Јас пред 1 недела мн повраќав 5 пати во 6 часа се јавив кај гинекологот го прашав мента дали можи за да се смири желудникот и одговорот беше дада секако може и и пијам чај од боровинка
Јас имам читано дека циметот не е препорачлив во бременост но мала количина не верувам дека би ни наштетила
Искуство со sideral folic да сподели некоја ако пиела..матичната ми ги препиша ,хемоглобинот ми е под граница
Priska ne praev si pravev nipt. Inaku i mene me vodi Dimitrov ama Petrova mi go pravese skriningot. Napravi si prvo skrining moze i da ti recat ne treba priska ni nipt. Mene taka mi rece ama jas vise si go imav napraveno
Девојки како сте, што правите? Мене ме утепа досада сама по дома цел ден па и земјотресиве налет.. и вас ве нема да отварате некои теми тука, дај кажете нешто како ви оди бременоста, јас денес 20 полни недели, бебка си мрда, навечер само се вртам од една страна на друга ме болат нозе колкови све... и многу апетит имам, еве сега си мислам што следно да каснам
Еве јас да си се пожалам, од понеделникот наваму сум катастрофа, сува кашлица, па омалаксаност, главоболки, слаба температура вчера, мм се врати од работа седна да јади вика немам вкус, прска парфеми вика ништо не осеќам. И тој неколку дена со главоболка. Најверојатно ни дојде короната. Јас дома работам од март немам мрднато. Тој има работа кај шо има секојдневно контакт со многу луѓе па очекував кога тогаш. Тој нема нешто мака, ама јас температурата ме отепа и кашлицата. Едвај функционирам Се надевам нема на бебето да му наштетам инаку 19 + 2 денес.. Синчето нема ништо за сега се надевам така и ќе остани..
Мила што и да излезе најбитно е да не паничиш.Јас сум бремена 10 недела.тест ковид негативен,после 7 дена од тестот а 11 од контакт изгубив мирис и делумно вкус.Еве после 7 дена сеуште ми се нема вратено.Темп немам,кашлам по малку,други симптоми немам.Се консултирав со повеќе доктори и гиниколози и сите ми рекоа најпрво да не паничам,дека скоро сите трудници поминувале со слаби симптоми и дека не е докажано дека короната влијае врз плодот односно дека плацентата не дозволувала да се пренесе.Од терапија витамин ц 1000,витаминд 4000,цинковит ц,сируп за кашлица,фраксипирин.Докторите ми рекоа дека ако има потреба и антибиотик сумамед ќе се уклучи.Сега викам со господ напред дсј боже се да биде во ред со бебето.Јас бев во изолација и само со двајца од куќата во контакт и затоа колку и да се пазиш така требало да биде.
Од денес почнав таква терапија плус сумамед. Јас многу кашлам некако и многу сум омалаксана, ме боли се, сила немам. Некако не ми се чини дека се слаби овие симптоми. Еве мм нема скоро ништо само вкусот мирисот и малку поткашлува. Летото и свекрва ми и свекор ми беа позитивни па ми се чини полесно поминаа од мене. Само да не се влошва дај боже и од утре веќе да е поарно се молам. Ќе чекаме до петок за тестирање, ама немам сомнеж дека е Ковид. Особено губењето на мирисот и вкусот, истото беше и кај свекрва ми..
Мила пробај и природно да ја намалиш кашлицата, ставај ракија со црн пипер на вратот,повеќе чаеви,лимон,цеден сок,мед со прополис капки и има сируп за кашлица на природна база за трудници. Тебе одма антибиотик ти дале а мене ми рекоа не дсј боже да се влоши состојбата тогаш антибиотик а прво на природен начин за кашлицата
Не знам дали е дозволено... Некаде пишував за кашлица, рецепт, ама треба да се праша дали смееме бел синап.. Во пола кило мед, (велат не е важно каков) 1 мала лажичка мелен бел синап,1 или 2 лажици мелено ленено семе, 1 сок од лимон и сето тоа измешано.. Може да отстои 1 или 2 дена, ама и не мора. Пред секое јадење по 1лажичка да се консумира. Имам слушано од луѓе блиски кои имале проблем со кашлица, бронхит. Бидејќи јас сум склона на ова, треба да прашам др дали е дозволено, заради бел синап. Исто така и чај од ѓумбир со мед и лимон е ефикасно.Само колку е дозволено.
@SophiaBella @Maya12 со помин да е девојки. Ќе помине, само со позитивна мисла. Ништо нема да им е на бебушите, безбедни си се они внатре
Маја консултирај второ мислење. Во фам имам доктори братучед ми кога се разболе со кашлица одма сумамед и одма после 7дена ренген правеше. Влошувањето на симптомите е во втората недела рака ми кажаа. Не да те плашам може и природно ќе ти помине. Но од тоа што ми кажаа ск вит ц ги лекуваат тие што имаат симптом на настинка а за кашлица обавезно даваат антибиотска. Затоа ако имаш мкжност второ мислење барај Со лесно нека е
Јас мила сум 17 ден после контакт денес и плус сум со инвитро и во постојана комуникација со матичен гиниколог и инвитро докторот од Плодност и стрикни насоки добив дека антибиотик се прима во случај на влошена состојба а не како превентива од кашлица,температура и немам и плус на три дена идат од брза помош и ме слушаат на градите,не сум оставена без терапија и примам сируп за кашлица.Совет од мене дека антибиотик не се дсва одма особено на бремени во прв триместар секако потребно е да се следи состојбата.Ова е мое мислење кое е направено со консултација на доктори и се надевам на крај се добро ќе заврши будејќи јас долга борба водев за ова бебе,со господ напред
I jas znam maksimalno treba da se izbegnuva antibiotik vo prv trimestar. Jas imav oteceno grlo vo prv i mi rekoa togas nesto na lizenje i vit c nikako antibiotik ako nemam bakterija. Si napraiv mikro brisevi i ispadna stvarno nemav
Штом те водат како што кажуваш немаш проблем. И секако чим си прв триместар нема антибиотик мислев си малце покасно затоа. Секако те следат затоа препораките за сируп. Ова што кажав примеров е веќе за кашлица не за превентива. Со помин нека ти е секако статистички трудници со лесно поминуваат! Ќе се заврши добро секако не мисли поинаку
Јас завчера баш ја примив, тука во Америка се препорачува за време на бременост.Првпат примам и немав никакви проблеми само малку рамото ме болеше