Купи си ново. Старо е тоа од 2017, може и поминат да е рокот. Три пати во денот смееш да пиеш, 1 до 2 таблетки. @DELFINA81 Среќен роденден
Малку да се насмееме. Ми се јавува мајка ми денес затоа што изрази желба таа да купи за бејби се што треба кога ќе излеземе од болница. И ме прашува ќебенце од каде сакам затоа што во сред јануар ми е термин и бејби треба да се покрие во транспортерот. Се договараме се фино лепо спуштаме, мм до мене цел муабет го слушна и ме гледа зачудено и вика зашто мајка ти да купува ќебе зарем малку ќебиња имаме дома. Сакал човекот бејби да го покриеме со ќебе 2 на 2 за возрасен човек кога ќе искачаме од болница.
Леле ова маживе ништо не знаат,ама јас нонстоп му зборувам што како и ај полека се учи. И јас не сум толку знаена, прво ми е, ама до некаде знам што како, се учиме сега двајцата.
има право човекот со толку големо ќебе не ќе може да си го покрие лицето и нема ризик од загушување Најдобро идни мамички во вреќичка да ви спијат бебињата, ама да одговара на возраста на бебето Да не купите некоја голема па да се лизне во вреќата па сте направиле полошо Немојте многу топло да ви е дома.Тука препорачуваат бебето да спие во соба на 17-18степени ништо потопло.На оваа температура не ви треба навлажнувач на воздух. Во креветчето на новороденчето никако да нема играчки, гнездо, за да може воздухот да циркулира.Немојте многу да го облечувате.Капа по дома не ви треба, само за надвор .Секогаш фаќајте го вратчето-тилот или градите и стомакот на бебето, дали му е топло, ладно па од таму соодветно топло или ладно или е добро. Ме праша некој нештоНе Ај бегам
Многу ме расположи како си напишала, ве читам чат пат иако не сум трудна (сеуште). Во таа собата кај што би спиело бебето јас не би можела да седам, толку сум зиморлива, 18 ц ми е ладно. Со лесно бременоста на сите овдешни мамички
Ние не грееме во собите кај што спиеме и тт на -15 може да спадне на 18 инаку е околу 19-20, па прозорот ни е отворен во дневната.Вака сме откако малата ми беше бебе.Ама имаме добра изолација.Во мк е многу поладно па собата мора да се замлачи инаку би била и поладна.Ама со вреќичка сигурно на бебето не му е ладно , а и никогаш не е откриено. Ние како народ сме многу зимурливи, ама колку повеќе се навикнеме на ладно ќе бидеме поздрави Ти посакувам и тебе побрзу да не дружиш
Јас ги користам веќе 4ти месец, околу 800 ден се, искрено јас сум задоволна, крвта 127, железото 29, сите витамини, + минерали содржат и пробиотик.
Дали има некоја да сподели искуство со настинка во 2ро тромесечие? Се надевам не е корона. Малку затнат нос, послаба главоболка и макс. покачување на температура 37,6°.
Девојки знам дека треба да прашам пак гинеколог но ми треба моментално мислење дали е во ред секс во бременост? Прочитав дека тие што имале абортус ризична бременост не се препорачува моментално мислам дека немам ризична бременост гинеколог не ми рече секс не или секс да малце ми е шубе да не се случи еншто недај боже?
Па ако не ти е ризична бременоста може, ама користете си заштита заради инфекции. Јас сум 28ма недела и до сеа сме без секс, а и додека се роди здравје, оти сопругот нема шанси да се нафати, му е страв заради бебето. Твојот ако си сака, и ако имаш нормална бременост може.
Само првите три месеци е препорачливо да се избегнува, но ако немаш ризична бременост после тоа можете најнормално да функционирате
Искрено немам крварење и такви работи само терапија имам заради претходен миссед чуствувам вина ама хормониве ме избудалија се надевам нема да биди ништо лошо
Имате ли изберено име за бебчето? Ние откако дознавме со сопругот дека е женско никако заедничко име што ни се свиѓа да најдеме. На нерви ми иде он веќе.
Кај нас е рано сеуште се име, во вторник втор триместар влегувам. Имавме име за женско, ама син ќе имаме, така да и кај нас ќе има дебати, многу поделени мислења за машките имиња имаме. Уште колку имаш ти до пораѓај? Пробајте по пат на елиминација, можда ќе стигнете до две именца.
Ние едвај избравме. Прво имаше едно, јас одамна го сакам, и на маж ми му се допаѓа. Потоа го проширивме списокот на 6, скративме на 2 и едвај одлучивме во 8ми. И на крај се решивме за првото. Имиња што не ни се доаѓаат и на двајцата одма ги прескокнувавме.