Нема да ти се остава,и тоа ќе ја сака само мама.Јас со двете се влечкав од раѓање,дали 2 пати ја оставив по 15 мин.Душа не ми даваше,а планот и мене ми беше таков Пак ќе речам,штом јас се снаоѓам сама,секој може
Женски, осеќам како да ми е потврд стомакот на една страна само, на десно под папокот, не верувам дека е главчето, многу е мало бебето, што може да е така тврдо само на едно место? Немам никакви болки, иначе.
Не се плаши, јас еднаш во 8 г.н. , еднаш во 16 г.н. исто така кафеаво со розево и тоа ми држеше неколку дена. Оди си да те видат на ехо ке ти појачаат утрогестан ако примаш , може и прогестерон да те боцнат. Знам дека срцето ти се тресе, и мене се така за викенд ми се случуваше и одма паники, плачки , цела се тресев. Само храбро мајка
Можно да е телцето на бебето односно р’бетот бидејки и мене до недели на десната страна од папакот ми е потврд стомакот и се мислев главата па на ехо испадна дека е грбчето а на левата страна од папакот нозете и рацете, главата доле
Мене премногу кратко ми траеше, само на едно одење во вц и ептен малку беше, на следното веќе немав ништо и сеуште немам. Ама ќе одам утре на преглед за да се смирам зошто синоќе се убив од плачење. Не примам утрогестан, може ќе ми дадат утре нешто. Фала ти многу за утешните зборови мама.
Грбот е. И кај мене се дешава од 25+ некаде. Како планина ми се прави на едната страна од папокот, а на другата е меко Не е страшно тоа, де од лево де од десно така ми се прави и си стои така по 5-10 минути. Тоа бебе си се оптегнува поблиску до абдоминалниот ѕид, затоа
Мајки мене утрово ме фати така како грч на десната страна кај препонот, кратко трае и не е мноху болно ама пак... Од што може да е? Едното бебе е доле скроз ама до сеа не сум имала ваква болка да ја кажам или згрчување. 31+4 сум.. Благодарам однапред
Девојки бев на преглед сабајлево, се е во ред, срценцето овојпат чукаше уште посилно од минатиот мислам. Кафеавото ми се нема повторено, ама ми даде Утрогестан од 200мг 2х1, вагинално. Ми дојде срце на место кога си го видов и слушнав моето сонце.
Сега со душа ќе чекам да дојде прв скрининг. Фала ти мила, со Бога напред само да си ги гушкаме нашите душички на пролет.
Супер и на секој преглед нареден ќе се чуствуваш уште поубаво супер што ти дале утрогестан нема штета од него гали меше гушки до двајцата
Мило ми е Верувај дека чекав да напишеш, а 12та недела ко ќе имаш контрола, ко ќе видиш раце нозе глава, ќе полеташ
Притисокот ми е 96 со 48, почна да ми се врти, што да правам? Зедов чипс да јадам и направив кафе, што може друго да помогне? Иначе цел живот патам од низок притисок.