Ние во фамилијата имаме позитивен, ама до сега не сум имала контакт со него, проблем е што другиве од фамилијава можеби имале и доаѓаат кај нас понекогаш, може од нив да фатиме абе ужас и јас се плашам сега при крај сум..
Овоа ми дава надеж дека и моето ќе се сврти Следи ја тт.Јас со првото кашлав во големите месеци мислам од самиот плод.Особено штом ќе легнам.Немаше тогаш корона и не обрнував внимание дека е сериозно. Исто сум и јас.Целата исплашена и со прашалници.Како ќе се снајдам сама , што ако здравствено попуштамУтрово прво будење ова ме мачешеНема кој да викнам на помош заради вирусот се е комплицирано. Па ако не пуштаат во болница посети како ќе минам без голематаЕдвај чекам да се породам, од една страна,од друга па ми фуфка како ќе се снајдамХормони За дилемата царски или природно се е индивидуално.Самиот пораѓај е најлесно нешто.Чувањето и воспитувањето е далеку потешко.Сметам дека за жени што сеуште немат родено, да се внимава на начинот на кој се интерпретираат болките.Мислам и нема потреба да знаат.А не ни можат да знаат додека не осетат.Исто самиот пристап на мајката кон женските деца и објаснувањето до најситен и највалкан детал,не е е во никаква полза. Затоа треба ние жените тоа да го кажуваме како најубаво нешто , а не како најстрашно и најболно. Исто видеа не треба да се гледаат, јас со првото толку немав страв што кога отидов на подготвителните часови и ми пуштија видео јас добив страв.А зошто и така бабицата кажуваше колку е се лесно, не мораше да ни пушта видеа Подобро е трудниците да си мислат дека пораѓајот е како на филм со две викања и имаат бебе Секоја приказна може да е исфилувана и затоа ако некој сака да плаши некого нека си трае подобро Најважен е резултатот здраво и живо бебе
Јас се чешав недела дена пред пораѓај, дури и се изнафрлав на цело тело, изгледав ужасно. Прво се испитува џигерот преку крв за да се тргне сомнеж за колестазис(мислам дека овака е на македонски, не сум сигурна), ама еве викаш дека крвната слика кај тебе била уредна. Мене ми рекоа да се мачкам со крема со хидрокортизон, јас си земав дури и онакви лосиони што ја разладуваат кожата затоа што се чешав додека не се раскрварам. Земав и разладувачка крема со алое, и таа помогна. Не ми најдоа ништо, рекоа дека е едноставно хормонски, од бременоста, и нафрланото се подобри ден-два пред пораѓај, сега и го немам веќе.
девојки баш спомнавте вртење , си беше сега на ехо свртена со глвата надоле , два дена така остана , прееска малку се подзаработив и кога легнувам да одморам, а бебче се свртело пак со нозете надоле ..... до минатата недела во денот сигурно по три пати се вртеше , си мислев сега веќе скоро две кг и ќе остане со главче надоле плус кога се врти дури болно е понекогаш , ама ете ја си игра играчки со мене ..... 32 +1 сум знаете до која недела може да се понадевам дека ќе се смири со вртењево , претходните веќе 30 та недела се местеле и така до пораѓај .....
До 37ма може да се врти а и тоа не е репер за прирадно додена не дојде денот нема да знаеш како ќе се породиш и кај мене беше надоле ама последен ден се умотал со папчаник и ништо од природното
Е како осекаш дека се извртело , јас ако не видам ма ехо поима ке немам како е , а ете сега мн мрда немој пак да се изместило
претежно со рачињата мрда понежно и главчето и е малку по големка испакнатина од газето , грпчето ќе и го опипам па газето и отприлика знам .... затоа што многу често ика и по тоа одредувам , ако јако осеќам доле кај срамна коска дека ика глава е доле и обратно , прееска јадам јаболки и тањирчето на стомак сум го ставила , малецко почна да ика и да мрда со нозете се крева нагоре и ми го преврте .... се изнасмеав мм вика не и се допаѓа твојата вечера сака нешто блашко
син ми беше карлично до последни два дена , со него дури за царски ме спремаа, кога се сврте во 5 до 12 , ама малецко беше и плус во 34 + се роди така да баш според тоа не се водам , а ќерка ми беше од 30та недела наместена убаво .... ама сега повеќе имам ориентација каде е наместена и повеќе ме фаќа паника ... фала на одговорите
Девојки 7+2 сум и само што приметив на долен веш малку кафеаво и едно многу мало парченце. Болки немам, освен оние вообичаените слаби повремени. Многу се исплашив, знам дека не треба да паничам ама ве молам некако да ме утешите дур да одам на преглед во понеделник. Не знам дали е можно да е од што сум напната, чекаме резултат од тест за Корона од сопругот. Уште ова ми фалеше сега...
Кафеавото не е за паничење, но би те советувала да не чекаш до понеделник, да одиш на дежурен. Не за друго, психа ќе те убие. Јас за малку кафеавко во полициски час април месец отидов на дежурен, иако знаев дека не е нешто страшно, но знаев дека ако чекам да помине ноќта ќе ми е таму умот и нема да спијам. Може ќе треба да те боцнат со прогестерон и да ти дадат терапија ако не пиеш. Само смирено и со убава мисла
Најпрво не паничи само мој совет за да бидеш смирена појди си на дежурен сега да те види да се смириш можи да ти даде терапија и да одмараш а можи и ништо да не е сепак појди си
Најпрво не паничи можеби е стара крв што останала па се чисти па најубаво за да не ти биде во мисла отиди на дежурен да те видат што е и да ти дадат прогестеронска терапија.Те гушкам и не се секирај ќе биде се добро
Во втор месец 2 пати имав кафено по неколку дена. Поминав без терапија, се чистела матката. Лежи си одмарај, почекај до понеделник ако нема свежа крв. Ако се паничиш оди на доктор нека те види, мада се случува кај многу не би требало да е сериозно.
И јас имав така, гинекологот ми рече нормално е, дури ми го прекина утрогестанот. Уште имам така, некогаш повеќе некогаш помалку. Се шири матката ми рече, пукаат капилари,незнам искрено.
Ви благодарам многу на сите. Јас претпоставував дека не е ништо сериозно, поготово заради тоа што е без болки, ама знаете како е, кога ќе го видиш не ти е сеедно... Само еднаш го имав синоќе и ептен беше малку, од тогаш наваму нема ништо. Сепак ќе одам во понеделник на преглед, чисто да бидам мирна.