Јас гледав и едно друго од Алверде, тука на форумот баш прочитав дека било доста ефикасно. Ќе видам ќе го земам или него или некое друго. По природа не сум склона на стрии, сум варирала во килажа, ама немам стрии нигде, освен на градите ептен малку, пошто нагло ми пораснаа кога ме фати пубертет. За главата ако е издржливо не пиј одма Парацетамол, напиј се лимон, какао, многу вода, легни во темна просторија и ќе ти помине.
Женски јас сум 33та недела, во петокот бев на преглед, прво цтг и докторот као ооо многу немирно бебе , ко за беља еве два дена по 2 3 пати ке го осетам само, на станување , на легнување и ептен малку у тек на ден, дали да се јавам да закажам или нормално е да не се активни толку веќе ? Што убаво ме риткаше по цел ден :/
Јас ги имам сите овие три,ги користам...немам стрии,никогаш и сум немала,ама превентивно се мачкам пак...
Фала мила, и јас не сакам да пијам право парацетамол.. Дај боже се да си е добро. Ќе видам што ќе земам, нешто мора
Фала мила, ќе видам што ќе земам. Се надевам ги има низ аптеките секако. За еурецинот маслото било 800 ден во Зегин, а една друга крема, 400 ден. Му кажале на мм. Дали се користат заедно не знам. А тие три ги има како комплет ли? Фала мила.
Иста сум и јас денес станав со главоболки, си сварив кафе ми се згади не го испив, каснав овошје и толку одма повратив Времево е капак на се
@Tsukinory ме изнасмеа со маж ти исто ко мојот. Секој ден кога ќе му се јават и ќе го прашаат до кај сум била, им вика рано е уште 2 недели тој терминот си го има зацртано и не е свесен дека во секој момент може да биде. Ако нешто офнам ми се врти и вели леле аман немој сега не сум спремен. Мажи Јас утре сум на преглед, веројатно ќе имам и со рака... Се препешачив денес може 10км изодав, нозеве тапани ми се.. Бебе само нозе оптегнува деновиве којзнае колку и е тесно. А стомаков дуплиран ми е за разлика од пред 1 недела мислам. И киселини почнаа нон стоп, пијам гастрогард ќе помине и после некое време пак. Ај ќе се издржи уште малце
Мене така 3 дена ми беше малце помирно, плачев, црни мисли ова она, ама денес е доста активно. 33 недела сум утре. Сигурно е нормално, ама и еднаш да го осетиш е доста.
Девојки денес испитував скриен шекер... еве го резултатот: 1мин: 5.2 / нормално: <5.8 60мин: 7.6 / нормално <8.8 120мин: 7.1 / нормално <6.6 матичната ми е на боледување, дијабет ли имам ке умрам уште ова ми фалеше... цел ден си плачам сирото мое бебе како да го заштитам
Да ги споиме и двајцата да си се тешат дека рано им било хахаха. Викам отворено е тргнало. Како бе ?! Ме прашува. И ајде му објаснувам велам може да биде за брзо може за две недели зависи. Се издиша му олесни. После се загледа во мртва точка го гледам процесира хахаха абе мажи не да им фуфка во теорија се кажа дека ќе прави и помага ама во пракса ќе видиме
Само мм значи секој пат кога ќе ме фатеа болките одма солзи во очи ме испраќаше на ЦТГ жив среќен, пун себи поспремен него мене. Дури така разочаран што биле лажни болки
Девојки ве молам совет помош.... немав мачнини од кај 11 недела некаде така некој ден да ми се слоши и то е то сега 3 дена сум пак со мачнини првите два по еднаш ќе повратев и тоа е тоа ама денеска е претерано 5 пати од 12 часот до сега касни поврати сок цеден поврати овошје поврати неможам ништо да јадам се вратив на почеток .... тука е топло можи и затоа 25 степени беше во жешкото.... кажете совет што да направам оти немам сила
Јас уште повраќам еве веќе 30 недела сум,секој ден мин по 3 4 пати. Земи крекери или бадеми малку нешто по суво и посети лекар нека ти препише апчиња иако не секогаш помагаат.И обавезно вода за да не дехидрираш
Ќе пробам од се ми се повраќа денес ептен ми е тешко утре сум на доктор ќе му кажам 14+5 денес ако до крај вака продолжам ох леле....фала ти девојко
И мене ми се случува да повраќам токму од овошје и цеден сок од сабајле. Најдобро би било овошјето и соковите да си ги оставиш за покасно а сабајле да си каснеш лебче што со сигурност нема да ти предизвика повраќање
Си згрешила и бетер си напрајла со цеден сок и овошје. Уште толку желудникот се нагризува. Земи прати некој по спрајт напиј се една две чаши ќе те врати при себе содржи електролити и многу ми помогна со мачнини. Со спрајтот бејк ролс или двопек нешто такво вечерва па ќе видиш од утре дали ќе ти олесни.
31 неддла и 3 до 4 дена кашлица и тем 37.7 од време на време. Тарапија ми дадоа парацетамол само и сируп на природна база. Имал ли некој искуство докорот вика ништо не му е на бебето не се грижи. Сиротко си мрда цело време сигорно му смета
Јас сум 19та недела, не престанав да повраќам.Ништо освен пржени компири и кисела салата не јадам.Ниту леб,ниту вода пијам,само кока кола,мандарини сега јадам,претходно не можев. Тоа е се надевав ќе престане,ама тешко,ќе си трпиме.