Здраво мешковци и од мене, сега само што се вратив од кај Димчев добро поминавме се е уредно и плодовата вода и бебушко мој е супер , само ме зачуди зашто побара да ме види уште еднаш во 30 недела а не ми води бременост. Наводно да видел како сум го хранела бебушот????????? не разбирам што ова значи и незнам дали на некоја друга и се има случено тој што ги терал скрининзите дали побарал да го види бебушот и после нив . инаку за негативата и мене денес ме јаде и тоа ме разгризува , значи ме уништи негативната енергија а што е уште потрагично и мм денес цел негативен ама у пм , стварно у пм, ајде меу и сите останати најверојатно тоа е се пролазно и може не треба толку многу да се оптеретуваме (ова го пишувам со цел читај што пишувам не гледај што правам ) многу труднички не придаваат толку значење и нормално си тераат со тековните обврски па се чудиме на после на приказни о оо па јас супер поминав одлична бременост лесен пораѓај . Можеби и ние треба така да функционираме , само да можеме. поздравче убав ден
Добар ден мешиња како сте денес ? Јас сум супер се изнашетав овие 2дена па сега малку дома одмарам.. се повеќе ме фаќа страв и паника ама тоа е што да се прави Ако ништо друго барем времево не е толку топло како што беше па може некаде да прошетаме Имајте убав ден
Ивановичка, колку што разбрав јас на последниот преглед,со ехото можат да го видат протокот на храна преку плацента и преку циркулацијата на крвта во постелката. Јас најверојатно поради димерите имам од десната страна неколку лакуни( или не знам точно како се викаат) па бебето во 20 недела имаше големина како 19, па ми го одложија цел скрининг за 22 недела и ми појачаа исхрана и витамини. Така што нема ништо страшно, може да сакаат уште еднаш да видат како се одвива протокот на храна за 10 недели.
Здраво и од мене идни мамички. Денес осеќам некоја болка под десната града, не знам што е таму, желудникот можеби ?? Како да ме сече некако веќе некој саат време и не поминува , сега си направив чај од нане па да видиме може ќе ми помине, а и тие чудни болки што ми се јавуваат постојано на различен дел од стомакот ми минат и сами по себе, така да и не се многу секирам. Што се однесува до срцебиење или тахикардија и кај мене откако останав бремена, почна се почесто да ми се јавува, мислиш ќе ми излезе срцето од толку силно што ми чука, ама мислам дека е нормално во бременост, така барем читав и уште ми е така, без разлика дали сум уморна или одморена , најадена или гладна, ми чука забрзано кога како. Ете така. Ве поздравувам и ви поскаувам убав и пријатен ден мешенца
Уник, абе кај си ти? Дај кажи како ти поминуваат последниве денови, промени, осеќај, што е како е, се ме интересира Јас сум ок, се средив и сеа психички се спремам за утре, за брис е мн мразам брисеви
Здраво мешиња како сте денес???? Како Ви помина викендов? Поврзано за тахикардијата и кај мене го има истото но во такви моменти пијам бедоксин и не се плаши тоа е нормално. Поздрав до сите и имајте пријатна вечер.....
Добар ден женски . Еве сум јас денес, после толку завршени обврски конечно дома одмарам Вредна бев и умна , па е заслуежен одморот Денес испитував крв, урина, бев за брисеви... Се е добро од резултатите, сега нема бактерија во мокрачата, веројатно антибиотикот си ја заврши работата. но затоа пак железото е на долна граница Давајте идеи и совети што да правам, како да го покачам, пијам сок од цвекло, деенес ќе направам и сок од аронија , а спанаќ никаде неможам да најдам , имате некаде видено??? Прегледот помина супер, цуцата си расте, протокот на крв, циркулацијата е добар, еве за 2дена 34н , а плацентата сеуште не е стасана до 2степен, што е уште една добра вест. Бебушка е тешка 2010гр. , буце мамино Добро е се, само чичко доктор кажа да се исчувам , да одмарам уште две недели , да не си бараме бељата на сила сега Е така ,се ве информирав, а сега дајте ми информација колку кошта уринокултура во Пролече со картонче???
МеУ ако можеш јади го цвеклото свежо како салата така е похранливо. А и да боровинките многу брзо ја зајакнуваат крвта содржат голема количина на железо пиј сок од боровинки, а ако најдеш јади ги и свежи. Тие имаат вкус на железо ама се многу здрави. Дали докторот ти даде некакви апчиња за појачување на железото? Мило ми е што бебенцето си напредува одлично само нека продолжи така
Јадам женски, леќа обавезно еднаш неделно, цвеклото го направив во соковник, со моркови ,лимон и јаболко. Сега земав и аронија, ќе пијам, па да видиме, се разочарав малку Не ми кажаа за никакви витамини сега, додуша не ни бев со резултатите, пред да бидат готови бев на гинеколог. Сакам на природен начин да видам што ќе направам, до петок здравје, кога треба пак да одам на преглед па ќе видиме може ќе ми дадат нешто. Пак да прашам, за во Пролече да не имате информација за уринокултура, цена , дали се закажува и сл?
Мeu за железото мене ми помага и какаото ,чај од коприва или мешавина од коприва и малтекс/мед. Копривите можеш да ги најдеш во Билна апрека карши УЈП има. A,oд овошје со железо изобилуваат капинките. Пиши на google , food with iron-fе и ќе ти даде листа на храна богата со железо.
а зошто не си одиш на државно во микробиологија за уринокултура?? јас досега два пати таму однесов мокрача за 2-3 дена ми ги дадоа резултатите и се плаќа 40 ден ако не успееш по природен пат, ако сакаш пробај да пиеш колострум таблети ги имаат сите витамини во нив и супер, се досега кај мене секој месец резултатите се супер, а најбитно е дека се на природна база
Јас пак леќа не јадам никако, цвекло исто така не јадам, овошје и зеленчук никогаш не сум имала желба да јадам и не јадев се додека не останав бремена и сега јадам ама на сила и тоа пак не толку често како што треба, кога ми текне, а месо јадам преку еден ден, особено пилешко обожавам , а и телешко исто така и пу пу да не се ми уроци, секој месец до сега крвта ми е супер, железо и хемоглобин исто така супер и немам ни потреба од дополнителни таблети , гинекологот не ми има дадено сега за сега ништо од тоа да земам, железо или магнезиум или не знам кои други таблети на природна база ги пиете вие трудниците, за сега нема потреба ми вели докторката за такви работи плус да внесувам штом се ми е во најдобар ред, така да не знам што да кажам, ете јас не се хранам толку многу здраво како што гледа и самата па крвта и железото се ми супер. Можеби има дел и месото што го јадам толку често, телешкото месо има железо , па МеУ пробај и ти јади повеќе месо ако не јадеше до сега, па ќе видиш дали е до тоа.
Охх Боже, па што не си ја породил дома Ви благодарам на сите за советите за железото. Јас чекам да му се јавам на докторот па да видам дали да земам нешто за пиење оти некако песимист сум дека ќе ми се зајакне само од храна За точно 10дена од 15 на 8 се спушти, а долна граница е 7 Многу сум среќна што си ја видов бебушката денес, уште си се радувам, на кратко беше , зошто неможев да лежам, тежи пусто , но за после 6недели доволно ми беше аххх а не сум свесна дека уште максимум 6недели додека да ја гушкам, како лета времето не ми се верува :geek: Инаку веќе и знам време кога спие, кога е будна и мрда, почнав да се привикнувам на нејзините термини, па валда нема да ме зезне кога ќе излезе, да смени нешто калиас месо не јадам и никако неможам да јадам, навистина незнам што ќе се прави. А инаку магнезиум незнам зошто до сега не ти дале, тој не е за крвта туку да ти спречи понатаму предвремени контракции , а исто така е многу добар за мозокот на бебето
и јас бев така едвај чекав да одам на ехо да се видиме со бебето, сега малку ми е страв од тоа што ке видат, што ке кажат и избегавам да мислам на ехо средби. А дали до сега си пробала кога ке си легниш да ги ставиш рацете на стомакот и кога ке почнат да испуштаат топлина во стомакот почнува бебето да реагира како да знае дека се задеваш пробај ако немаш до сега пробано, оти јас кога ги ставам рацете на стомакот додека лежам и веднаш почнува да мрда Инаку пак ме боли папчето веке 2 дена
Јас имам една мала недоумица и би сакала да ве прашам, од која недела влегуваш во 9 месец? Нели термин гинеколозите ни го одредуваат со вкупно 40 недели од бременоста, е сега во 9 месец влегуваш од 33 недела или грешка сум? Јас на пример сега сум 20н3д по УЗ и така ми е и сметано за термин и значи го завршувам 5 месец и за 4 дена влегувам во 6ти, така ли е или јас грешно ги рачунам неделите?
Kallias, мислам дека правилно си ги рачунаш неделите ,а во 9 месец се влегува од 36 недела, така да уживкај во бременоста имаш уште време до 9 мес..Ти посакувам лесна бременост..