Во моментов и немам баш кој да прашам за мислење, освен да одам на ургентна. А немам толку силни болки искрено. Вака ме болеше пред 10тина дена, еве вечерва пак, во меѓувреме ништо.
Ги користела ли овие на Провен некоја , како се на состав и дали се добри , ми завршиа витамините сакам нешто др да земам да сменам а и пробиотик се плус овие , дали вредат за парите
Мое мислење ти е право ургентен,да си бидеш на чисто ,јас синоќа бев ,имав болки во десната страна на слабината,грчење во стомакот...зошто да мислам и отидов.Фала богу бебе е супер нешто се имам оптеретено најверојатно и треба строго мирување и уз пат неколку анализи да не е случајно уринарна инфекција...,песок во бубрег ,јас мислам да си одиш да не се мислиш многу ....со лесно
Колку рок на траење има јагленот? Имам кутивче од 2017, или да одам ново да си купам најпаметно. И колку смеам да испијам?
Сабајле имав некакво пулсирање во стомакот, од памет ме извади. Ме држеше некои 7-8 минути. Од што може така?
Ај јас да си прашам сабајле станував од кревет и како да ме пресече долниот дел од стомакот ама одма престана 1 секунда и толку мислам дека е заради тоа што не одам во вц 3 дена пак не сум појдена.... можно е да е од тоа? претежно знам тука долу дека боли сечи
Дебелото црево прави такви болки, најверојатно имаш запек или кај и да е ќе појдеш во вц и затоа таква болка ти се јавува. И мене исто ми се случува Ако имаш запек земи од сабајле на гладно испи пола шољичка турско кафе и нема да имаш гајле
Девојки,не ми е муабетот за во темата,ама некако овај ден си го чувствувам посебен. Денес ми е роденден,ама посебен зошто знам дека има уште едно срценце во мене и затоа,со кое заедно ќе го праславиме денот. Убав ден и празник на сите
Среќен роденден мила само убавини да ве пратат и наредниот роденден ќе ти биде уште поубав бидејќи со бебче ќе дувате роденденски свеќички Уживај денес и нека ни е среќен празникот Св. Димитриј
Мила здрава и жива да си, да си ја дочекаш малата во раце, здрави и живи да сте, и се најдобро.. Гушки мила Среќен роденден
Среќен роденден мила,да си жива и здрава и здравје наредна година со уште едно најубаво сонценце да си дувате свеќички