До 13 недела секои две недели одев кај матичниот 6 недели во прво тромесечие да не отидеш на доктор е стварно многу.
Се ок, ама не можам на сила да барам преглед од матичен кога он ми вика да дојдам за 6 недели. Башка кај да најдам нормален матичен стварно не знам. Да одам на приватно на секои две недели треба да давам еден куп пари. Башка зарем не е премногу да те прегледуваат вагинално на секои две недели до 12та недела?
Би ти препорачала да одиш до второ тромесечие на приватно. Барем еднаш меѓу тие 6 недели (фактички за три недели). За вагиналниот преглед нема ништо страшно - цервиксот и бебето се многу далеку од сондата
И мене ми закажа ко тебе па отидов во 8ма со болки и ме виде и на ехо. И да не ми беа болките ќе отидев од 6та дл 12та нед и мене многу ми беше без преглед. Не е многу ако издржуваш чекај го терминот, ако не инсистирај си на преглед за 3 нед пак и толку. Негова работа е да те прими од тебе плата зима ич не му се замарај.
Со ненормален доктор си имам јас работа. Не можам да се расправам со него, некни буквално расплакана излегов од таму. Знам дека сум сега може и преемотивна ради хормоните, ама ниеден доктор нема право да се дере на пациент што нешто го прашал. Затоа за 3 недели од сега ќе си отидам на преглед кај докторката во Ремедика на 10+6, а после тоа околу 13та недела ќе одам пак на скрининг. Инаку и мене ми е многу толку да чекам, да има како ќе си купам ехо да си го гледам и слушам секој ден.
И нема право да не те прегледа оти си имал турено капки во очите Правилна одлука, само би ти препорачала 12+ да одиш на скрининг, а не 13+. Со лесно и уживај
Идиот А нели моеш да најдеш некој да гп смениш вака еден куп пари ќе ги фрлиш на прегледи во ремедика Ја се правев кај матичната па од втор скрининг натака во ремедика почнав со прегледи
Да, така ќе направам. Фала ти. Немам со кого да го сменам, се префрлив кај него од една слична таква незаинтересирана. Не знам кај кого да одам веќе, немаме многу избор на матични во градов, само неколку се. Тоа е тоа, ќе одам сега за 3 недели во Ремедика, па на 3те скрининзи. Нека се збие на пари, нерви за трошење со него немам. Сакам со убаво да си ја минам бременоста, а не да се чудам на која нога ќе го фатам кога ќе отидам.
Мене тука до сега 14+6 на 3 недели ми даваа термин и поради историја и можи и така се гаѓаше... е сега сум за 5 недели на 7ми дек. само да се запознаам со доктор бабица на болница па после на 14 дек за скрининг а кај докторот сум 13 јануари сега веќе почнаа по 5 недели некаде да ми закажуваат термини ама помина ризичниот период па смета дека нема потреба... иначе вчера за повраќањето му се јавив оти беше многу во 6 часа 5 пати ми кажа дека изгледа за некоја инфекција се работи и ако уште еднаш повратам да си одам на болница фала богу се среди со чај од нане... денес стварно излезе дека е инфекција и ми даде терапија од 1 ден..... целосно му верувам на докторов и се што ми кажува практикувам фала му на бога бебе е супер денес го видовме со мерки е до ден точно 104 грама црв мал мој-пол нареден преглед хаха
Сум забележала и јас кај матичниве дека се пофини кога ќе отидеш со маж. Па прави ја таа финта секогаш ако ве пушта двајцата на преглед.
Да да, како кај друг доктор да имав отидено. Фин фин, што да ти кажам. А претходно му имав зборено на маж ми каков е и му се жалев. И ми вика ок е бе овој сега, викам да сега, ама кога одам сама е хорор. И кога му кажав некни дека ме расплака се изнервира ептен. Иначе ваљда го пушти дека прв преглед, не знам. Ама и некако не ми е тоа поентата да му се тресам на господинот дали ќе биде расположен или не. Едноставно се понаша како да е биполарен човекот.
Мила не се вознемирувај, ти реков, само себеси лошо си правиш. Чувај живци и ќе биде се, најдобро е и на специјалист да се оди, мислам ако земаш боледување, кога ти го даваат сигурно ќе прават преглед. А мене ме прегледаа абдоминално и ми кажааа до 12 недела така, а после вагинално.
Па да мила, затоа и ќе гледам да одам кај него само ако морам за рецепти и слично. Нерви за трошење немам. Мене до сега два пати вагинално ме прегледува. Понатаму другите прегледи (скрининзи) не знам какви се дали вагинално или абдоменално.
До 13 недела прегледите се вагинално, а после од 14 недела е абдоменално. Не се оптеретувај сега со негативни мисли иди кај тој доктор дамо за упути,рецепти и слично а за другите работи за скрининзи оди си на приватно гали мешко и уживај си во бременоста
Јас сум 28ма недела и немам испитувано Д димери, а па не ми ни спомнала матичната. А и ми рече дека во понеделникот кога бев дека тоа ми е последен преглед вагинално, до сеа идев еднаш месечно од прилика, сеа веќе на 3 недели прегледи. Само во 34та брис ќе ми земела. Ама јас си идам паралелно и во друг град на приватно, оти не ми е мн сигурна матичната.