Здраво. Бремена дум само трета недела, бевме на гости се опуштив испив една чаша црвено вино, па еве сега цела сум во паника да не се случи нешто на бебето бидејќи сум во рана бременост. Ве молам за совет многу сум загрижена
Не се секирај од 1 чаша ништо нема да биде. Но гледај да не се повтори, особено не во прво тромесечие.
Свесно внесувате алкохол па после тука паничете не ми е јасно... Повеќе трудници читам дека го прават тоа
Девојки кога бев на гинеколог ми даде индикатор да види дали во мокрачата имам нешто и се утврди дека имам инфекција и ми даде прашак еднаш да го испијам и тоа е е сега од време на време имам како зелено=жолто на бришење-не секогаш да речиме сега имам па после можи по една недела или по неколку дена.... Тука јас од почеток му кажав дека во минатата бременост на брисеви излезе позитивна уреоплазма ама тука има др принцип не прават брисеви ама ич,крв немам испитано до сега мора доктор да наведи зошто го правам-во цела бременост некаде после 20 недела за крв и мокрача дури на минатитот преглед. Дали жолто-зелено е инфекција или бактерија што се утврдува преку брис или можи да е од инфекцијата што ја имав на мокрачата? Фала ви
Денес приметив исцедок жолтеникав , малку светло кафенишкаво , 33 неддла сум ве молам за совет ? Дали треба да идам кај матичен
Ве молам за помош! Како што кажав најверојатно сум позитивна на ковид. Денес ми се случи да почни да ме боли стомакот како за во вц. Немав одено 2-3 дена. Некако со мака успеав да одам малку беше посуво. Се смири стомакот некое време, но сега еве наеднаш почн а пак да ме боли дплу ниско како за во вц јака болка моја трае некоја секунда ме пушта па пак се појавува исто. Болките се прилично јаки се исплашив многу. Сега успеав уште еднаш да одам до вц. Не знам како ќе биде но многу се плашам. Кој ќе ме прими да ме прегледа со ризик за ковид. Никој. Што мислите дали можи така јаки болки да се од подолго што немав одено во вц или да се плашам од најлошото? Еве гледам пак имам некако болка.
Која недела си? Ако си во скопје жан митрев знам орават ренгени и други прегледи за луѓе со корона Ја имав такви болки во 37ма испаднаа лажни како за вц ама па кај секој различно мора на цтг да те видат Пиши што ќе направиш негде мора да те примат
Женски, колку е нормален пулс во бременост? Почна да ме стега глава, и земав да мерам притисок, тоа стрелката не можев да ја стигнам, многу брзо чукаше, и притисокот ми е обично нормален 130 со 80/90, а сега 140 со 80, малце покачен, и се исплашив, и за пулсот и за питисокот, и што ме стега така главата напред, горе над очите.
19 и 3 дена. Од битола сум. Ќе почекам малку сега се потсмири ако продолжи ќе одам немам друга опција.
Рано ти е за лажни болки Искрено по мене би требслс да одиш не ме сфаќај погрешно не би да те плашам и така си испаничена ама чуј се до матичен
Сега се слушнав, ми вика можам дијазепам од 2мцг да се напијам, луѓе имате ли искуства, што да правам?
Мила според мене најубаво да те види доктор.Јави се во брза помош кажи дека си бремена и суспекна на ковид и побарај да те однесат во болница на гиникологија да те прегледаат веднаш. Секако во секоја болница на гиникологија имаат посебен дел за позитивни трудници.Или да се јавиш во Плодност да прашаш дали прават преглед на суспекни од ковид трудници.Тоа ми текнува во моментот
Се слушнав со матичен ми даде дабростон, две сега наеднаш и едно пред спиење. Имам нонстоп сега болка така тапа не многу силна се надевам ќе се смири. Ако не ќе барам чаре.