За дишењето исто сме. Ако имаш навлажнувач на воздух до тебе нека стои саат два пред да заспиеш. Само со ладна пареа и дестилирана вода да не внесеш бактерии. За дијафрагмата спиење на повисоко на лева страна со отворен граден кош јас обично гушкам перница за да ми е повисоко раката да не ми одмара на страна и да ме стега. Или сум полупотпрена како на фотеља да седам како нарко бос.
Јас сум како кучето со ќебенцето како ли се викашеСамо си гушкам едно летно ќебенце .На лева не можам да спијам многу ме боли стомак ако легнам .Само на грб или десно Ама како што растам изгледа и јас ќе бидам нарко бос Тебе па треба да ти се спушта бебето веќе и да почнеш да дишиш.За мене е уште рано, догодина здравје ќе почнам да дишам
нормално е. Како одминува бременоста, зависи и до положбата на бебче, се намалува простор, се притискаат граден кош и бели дробови па и дишењето е променето, издржете уште малку, потоа ќе биде во ред.
Исто и јас, најдена е и на вагинален и на цервикален брис, симптоми немам, ми препиша вагиналети канестен три дена, па пауза од 10 дена па уште три дена канестен...
Знам како ви е, не можев да функционирам од што не можев да дишам, посебно на крај и многу нервозна бев од тоа. После породување ќе се препородите од тој аспект. Уште се фаќам како уживам во тоа што дишам слободно, какво олеснување
Јас само отварам прозорци по дома, ми фали воздух особено навечер кога ќе легнам да спијам. Почнав да спијам на две перници ако сум на една мислам ќе се угушам првите 5 минути. вака се осеќам ... сега, а кај е февруари
Пробај со една чаша јогурт и лажичка сол (или ајран) Знам како ти е, мене нормален ми беше 90/60, сега ми паѓа и до 80/50. Катастрофа
Леле исто дури и паники ме фаќаат дека ќе се загушам На 13 степени ни е отворен прозорот од дневната цела вечер.Станувам и отварам врата од тараса, како некој крадец сум по дома А кај е фебруари? Женски знам дека е нормално ама пак како подршка барам дека не сум сама.Фала ви за подршката
Здраво мајки, Кај мене има ново што почнав со работа, онлине од дома. Ми фалеше работа искрено, се чуствувам покорисно некако. Малата (3год),со баба по 3 саати, останато со мене и мм. Денес12+6 па влегувам во 2 тромесечие. Малку подзаборавам дека сум трудна, со работата седната и навечер ми е мачно, како стомак да ме заболува. Многу ми се јаде леб или месено, секој ден тоа би јадела само од тоа немам мачнини после јадење.
Истиот проблем го имам и јас и исто спијам како @Tsukinory like a boss плус и јас сум со хроничен синусит и тој ми прави проблем
девојки јас денес 32+ 2 и болкиве во карлица сабајле беа неиздржливи , се испојавив кај докторкиве и ме растераа на ургентно , на ЦТГ слаби болки , отворена 3 см и 22 мм цервикс , ама бебче нели заостануваше со нецела недела , овој пат го измерија како за 34 + , со две недели понапредно , се мислат за инекции за зреење ама не ме боцнаа , незнам дали да барам јас коа ќе идам на контрола? најискрено од болкиве во карлица и срамна коска друга нелагодност не осеќам ,од искуство немам индикации некои дека ќе се пораѓам , не се чуствувам така, единствено што неможам да одам откако ќе полежам малку подолго ... незнам што да праам
Да ве прашам во врска со притисокот јас имам и онака низок то е се во ред е сега откуцаите дали лежам дали одам па да измерам се повисоки најниско што имам измерено од ко сум останата бремена е 80и нешто а највисоко над 110 дали е нормално ова или не е ?
Нели ти рекоа да одмараш-да лежиш бар уште некоја недела да истераш? @KittyCat:) на мене ми се околу 90 цело време.Нормално е срцето побрзу да работи, пумпа повеќе крв.
да ми рекоа , ама после болкиве денес , сум се доотворила за оваа една недела и матичната ми е паничарка голема па ми вика зашто не бараш да те боцнат, демек ќе се породиш порано , ја божем смирена ,одмарам лежам викам ај ОК е се и ќе зборнам со неа и почнува да ме фаќа паника , да се умислувам , да се нервирам ....
Па можат да те боцнат, ама ти мораш да одмараш, само до веце да стануваш и ќе истераш сигурно до 36Нема потреба од паники, многу жени истераа со лежење до крај
Само лежи до вц назад ништо друго ама ништо друго буквално јадење во кревет утрогестан два по едно на ден инекција за белите дробови јас така истерав до 38 недела со првата ќерка и успешно а бев отворена уште 31 недела 2 цм не се секирај само одмарај
не влегувам во поттеми што не ме засегаат, ама ѕирнав сега и муабетов е за скроз да се префрли во тема општи дискусии (или политика и настани) затоа што се разглабаат причини зошто некој е за или против и актуелната ситуација во полска. се согласувам дека во категорија бременост ваквата тема на дискусија треба да има сосема друга намена.