Нема изгледа, јас не сум го ни спомнала како момент на лекар, само ми е смешно, дека претходно не сум икала.
Кашлица не многу но се закашлувам овие 2 дена омалаксана и тем до 37.3 до 37.5 . Матичната ми рече одмарај не е тоа температура не треба ништо само парацетамол. Да не е корона само тоа мислам и да не му штети кашлицата и омалаксаноста на бебе.
Мешиња што користите за киселини? Многу мака имам посебно наутро. Овие ги грицкам, сода со лимон. Ми е страв да не штети нешто на плодот? Инаку одма ми поминува од нив :/
Тука и јас не сум ги видела, во Косово ги земав. Италијански се и се баш како кисели бомбончиња. Едно чудо колку ми помагаат. Знам, сода без алуминиум не штети но пак се замислив. Инаку Се раствораат во вода и така се пијат. Многу помагаат за киселини Delicious and Refreshing Fizzy Lemon Drink. For Upset Stomach, Acid Indigestion, and Heartburn.
Девојки сега прочитав на интернет, икањето во бременоста значело дека бебето ќе се роди со коса... Можеби е така, некое истражување во Балтимор.
Првото тромесечие само кола кола и јако нес кафе. Умирав мислам,толку лошо се осеќав ради нискиот притисок. Имаше денови кога ни кафе ни сок ми помагаа, ама среќа ретки беа. Сега ми е 100/70 и го навикнав вака,топ ми е Абе жени,сите ист пат го одиме, нели милијарда пати е кажано да не се осудуваме една со друга? Нели стотици статии по фб читате и вие за истото, природно/царски, зошто уште воопшто и се раскажува за кое е подобро/полошо? Као да мора да се докажуваме и ние што добро сме поминале,ама и да објасниме дека нешто не било во ред па затоа не однеле на царски.. Значи сеуште сме ние што сме поминале ова и не чека и втор пораѓај исто со царски, некако под осуда .. Јас поминав лесно со првото,се надевам и со второто ќе сум така. Никаква мака ни потешкотија сум немала. Тоа што името му е “царски” нели не значи дека баш ко царица си во тие пола саат + - , ама а се спомне некаде овој вид на пораѓај,одма контра аргументи и контра реплики, дека природно е најдобро,мора да е избор број еден и слично.. Како да отишла на одмарање,да си полеже мајката, а не бебе да извадат од неа. Олабавете малку со овие муабети,оти на некој му влијаат на психа ако на вас баш не. Наметнато чувство да се осеќаш малку подоле од таа што е природно,исто ко со доењето и ад млекото...
40 недела од денес. Измешани чувства, мисли. Го користам времето максимално за да се релаксирам да правам што ми сака душава, и да - се ми е спремно. Алиштенцата се перени и пеглани, креветче го чека наместено, коритцето чека да го наполниме со вода.. Едвај чекам да ги видам тие мали стапалца како шлапкаат во него и си поплакувам кога мислам на тоа. Едвај чекам да му пеам, да го смирувам, да си играм со него. Да бидам и јас повторно дете со него. Кога се раѓа бебето се раѓа и мајката, една нова улога во мојов живот. Господе помогни ми да е се во ред докрај. Синко со нетрпение те чекаме да ни дојдеш и радост да ни донесеш. Уште сега знам дека ќе бидеш цел мој свет и за тебе ќе дишам.
Немој бе вака ме расплачи, а и ова хормоните доста ми се покачени денес. Ајде ти посакувам лесен пораѓај
Мое искуство да споделам. Чешњето ама на цело тело, посебно раце и нозе започна поинтензивно некаде 25 недела. Со будење навечер, со правење модрици, со туширање со ладна вода...матичниот ми рече ништо не ти е, бремена си Една ноќ се зачитав дијагнози по интернет....и што да ти кажам, жолчка, откажување на дроб, мртвороденче...збесна. одма направив во синлаб испитување на Билирубинот кои беа во граница. Се консултирав и со други два гениколози, ми го рекоа истото, не е ништо. Чешањето ме мрдна. На крај отидов и на интернист кој ми направи целосна крвна слика и покажа покачени алт и аст (од самата бременост)направивме целосно ехо на абдомен, се беше уредно. Еве 33+4сум, чешањето е тука, некогаш по јако некогаш е посмирено. Дали е на психа или од тотален хормонален дисбаланс не знам. Ставам ладни облоги, борова вода, пробав и сода и јаболков оцет, ракија.... Ми помагаат спречила против чешање на еурицин и биодерма ама реално се скапи па ставам кога ептен е неиздржливо. Досега ладен туш најмногу ми олеснува.
Мешиња Тие штo вoдите паталoшка вo систина, кoга ви дojде ред за кoнзилеарнo мислење дали нештo се дoплаќа oсвен прегледoт?
@firequeenn Зрачи со љубов постов! Јас не знам што ми се случува, најмногу од се сакам да се породам, да ја гушкам и мирисам беба, од друга страна во грч сум цело време, некако напорно го замислувам тој период, дека нема да спијам,нема да имам време за поголемата ќерка, ќе висиме на цице по цел ден со бебе.. И ем сакам да дојде побрзо денот, ем сакам да се одолговлекува што е можно повеќе. Уфф,ете, го кажав. Т.е напишав. Тешко ми е за признавање. Само плач слушам уствари замислувам, мислам нема да се снајдам со двете. Уште сега падна договор со маж, он со бебе а јас со поголемата ќе си излегувам. Е како бе така? Ами тоа мајка ќе си бара what tha f**k is wring with me ?!
Не ми е сува оставена кожата, баш затоа и пишав тука. Т.е ми е сува, ама сум намачкана нонстоп, насабајле, навечер а некогаш и поручек, зависи како се туширам зашто не се поднесува чешањето, затоа сакам да знам кај да барам чаре. На преглед сум за 3 дена, секако ќе ја прашам и матичната, ама сакав и тука пошто знам и други имаа ист проблем.
Во темата трето тромесечје, од страна 376 сме збореле...подобро пиши и лп на @PurpleMind, мислам се испитуваше за ова ама се породи и не знам дали ги дочека резултатите...