Убаво кажа лејди, и царски и природно си имаат свои недостатоци и предности. Малце сме трагедија што немаме на државно епидурал за природно пораѓање ама тоа е. Јас лично сум секогаш за природно ако може. Царски е голема операција и не сум за царски по желба. Ама за да не ти дозволат царски ако нема причина, треба да ти обезбедат епидурал. Една студија читав дека грлото на матката почнува да се стеснува, веќе еволутивно се случува промена од што премногу одат на царски по желба, каналот не се користи и атрофира. Да не се доведеме еден ден и да сакаме природно, да не е можно повеќе.
Не се секирај ќе помине. Утре купи пробиотик од аптека. Ако ти се лоши, поврати ќе ти е полесно. Не јади ништо, или ако огладнеш варен компир или ориз свари си само со сол со ништо друго, јаболче ако имаш, банана, друго ништо не јади да ти се смири стомакот.
Изгледа расипана пи изгледа расипана пица јадев вечерва, а сама сум никој немам дома. Повраќам и пролив ме уби пред малце извинете на изразов ама се тресам и сега се истуширав чај пијам да се смирам. Добра бев до пред 3 саати наеднаш ова бидна, можно ли да е стомачен вирус? Температура немам, не е валда корона
Фала Mantub подобро сум сега во право си се што пиша тоа ме снајде. Јас се испоплашив да не е нешто до бебето. Утре одам сабајле во аптека и на режим ќе се ставам
Можно е да е стомачен вирус, и од тоа се крева температура, ама утре оди или јави се преку телефон на доктор. Гледај да не дехидрираш, ако ти е подобро од чај пиј чајчиња. А од што се тресеш, треска имаш, викаш температура немаш или од самото повраќање се потресе? Загледана сум еден филм, пиши како ќе си, ќе те читам, не легнувам
Линекс или медицински јаглен немаш? Јагленот мислам е дозволен во бременост тој е за труења и такви работи...
Не плаши се, добро е и повраќањето и проливот се начин да се исфрли од организмот тоа што е расипано, само пази да не дехидрираш, пиј чајчиња, вода пиј ама голтка по голтка, не наеднаш, бистар сок од јаболко оној што е сто процентен, слободно таков земи си, тоа е најважно да останеш хидрирана.
Немам ништо освен витамините што ги пијам и бруфен. Ако пак ми дојде лошо ќе одам до дежурна аптека фала ти на совет, се испотресов пуста јас
Пијам сега и чај и вода, а се тресев од што незнаев што ми се случува паника ме фати дека и сама плус. Сега смирена сум се истиширав со топла вода пак се миев лице заби.., кога ми дојде наеднаш од сегде извирав гадотии уфф ова ми е памет за друг пат од утре ќе си готвам, денес нарачав пица од доминос ама не беше добра ја осетив дур јадев дека не е како секогаш
Фала ви премногу девојки среќа што сум член на форумов и ве имам вас за добро за лошо, инаку ќе будев некој од моиве
Ако мислиш дека е труење со храна, оди на лекар, ете ако не сега, сабајле оди. Обично и труењето со храна поминува лесно, ама сепак не е лошо и доктор да те види, да не имаш закачено некоја бактерија од пицата па да ти даде и терапија ако треба. Ама не се секирај, ете подобра си сега, во паниката повеќе ќе се исплашиш, а најчесто не е ништо страшно. Со помин
Штити и то убо штити без гајле да бидиш јас сум со миседи а сега сим влездна во 29 недела и сеу0ште земам дабростон и аспирин и се боцкам прогестерон..не се секирај зашѕитена си а дсли се боцкаш клексани?
Девојки прв пат во животов на брис ми покажа кандида. Немам апсолутно никаков симптом, освен понекогаш погуст исцедок без мирис. Знам дека не е страшно, но ме интересира дали може кандидадата нешто да искомплицира во бременост? Докторката ми рече да ставам вагиналети Гино дактарин. Дали доколку ги ставам може да влијае на анализата за мокрача? Во понеделник треба да правам крвна слика, па да си знам дали да ги почнам веднаш или да причекам до понеделник.
Истото и мене ми се случи од нигде почнаа болки, грчеви, гадење, нагони за повраќање и на крај заврши со дијареа. Среќа се смири и не дежурав цела вечер. Денес лесна храна да не го доиритирам стомакот.
Исто и јас немам никакви симптоми а на брис имам кандида, докторката ми даде микотрит 3 и рече дека нема ништо страшно и дека тоа не влијае на бременоста. Мене ми рече дека може и од тоа што ставам утрогестан вагинално да се појави кандида.
Ако можеш од аптека земи си електролити па за да го надокнадиш што си изгубила, со првата бременост имав труење негде околу 33 недела електролити чај вода и инфизија една ми дадоа многу лошо беше.... имај лесна храна како и секогаш проверена... најубаво домашно не мора зготвено можеш сендвиче...
Не не тука само дупастон аспирин фолна ц витамин и магнезиум ми дадоа ништо друго ... ама читав за дупастонов голем процент на жени го земаат оти тука нема добростон и утрогестан а како замена се овие ги употребувале во сад англија итн.... само докторов е мн добар и знаење има ептен иначе кај овдешен не би одела амма англија има студирано и затоа го одбрав него
Девојки да Ве прашам, 3 4 дена икам и тоа често, пијам вода и гледам да земам воздух, па после да издишам... Дали ви се случило да икате во текот на бременоста.?Јас еве пример икам и престанам, после некое време пак... Фала девојки поздрав