Изгледа ко ќе се роди бебе мака ќе мачиме ова време, три дена по ред активно е во 11 сатот навечер до 2 понекогаш.
Мене цел ден низпк протисокот,вртоглавици и ме лупна шред спиење бубрег,аман ме извади од памет се стресов цела дури стомакот ми се згрчи
Ау среќлија! Моето од 1 до кај 4 не престанува со клоцање, цел стомак ми е во шкљ положба, се врти и трти постојано Какво ли ќе биде,само тоа си знае
27+1 Ти? На моменти се осеќам ко за 17та,на моменти ко 37ма Стварно тешко се осеќам деновиве, мешево нагло ми рипна, дур сум нa работа е прибрано во панталони ама дома коа ќе се разгаќам, страв ми е да го погледнам Па и ништо не можам да јадам, од се сум подуена и од се имам гасови,ко некој маж сум по дома, ждригам ко литро пиво да сум испила
Мешиња прашање Тие штo сте сo втoрo бремени, какo пoстапувавте сo првoтo бебе за кревање вo раце? Првoтo ми е 13 месеци, тешка е oкoлу 11 кг, нo сепак нели уште е бебе мoра да се држиме вo раце.. Се надевам ништo нема да му е на бебевo вo меше, oд утре 9 недела
@Larahappy Ох супер сте вие,мојот скоро 3 годинки па плаче за во раце Не дека го носам но цело време ми седи во скут, спие на гради посебно ако сме со кола негде веднаш ми заспива во раце и така го држам до дома жал ми е да го спуштам Можеби и затоа половината толку ме боли, ептен се поврза со мене во последно време иако разбира дека во мешето е неговата сестричка па зема гушка и ја бацува. И става играчки под блуза за да се игра. Души
Ќерка ми е 13кг, гледам да не ја кревам многу, ама ја имам носено 3пати до 4ти кат пошо одлучи да се инаети и бев сама со неа, немаше кој да ми помогне. Инаку кога седам ја земам во мене да се изгушкаме, се пазам да не ме клоцне в меше ама и од тоа неможе да се довардиме..
Јас се правам нормално.Синче има 14кг. го кревам по скали,го бањам сама,дома кога и да посака во раце го зимам кога сака да се гали ,покрај него и сите домашни обврски се ги работам сама.Фала Богу се сум добра Кога нема кој и кога сум сама дома скоро по цел ден мора да биде вака.
Да, и кај мене исто. Се сама морам да работам, и со две деца. Обврски цел ден. Ама се надевам дека нема ништо да ми биде
Јас не броев искрено, јас осеќам. Која недела си? Тоа само се осеќа секој ден ќе знаеш дали некогаш мрда повеќе некогаш помалку. Бар за мене.
не ги бројам , мислам дека ако почнам и за тоа да мислам дека ќе полудам , отприлика знам кога спие бебче , ја осеќам кога се буди и на интервали од час до два мрдка се тегне , удира , така да мислам дека е ОК
Како оправате главоболка? Страшна мигрена ко да ми ја бушат главата имам. Парацетамол мн слабо делува, некое друго апче смее?
И кај мене тие да кажам недели беа помирни ама затоа сега не застануваат, 32+2 сум, и тоа ова што ми е над папокот журка си прави а другово е доле под папок, дури кај препоните и неможам мн убаво да ја осетам, освен навечер кога ќе легнам. Едното денска, другото ноќна птица