно време На интернетов се е претставено по шаблон, но факт е дека секоја мајка, секое бебе, секој развој на фетус е индивидуален. Во медицината 2+2 не се секогаш 4.
Не треба да се мери колку ви расте мешето, докторот мери и должина и тежна на бебето, плодова вода....од никакво значење не е колку ви расте стомахот, секоја бременост е посебна сама за себе, а и нема никакви параметри колку треба да порасне стомахот во одреден месец
Јас слики си правам и се споредувам само на секои 2 3 дена... Едни исти панталони ги облекувам секој 3 ден исто да видам колку ме стегаат и до каде е процесот на растење на мешето Па вчера кога ме виде една другарка (одејќи накај матичната, не на кафе или да се дружам, пошто од дома не излевам освен да си го прошетам кучето и тоа во природа, каде што нема луѓе) ми вика па немаш ти ич меше, а мене каде каде потешко ме закопчуваат јакните од лани и блуските пукаат на мене Па и викам како ма немам, и кревам блуза така суптилно на боди, ај сега види Јас се осеќам како подуена толумба искрено Ама нормално е, си викам, за една недела ќе ме мерат, страв ме фаќа од многу тестенини што јадев цело прво тромесечие пошто од се друго ми се лошеше... Сега во второ е подобро, можам од се да си јадам и апетитот не ми е толку зголемен, ама затоа па спиењето ми е сега проблем. Иначе следен пат кога ќе имаш смешни паники, пошто реално тоа се ова нашиве пиши ми, ќе си се смееме. Како со @thelittle17 што се смееме дека сакаме од Алиекспрес ехо машинче да си нарачаме за да си го гледаме секој ден бебко дека е добро.
Ќе си земеме, јас додека не почнало да ме боли нешто, супер сум, мирна сум, а почне нешто да ме боли, одма ме фаќа паника, и сакам на дежурен да одам, хахаха. Која будала сум понекогаш, страшна работа.
Ставете ме и мене во списокот за ехо машинче. Јас одам на три места од што сакам да го видам бебче,кај матичната,кај една друга што не ми е матична и Ремедика...блесава работа ејјј....
Оххх маки наши искрено јас си зедов конец ајде да не одам со метро или слични работи и си облежувам мислам ако меше ми расти и бебе расти па од претходната недела до сега и пораснато е и баш се израдував само тука дека пишаја дека нема врска мешето со бебето и сега пак ми е шубе ахх ова среда колку ми се гледа далеку со душа чекам да дојди да го видам бебушко сакам се да е во ред и само паничам само нешто гледам читам абе траги комедија сум.... а за ова машинче и јас сум за да го порачам ама уште ова да го видат дома и има да ме фрлат од тераса кај јас се замарам па и нив ги замарам...... хахахахахах
Најискрено да ти кажам се измачуваш.. Јас те разбирам дека си имала трауматично искуство ама стварно претеруваш, се напнуваш премногу секој ден нова мака пишуваш, што реално не е никаква мака. Опушти се, престани со дијагнози, во бременост нормално е да те наболува некое мускулче, нормален е помал или поголем стомак, секој има различна конструкција и различна мускулатура, кај некој веднаш се познава, некои во 7ми месец почнуваат да се познаваат. Смири се и поразговарај со сопругот, нека ти биде поддршка во овие месеци. Траумата во минатото стави ја зад тебе, убеди се дека ќе имаш здраво дете, добрата мисла нека те води низ бременоста. На сите ни е тешко верувај, ама овај период мора да се помине. Тек да знаеш трето тромесечие какви малтретирања доаѓаа, офкања цел ден
Здраво жени, не знам дали прашањево го адресирам на право место - јас сум во 7 недела, прв пат бремена, и многу прашања ми доаѓаат у глава . Дали користите специјални креми за превенција од остарување/стрии/... за стомакот, нозете, градите?
Знам разбирам и јас сама некогаш викам престани аман ама..... ќе пробам да се смирам и да уживам фала ти