да да ја пратам темата повремено ама претерано е со дискусијата , вчера ( 6 страни назад ) членка некоја на сред муабет си пишала за совет и клиники кај можат да и помогнат и од што се спама по темата со мислења никој не и одговорил , се разгоруваат страсти безпотребно , се пишуваат глупости и стварно нема место тука за такви изјави , срамота е ....
Стомакот гледам ми е поспуштен во 34 недела и доста поактивно е бебче, дали нешто значи тоа и многу тврд
Ај ме исплаши сеа јас имам исто силни болки во тој дел едвај се движам едвај седам, значи ужасни Може треба и јас да тркнам на преглед
нема што да се плашиш , они мене решение за болките не ми најдоа тој докторот ми вика мокрача дали си проверила , а бе луѓе им објаснувам немам контракции немам болки , знам како изгледа да се пораѓаш не е сега тоа проблемот ми треба ортопед мене , се смее докторот , викам неможам да одам неможам да се движам нозете како да не се мои , карлицата како на пола да ми се двои ..... и ништо вика ОК се контрола за две недели , ццццц катастрофа ако прашаш за тебе пиши ми да знам што ми е
Магнезиум зимаш ли? Не тој од кесички има и чист што се продава течност магнезиум појак. И јас ги имав тие болки само не беа вака јаки како што ги опишуваш Ама па тебе болките ти биле дека се отвараш. Јас кога ги имав тие болки отворена 1цм и лажни болки лажни контракции. Да си побараш второ мислење? Мене 3 прста отворена водењак ми пукна и почна пораѓај. стварно чудно така што те пуштил да си одиш
На моменти се стврднува или постојано е тврд? Ако мислиш на дали значи нешто за предвремено породување, не. Обично во тие недели веќе телото се спрема и лажните контракции се почести, а тоа резултира со стврднувања на стомакот. Ако немаш болки туку само тврдо на допир го осеќаш, можно е бебе да си заземало таква позиција.
Нема што да се растрежувате толку за дискусиите за абортус, жени. Тие што бараат одговори а не добиле, сигурно ќе добијат кај гинеколозите. Плус, може и некој им пишал лична порака. Осетлива тема е, не секој зборува за лични искуства јавно. А дискусијата мора да си продолжи, барем на таа тема секогаш има што да се зборува. Евентуално да се одвојат во две теми во разни категории, ама па новите што доаѓаат на форумов за да прашаат пак би биле збунети. Чувајте се жени, не нервирајте се. Таков ден вчера и денес, сфаќам дека сите минорни грижи и нервози ни се ништо. Ти кажи, како си? Те снема откако пиша за жолчката, се оперира? Се' е во ред?
магнезиум директ по две пијам , ама секако прашав тој е за мускулна болка , болкава во коскиве нема да ја намали ..... читав утринава на нет и има и некоја дијагноза и стварно треба совет од ортопед .. ќе видам што ќе правам сигурно ќе идам на консултација , многу боли
Јас на мојов кога му се пожалив ме изигнорира, ништо не ми кажа, као нормално е А јас сум крш невиден Ако ми потрае вака да неможам да функционирам ќе одам па ќе те известам
Немам болки, само стврднување и сите што ме виделе периодов ми искоментираа дека ми е спуштен стомакот и така ме замислија па да си прашам. А препонот веќе подолго време ме боли како воспаление да имам од вежбање баш исто и тоа многу ми е чудно
Треба да одам на преглед кај др. Игор Самарџиски на гак, ама нема термини па земав приоритетен, прашав утре бил во амбуланта, дали има шанси да ме прими со приоритетен упат или да бркам врски?Не сум била до сега на гак за прегледи ни еднаш па не ми е познато како оди обично.
Мешиња мојов испадна многу напреден. Надпредал за една недела 600 гр +. И терминот ми го помести за 10 дена назад со растот. Правевме цтг. Малце беше збеснат пулс до 210 качи. Па лежев подолго за да се смири. 1 прст отворена. А не излегло ни чеп ни плодова вода. Како што ми се чини ќе биде за многу брзо. Јас се возбудив маж ми паника го фати. Вика одма да си легнала да одмараш. Хахаха да не сака и да го сошиеме внатре за догодина да се вади кога он ќе биде спремен. Боже боже. Имав и преглед со рака. Се опуштив највеќе што можам. Чуството нелагодно, сепак те пипка кај што ништо досега не допрело. Малце ме заболи на крај. Грлото е 1.5см.Според вас да се спремам ли за брзо или може да си седиме вака уште две недели?
Следи ситуација Сукрвица имаше ли после прегледот? После тие прегледи обично биднува пораѓај но не мора да значи. Кај мене после вториот преглед со рака се породив. Следи ги болките секоја менструална болка значи се отвараш повеќе. А сега која недела си веќе 37ма влезе?
37 и 3 дена. Ама бебе е скоро недела и пол понапред со раст, дури и стомачето му беше полно. Ми рече си го најала бебуш. Малце ме исплаши она со пулсот. Ама се смири за 10 мин. Највероватно од што се растрчав низ ГАК после толку лежење. Сега бев до вц нема сукрвица. На цтг сум за 6 или 3 дена по договор како ќе се чуствувам.
ако си договорена, ако знаеш дека е во амбуланта си одиш на шалтер , ќе ти го поминат упатот и ќе те прегледа без проблем
Да да пулсод от тоа ти е со месеци лежиш и сега наеднаш возбуда Супер и кај мене испадна понапред и се породив баш по тој нов термин а не по првичниот. Ајде ќе видиш следи ситуација како ќе бидеш. Дали ќе имаш болкк ако ти дале зелено светло за шетање почни пешачи 38ма веќе ти е таман за пораѓај
Килажа на бебе нема врска со термин на раѓање. Јас родив бебе од 4+ кг во 40+. Цело време беше напредно и никој не кажа дека ке се роди порано. Други се знаците дека бебето е спремно да излегува. Со 1 и пол прст можеш уште две три недели да тераш.
Леле мила, не знаеш колку ми е мило за тебе и бебушката. Бравос, бравос. Храбра мајка, јунак син. Твојот мм ко мојот, од како влегов во 9 месец, ми досаѓа па не работи толку, па не оди до продавница. Па не се нервирај. За оние интимни работи абе ич не спомнува,катастрофа. А јас имам нормална бременост, ни крварење немав ни најмало ама ајде де објасни му. Од работа само звони, дали се е ок, дали си добра, сигурно а? Ако станам навечер по вода одма скока од кревет леле а почнува процесот? А јас абер немам да се породам, ама и рано ми е, уште малку нека поседи буцка моја. Можно ли е 600 гр да качат во една недела бебушките? Леле кој знае колкава е мојава прцла ц ц ц. Веќе страв ме фаќа. Лелеј.
Девојки, за стрии еуцерин масло беше нели или и нешто друго?Немам сеуште ама сакам да си земам, бидејќи знам дека сум подложна, имам на нозете (квадрацепците) што сум слабееела. Инаку мачкав извесен период од Авон за стрии ама нередовно. Денес цел ден глава ме боли, но веќе ми разминува, пиев кафе, се масирав, притисок 115 со 75.Меѓутоа и првпат повраќав, дали заради времето, заоблачено, променливо нема дожд,. Ама ми разминува. Ми кажааа за парацетамол, ама велам ако не размине. Фала девојки