^^ Може е само период, или лош ден, ќе помине Штом немаш некаква конкретна болка, не е ништо страшно, те фатило малку мрза и меланхолија, ќе помине за некој ден И јас имав вакви моменти, кога ем те фаќа мрза, ем сафра, не знам како да објаснам, зашто е многу контрадикторно Ти се прави нешто, не те фаќа место, ама пустото не можеш да станеш од некоја непозната причина Ќе помине. Само, не дозволувај многу да западнеш во таква состојба, ако треба со сила ќе се натераш да станеш и да се раздвижиш, ако ништо друго маката со киселините ќе те натера да прошеташ до кујна п.с. Мене баш од јогурт ми се правеа киселини еден период
и мене деновиве дали од топлово ми е ептен безвезе, имам некои болки во јајниците, во желудникот ич немам апетит , само на сокови сум едвај чекам да залади малце
сум немала јогурт дома па тргнав за на продавница да земам, една работа е што продавницата не ми е блиску, а друга работа што се враќав по втор пат на овие жештини.. Одам да си купам јогурт и рокот не го видов, си дојдов дома гледам рок 08/2014, го отворам јогуртов кисееел уфф, одам да го вратам јогуртов, поточно да го заменам и газдата 60тина години, прост човек, ми направи проблем, тука беше и газдарицата и свати дека не ми е сигурно да го пијам тој прекисел јогрт во оваа состојба и не направи проблем за замена. леле овој стариов ко се запна, мене 50 денари ми појдоа по вода, 8ми месец сеуште траеее, не сум ја виновен, а и тоа како е виновен што сокови јогурти млека не ги чува во фрижидери!! а јас јадна.. таа продавница ми е најблиску, другите ми се подалеку и на угорници плус.. и си го зедов другиот јогурт што ми го даде газдарицава, си заминав, а тој продолжи да си зборувааа, можеби уште ме коментира.. па и не ми е галје ...
Ние влегуваме денес во 9 ти месец официјално 36 недела ја почнавме бевме на преглед си имаме плодова вода добра постелка,докторкава беше сигурна дека ќе тераме до кај 6 7 септември за понатаму вика не се знае ништо,бебушот ми е здрав напреден машала тој на мајка 3050 кг е,до крај вика докторкава над 3700 може и 4000кг,вика голем дечко јас и викам и мајка му не е мала ахахахха најбитно ми е што сум супер опуштена не му ја мислам многу си викам како за сите така,и за мене по природа сум паничар ама сега сум многу возбудена едвај чекам да си го видам,што вика баба ми ич не ми се секирај бабе,баба и вујко ти и мајка ти ги роди на нива не сега се имате вие ве поздравувам сите мамички и со лесно на сите
Дали е од времево топло, претопло не знам, дома сум, ама навечер т.е. во текот на ноќта многу ми е лошо, како да се онесвестувам. Што би можело да е?Се мислам да проверам крв ама многу ми е топло да одам некаде оваа недела секој ден одложувам...
Луси, работиш или дома си? Седи под клима лади се цело време, и туширај се навечер со постудена вода пред да си легнеш... Ако проверуваш крв оди многу рано до кај 9-10, инаку не излегувај од дома... Јас си одам од работа во 16:30, пеколно е иако сум со кола и нон стоп во климатизирано па пак ми треба време да се стабилизирам.
Мила пиј многу течности и што повеќе внесувај во исхрана месо риба особено црвено месо телешко,сега ти опаѓа железото и затоа ти се врти провери си крвна слика за секој случај,мене исто кога ми паѓаше тоа ми препрачаа и фероглобин уште ги пијам веќе 2 месеци сега ми е на граница 11,2 амае претходно ми беше послабо и внесувај зеленчук многу и цвекло секако и морков во салата можеш рендан
Имате користено flagyl вагиналети за време на бременоста? Мене ми најдоа некоја бактерија (од тоа што читам не е многу опасна) и докторот ми препорача да ги ставам 7 дена
Мене ме отекоа: секој ден на ЦТГ. Папочната врвца на бебето му била замотана околу врат- ми се заканува царски рез. Има ли шанси да се одмота? Немам уште многу време до термин. Инаку по цел ден се кријам од жешкото. Страшно е колку е жешко. Поздрав трудници!
Ајде и јас да ви се приклучам конечно во оваа тема , денес правев тест и излегоа долго очекуваните две црти БРЕМЕНА сум
Cestitkiiii! i jas deneska bev na prviot pregled, super e plodot, toa prstenceto sto go vikaat mi e odicno sto ukazuvalo na uspesen plod, srceva akcija nemase, no za dve nedeli treba da odam pak Mi dadoa da pijam folna. NOVI HAPPY MAMICKI!
Честитки и за тебе имај си убава и лесна бременост , јас бев денес кај матичната ми даде утрогестан 200мг за болките во стомакот, јод+фолат и бедоксин, а ми закажа за ехо по една недела за да го видиме плодчето па со Господ напред ќе тераме се надевам со лесно
и на моево папочната му е околу врат и јас само се нервирам околу тоа, пред една недела ког бев на преглед ја прашав испаничено, и не ми кажа жената, ми вика шо се секираш па ти, таа е долга пола метар и мора некаде да биди, плус тоа таа се одмотува, можеби досега му била одмотана а сега пак се замотала, откајзнајш како е.. и не ми кажа каде се наоѓа сега папочнава врвца.. ама и кај мене пред порајѓај ако е околу врат одам на царски, па макар и да не е опходно. јас несакам да ризикувам.... со леснооо ))
Јас денес бев на контрола 32+1, бебињата се по 1.800гр, плодова вода и плацента ок. Денеска ја примив првата инекција за зреење на плуќата, утре втората и контролно цтг, во недела уште едно цтг, па ако е се во ред после на контрола на 25.08. Болките во кичма и стомак ми рече дека се нормални, од тежина...иако не сум многу здебелена, сепак бебињата си тежат во мешето. И конечно хемоглобин и железо - топ! Одвај чекам утре да ја примам и втората инекција и да помине една недела и веќе полесно ќе се дише (зошто инекцијата, дејството го имала после една недела). Ете така стоиме ние, фала богу добри сме Инаку, добредојде на сите нови мами и со лесно и со убаво да си ја истерате бременоста. А јоу не пиша? Сигурно се гушка со бебуш и нема време.
која бактерија ти ја најдоа мила? Јас немам користено од нив во бременост пред тоа ги користев, ама другарка ми користеше нео пенотран форте, а составот им е исти метродиназол чинам се викаше слободно ставај си ги
Ми најдоа Гарднерела - јас и порано сум ја имала и не е којзнае колку страшна... Се изначитав за и против метронидазолот, и сега сум баш уплашена
Прво цеститки за новите во темава и дај бозе усте многу да доагаат . Инаку јас сум 6та недела и утре одам за срцева реакција. Ама со јадењево сум заникаде,гладна сум а нисто не ми се јаде,дури кога ке помислам на храна ми се лоси.а приметив дека едно сабајле повракав и имав вртоглавица од сто сум гладна. Катастрофа. Инаку само овде моздс да најдес искрени одговори.зосто сите сто поминале низ ова имале некоја мака а сите кутат и се правт ко нисто да не им било. Срека сто ве имам и на ситеееее со лесно нека ни е особено на топлово
Бремена сум 11+3, веќе извесно време имам тапи болки во десниот јајник, се појавуваат одвреме навреме, траат по 2-3 секунди и исчезнуваат. (Ми случи и при накашлување силно да ме здоболи). Ги немам секој ден. Пред три недели кога бев на контрола кај гин. и кажав за ова, а таа ми рече дека имам циста на левиот јајник, на десниот ништо. Вчера ми се случи при станување од стол да ме заболи остро како да ме прободе нож. Потоа само чувствував тапа болка. Сабајлево бев кај гин., не ме гледаше на ехо бидејќи во четврток треба да одам на скрининг, и ми рече дека можеби не бил јајникот, може било бебето, ме извади од памет. Инаку примам утрогестан 200 сабајле и вечер. Некој со слично искуство? Совет?
Мене така ми се счучуваше про нагло станување, седнување т.е при нагли движења. Откако почнав да внимавам подобро беше.
Мешиња дали користите аутан против комарци, а ако не како да се справам со нив бидејки одиме на викенд на место каде врие од нив