Како си помагате во ситуации со низок притисок,се пробав неможам глава да кренам. Проблем ли е низок притисок за бебето,немав ваков проблем со првата бременост,во вторава секој втор ден не функционирам. Долнитот притисок може да ми се спушти и до под 50. Совет?
Знам дека во некоја од темите се пишеше, ама пред месец и нешто беше а многу страни се да листам, дека некој нешто користел против чешање? Станувам навечер може по 15тина минути да се чешам и цела се гребам од нервоза а сега почна и преку ден да ме чеша се секаде, и ништо не ми е згодно да облечам освен пижами широки. Зборував со една пријателка во аптека што работи, ми рече испитај крвна слика, ама крвната слика ми е супер а чешањето е се полошо од ден за ден. Сега таа ми препорачува б6 витамини...
Јас моментално користам хидратантно млеко бекутан, многу убаво ми мириса и цела се мачкам од глава до пети инаку имам мрсна кожа, планирам да го земам и маслото на еуцерин за стрии и да ги комбинирам едното сабајле другото навечер.. сега за сега немам ништо ама и рано е, 18 недели сум и мешето тек сега почна да расте
И јас имав страшно чешање посебно на стомахот, градите и пределот околу вратот и рамењата, и си мислев ми е од гелот за туширање, па еве 7/8 дена почнав да користам друг и малку помалку ме чешат стомахот и градите. Ајде ќе чекам и јас мислења со што да се мачкам.
На стомак ,гради ,половина и бутови можеш со кремата за стрии да се мачкаш.Останатото тело со лосион за тело за сува кожа.Сега е ладно и кожата дополнително ни се суши.Кога се бањаш , бањај се со не многу жешка и не многу ладна вода и сапун избегунувај тој исто многу ја суши кожата. Јас така се негувам и кожата ретко ме чеша. Штом ме зачеша стомакот знам дека сум заборавила крем да се намачам, штом се намачкам ми се смирува чешањето.
Јас со бепантен крема и маст од невен се мачкав и мислам дека тоа многу ме спаси. Не можев навечер да спијам, ме чешаше ептен дури и модра ми беше кожата на градите и стомакот. Ова во 13 недела скоро цела недела траеше и после тие креми не ми се повтори. Се миев со ладна вода и тоа ми помагаше.
Жени мене паника ме фаќа, од минатата ноќ имав контракции за прв пат како благи болки, а денес па грчеви ме убија како нагон дека сум јадела расипана храна 33+5 сум што ми е!??
Контракции лажни? Нема зошто да те фаќа паника за лажни, нормални се. А нагон за повраќање имаш, не те разбрав? Мери притисок ако ти се лоши. Други симптоми? Дијареа, стомак да те боли?
И јас поминав два царски, на памет не зборувам. Трет ме чека, затоа што немам избор. Камо среќа да имав, уште еднаш тоа да не го проаѓам.
Да ама не е крај света,немаше да одиш на три да е толку лошо нели? Сепак има мајки кои мора едноставно цезареа да тераат и не е кул муабетот. И еве мене не ми е кратка хорор приказна. Двата ми беа убава меморија и не би природно никад. Јас сум од тој тип луѓе што за мене е боље царски, ако за тебе е природно. И двете страни се ок. Не велам дека е боље, кажувам мене лично ич не ме интересира дали и како е природно. И знам итно кога ме задржаа дека ќе умрев од страв од непознато од што читав тука се и сешто и дозволив да ми влијае... Не е ок.
Не е океј ич. Не е океј што од сите што пишале, мене баш ми се закачи со муабетов. Нема да пишам што пројдов, и зошто царските не ми се најубавата меморија на светот. Тие месец дена малтретирање не се мерат со цел живот, затоа има и трет. Ниту пак ќе шиканирам некого, затоа што кажал дека едниот или другиот начин го преферира од искуство. П. С. Појезиво за некој што не прошол ни природно ни царски е муабетиве да ни ги чита, отколку пороѓајот.
И нагон за повраќање имам и стомак ме кине леле ќе умрам Што значи ова, се што пиша ми се случува од нигде никаде
Не се однесува само на тебе.Ти ја имаше прва тагирано мајката, а после тебе што сеуште не се изначитав. Мразам кога некој го осудуваат. Цел свет прави како сака за што сака, само ние у секоја област солиме памет. Секакви приказни има и природно. Се надевам дека веќе ќе престанат некои членки да кажуваат што е поарно, оти се минува и се се заборава. Самото дело кај тебе тоа го покажува. Со лесно нека ти е @IJAE смири се прво . И да имаш контракции можно е да се лажни. И нормално е. Паниката го прави своето. Што чувствуваш моментално? П.с. за грчеви пиј магнезиум.
Како може да судам за нешто што сама сум го поминала? Баш затоа, поставив издржани прашања и констатации. Ако тоа ја отвори портата за се' и сешто, тоа е проблем на целиот наш менталитет. Нејсе, најважно од се' е сите безбедно да донесеме деца на овој свет. Начинот е финеса која ја решаваат доктори, и најважно од се' е дека секое тело различно заздравува. Фала ти на убавите желби.
Не, не може од газирано да се тресеш од болка и да ти се повраќа. Не паничи, може имаш фатено некој стомачен вирус, ништо страшно. Прво измери притисок, имаш апарат? Ако се осеќаш ептен лошо, оди на лекар
Тогаш не се лути. Дека си минала потешко баш ми е жал, но јас поддржувам мајки кои сакаат директ царски да идат. Ризик е да. И треба убаво да се распрашаат. И да знаат предности и недостатоци. Но јас и ти немаме искуство природно, ама мене у мојата професија што се' ми дошло и сум видела и од природно значи нека не те лажат дека се цвета. Боље е можда за некои,за некои не. Битно да е со помин. А тебе ти посакувам третиов пород да ти мине лесно како мене и двата.
Во право си стомачен вирус ќе да е, течна столица имам седам во тоалет веќе подолго време и сега ми дојде нагон , дрхтам цела. Што да се напијам!?? Како да ми помине ова чудо. Апарат за притисок немам