Дада пијам премама , јадев крем и еве го се претура по стомак , конечно сум по мирна, ама не е ко што беше, не ме оставаше на мира по цел ден се вртеше
Девојки, ајде кажете, дали е паметно да се оди на фризер за шишање, сега во ваков период? Фризерот ми работи со маска, и ми кажа дека и јас со маска ќе сум цело време, не знам што да правам, косава ми е катастрофа, не можам да ја трпам веќе. Друго прашање, до кое време најдоцна носите урина во Авицена, и ви земаат крв?
На фризер јас бев пред некои 2-3 недели. Работат по протокол, само по еден клиент закажуваат, носам маска јас, носи и фризерот, ножици, четки се дезинфицираат.. Сигурно не би одела сега за да се фарбам на пример, тоа можам и сама да го направам, ама и мене косата ми беше ужас, а сама не можам да се шишам. Дали и колку е паметно, не знам, сѐ е тоа индивидуално.
Индивидуално е ти како се осеќаш да одиш на фризер и други работи да извршуваш. На пример јас секоја недела се фенирам, месецов си закажав депилација педикир да се средам па и на дерматолог, стоматолог, очен се со ред пред да се породам пошо после со бебе нема да мрднам никаде, преку ден сум нонстоп активна обврски со работа поврзани сакам се да завршам таква сум да е средено и сработено пред да одам на породилно *Урина и ккс кога ќе станеш на гладно носиш, можеш и во 12 ако спиеш до покасно. Битно е да не си јадена само
Денес бев на доктор, ама зошто повеќе се нервирам од што од помош ми се овие. Само крв ми зедоа, тежина и притисок ми измеријаОдам кај др што направи препиша само податоци од претходниот скрининг и толку.Ехо нема.Термин за 3 недели. Кажав за болките ми даде појас за трудници,да ми помагал при движењето.Па не ми ни кажаа дека во ортопедска продавница треба да одамНикаква докторка 0 оценка ќе и дадам на оценувањето.Како не си ја зедов докторката од претходната бременост.За цела бременост во мајчината книшка имам страна и пол испишано .Значи контроли чести, за жал ми е далеку и едвај на крајот одев .А со оваа и до сега немам ни пола лист напишан Само Господ да помага да биде се во ред со мене и бебето.Овие ќе ме полудат.Цервекс што е тоа, мерење како се мери тоа Мислев дека оти сум над 35 години треба повеќе прегледи да имам, плус и со инсулин, ама нема потреба изгледаНаредна контрола со бабицата ми закажаа пак нема ехо.Ама им текна дека сум со инсулин па требало почесто да ме мерат ,па ми закажаа контрола кај нивНе се нормални жими се. Извинете за негативата ама секоја контрола со оваа повеќе ми се стрес него ли уживање.Не можам да ја сменам сега, чак во јануари , а тоа е веќе на крај од бременост па за 2 месеци не се иплаќа
@Ava.84 Ааааај рилекс, лајкот за поддршка не оти ми се свиѓа. Такви доктори нажалост секаде ги има. Позитивна мисла и гали меше, ќе го вознемириш бебо после шупраиме Уште два и кусур месеци ќе издржиме.. ја затоа и не одам често на контроли ко во прва бременост, па еве фала Богу до сега се е во ред. Летнаа месециве
Значи од ретко поретко.Не на 4 на 6 одам.Бев на скриниг пред две недели кај друга др не кај оваа.Ама да се жалам на болки без да ми види грло со стврднивања во 25 недела без никаква контрола ми нема смисла.Сакав за корона да прашам да си седам дома . Што ќе прашувам не ми е ништо ,не сум ризична група, ај шетај оди си на работ ќе ми каже
не се нервирај нема поента и јас бев така , ни цервикс измерен како треба , ни болки марат дека сум имала за на крај после 4 доктори што премолев да ме прегледаат вагинално на крај докторката што ме пораѓаше со син ми да си ја заврши работата како што треба .... несакам лошо да зборам ама некои се чудни доктори кога имам симптом и знам од кој причина го имам и се сомневам во нешто , ти кажувам историја и упорно не ме слушаат на тотален игнор ме ставаат ...... после вика а бе како така скратено грло од каде сега отворена реално од кога почнав да идам кај докторкава на клиника веќе втор месец , не сум ни била на ехо кај матичната а ја прашувам вика нема потреба
Со првото не сум имала вакви проблеми затоа и се плашам.Да бев прворотка ај да ми кажеше во ред е се, ќе си сфатев дека е нормално.Ама вака што да кажам не знам.
Леле бе и јас сум со болки и стврднувања оддамна,не поминува Ми виде грло,затворено, цервикс ОК, само магнезиум А боли ли боли.. знам дека не одмарам доволно,затоа боли, така и ме утеши докторкава. Дома исто седење нема, и така.. Налет веќе и работа и корона и се.
Стварно чудно ќе речеш вп германија повеќе контролираат прават. Не знам зошто кај нас испаѓа дека повеќе се води контрола Секако има разлика од лекар до лекар ама генерално водиш бременост, а нешто те боли одиш ехо правиш не те оставаат туку така. Дали не се замараат германците ама ептен безвезе ситуација прават да се нервираш
Здраво мамички...барав секаде по форумов ама неможев никаде да најдам тема поврзана за психолошката состојба на трудници...инаку сум 20 недела и почна психа да ме мава,депресија,страв од пораѓај итн,инаку трета бременост ми е после 14 години,доколку некоја се соочила со нешто слично или знае каде да се обратам ве молам кажете ми,секој совет ми е добредојден....имајте убав ден
Женски да ве прашам, коридтам Канестен 3 вагиналетки, вчера ми беше втора вечер и сабајлево кога станав имав многу бел секрет и на вешот и надоле, густ бел и тврд нешто како урда. Дали е нормално? Аман веќе
На психолог. Или психијатар кој држи психотерапија. Разговори со стручно лице ќе ти помогнат. Хормоните се менуваат во бременост, некои жени се чувствуваат така. Битно да знаеш дека се може да се среди, има начини како да си ја подобриш психолошката состојба во бременост. Пиши ми кога сакаш
@Ava.84 зошто не ја смениш матичната? Нели ти дозволува да си залажуваш ехо кога ти сакаш, барем ќе те виде, мислам дека 30 до 40е се плаќаше.
Јас денес бев и сега по 5 недели. Ми изгледа како вечност ама ми рече нема потреба од порано се си било ок