Не се замараат и само штедат.Претходната беше друга докторка, од 27 си почнав со цтг, постојано имав преглед со рака.Сега ми викат цтг од 34Во мк повеќе испитување прават ддмери ,цервекс , кс.Мене цервекс две бремености не ми измерилеСе жалев на таа што ми правеше 2 скрининг пред две недели гледам ни измерила цервекс од горе.Во ред ми е . Сега останува да си купам појас и да си го врзам стомакот и да се надевам дека ќе бидам во ред Зошто можам да ја менам со завршување на квартал, а тоа е јануари , а мене терминот ми е фебруари.Нема јас кога сакам кога кажат тие Ехо кај оваа не се плаќа Требаше да ја сменам уште во септември кога не ми даде забрана за работа.Ама јас не ќе одам на работа ако ми е сега 50км дневноНе да ме боли ќе пукне
Во Шведска да ви кажам како е, ќе ви се сврти памет Од што читам многу по форумов дознав за низа испитувања што мене не ми ни беа спомнати, пр д димери, протоци, доплери, мерење цервикс, па и вагинален преглед итн. Само дополнителни стресови си стварав со секое читање и секоја измината недела. Споредував нон стоп со мк, ај си велев овде здравството демек по средено, напредно, добив коментар дека во мк вака било пред 10-15 год На ултразвук не сум била од 18 недела, и ми се плачи искрено, не затоа што мислам дека нешто е во ред, боже сачувај, туку затоа што читам овде секој месец ултразвук, па скрининг па 3д 4д ехеее. Но со секоја посета кај бабицата се успокојував кога таа ќе ми каже дека се се одвива нормално и се е во ред. Затоа мислам се е до нас самите, како ние ќе се поставиме, и само со позитивна мисла и отворен ум да ги прифатиме советите на докторите. Праксата е различна од регион до регион во една држава, не пак од држава до држава
Ве читам за тоа колку често одите на преглед и се мислам дали моево не е на многу растојание. На прв преглед бев на 6+3, после една недела бев пак ради кафеавиот исцедок. На првиот преглед докторот ми рече ќе дојдеш на преглед за 6 недели. Тоа е всушност првиот скрининг така? Се мислам да не е многу време тоа за да сум без преглед? Сега на 26ти Ноември ќе ми доаѓа докторката, еднаш месечно е тука, за да не идам до Скопје. Тогаш здравје ќе бидам 10+6 и ќе биде рано за скрининг нели?
Најрано 11та недела прв смрининг, ама обично се прави 12та или 13та. Не е многу, ако веќе си била нема зошто да одиш пак, што ќе ти прегледува. Освен ако нешто не е во ред, а ако е се во ред како што ти рекол докторот таман си е.
мене на 6+6 ми беше прв преглед (срцева реакција), наредно ми следеше скрининг во 12та недела, па после тоа имам редовни прегледи со крвна слика, урина, мерење притисок и тежина еднаш месечно.
И во Америка е исто, два пати само се прави ехо, јас сум 31 недела нит ми кажале позиција на бебе ниту цервикс е мерен, никаков преглед со рака сум не сум имала, само те прашува како си, мокрача на секое идење и тоа е, сега ќе видиме како ќе биде последните два месеци
Јас бременоста не планирам да ја следам цела кај матичен гинеколог пошто е многу занигде, знаат некои од членките овде, ми се има испонашано во повеќе наврати. И некни кога бев заради кафеавиот исцедок ми се испонаша, зошто сум дошла во понеделник, не било ден за трудници, а јас цела во паники, одам да видам дали е се ок. Па прашав за уринокултура почна да се дере многу да не сум читала по интернет, он како ќе кажел така ќе сум правела. Едноставно исфрустриран е човекот 100ка. Планирам да одам кај него само уште еднаш за брисевите и сигурно ќе ми го направи првиот скрининг, а после тоа да си продолжам кај докторката што ме стимулираше во Ремедика. Ме полни матичниот со негативна енергија, само на првиот преглед беше фин и ме прегледа ептен детално и ни објасни се, ама изгледа дека бев со маж ми па немаше како да лечи фрустрации врз мене.
штом е така, би ти предложила и за првиот скрининг да си одиш во ремедика затоа што е доста битен преглед. а за матичниов, смени си го. нема што да трпиш негативна енергија кога ќе треба да му се обратиш за упати за испитувања како брисеви и дидимери.
Одамна се мислев да го сменам и не дојде ред пошто забременив, ама дефинитивно ќе го сменам после пораѓај. Немаме баш некој избор тука, дали има 4-5 матични во цел град од кои една сменив пошто беше крајно незаинтересирана и отидов кај овој кретен. Ќе истерам сега кај него само уште брисеви, да не ги плаќам на приватно и сигурно кога ќе одам ќе ми направи и скрининг. Ама јас секако планирам да одам на прв скрининг и во Ремедика, веќе сум договорена со докторката, знам дека е важен. Д - димери кога се испитуваат?
И јас мислам и за првиот скрининг да си одиш на друго место, сепак приватно си е приватно, и јас на следен преглед треба тоа да испитувам и денес одлучив дека не одам кај матичната. Океј таа си е фина, немам некои замерки, но денес бев во Плодност и сум презадоволна, подобро неможе, јас станувам да си одам, докторката ми вика прашај и друго што те интересира слободно има време, не си оди. Ејјј, а матичната кога ќе ми речи така? И веројатно и цела бременост таму ќе си одам. Затоа совет и ти барем тие поважни прегледи прави си ги некаде приватно, ете Ремедика како што си ја спомна
јас ги испитав неколку недели по вториот скрининг (мислам 23та недела бев) по препорака на матичната, ама некои испитуваат и порано доколку има потреба.
Да да, секако ќе си одам на скрининзи во Ремедика јас, таков ми е планот уште од почеток. Него да го искористам него само уште за брисевите и толку. Сепак на приватно се премногу пари да ги дадеш кога можеш за џабе да завршиш иста работа на државно. Тоа е за жал матичниве се кој од кој по несалам, со чест на исклучоци. А од што зависи, како ако има потреба?
искрено, не сум баш упатена. пред да ги испитувам се убив читајќи ја таа тема за да ми стане појасно, али слабо. мојава матична ко по книга се води и сака секое препорачано испитување да се пројде. се сеќавам дојдов до мал конфликт со неа кога не направив приска затоа што димчев (систина) на прв скрининг ми рече каква приска, сѐ е ок.
Не му ја мисли ич ако имаш болки директно оди во најблиската болница не смеат да те вратат има да ти направат детален преглед скрос. Јас така отидов пошто матичниот ми беше затворен презадоволна бев. И јас сум исто во Германија и сум слушнала дека се многу лабави, ма да неможам да се пожалам уште од почеток секој преглед земањре крв, мокрача, вагинален преглед, брисеви , ехо. Со ЦТГ од 27 недела и мерење цервикс редовно, а нормална бременост имам. Мој совет ти е ако имаш болки директ во болница, за 1 саат комплет прегледи и мирна ќе си.
Еве сме женски, многу ми беше смешна статијава, и се пронајдов во скоро се. http://www.femina.mk/новости/занимливости/ситуации-од-животот-на-трудниците-низ-илустрации
Eeee, баш денеска гелов го најдов во Зегин, околу 250 ден. е, и планирам да си го земам, иако веќе ставам еден тоник и крема на Балеа, ама и ова може, зошто ме нервира и мене лицето.
Мене грбот лом ми беше исфрлен и многу ми помогна одма ги суши. После ставав и на лице и еве уште го користам супер е