Јас наместо сабајле и навечер двете вагиналети ги ставам навечер и така малку е полесно. Ова е секако предлог од доктор, цела бременост ставам и доста ми олесна што не ставам 2 пати.
Подобро да издржиш.. И јас до 12 ќе ги користам и се навикнав веќе.. Ставам секој влошки и ги менам често.. Евридеј со камилица... И подобро е вагинално, барем јас така мислам... Ако ги пиеш треба секогаш во исто време.2 насабајле, 2 навечер
два месеци го примам , ми го дадоа за скратено грло на матка , контракции , отворена сум и ризик од предвремен пораѓај , сега сум 33+5 требе уште една недела да го примам , е сега логична работа што ми ја кажа гинекологот , вика навечер ја ставаш пред спиење легнуваш не истекува таблетата и добиваме ефект од 8 саати , а ако сабајле ја ставаш вагинално после неколку часа ке истече , а кога ја зимаш орално осигурани сме дека ефектот на таблетата има покриеност во следните 12 часа додека да ја земеш следната затоа што ја внесуваш и задржува организмот цела доза ,а вагинално кога би истекла половината ако не целата имаш време да апсорбираш половина или четвртина од тие 200 мг зависно кога ќе ја исфрлиш .... баш логично
Ептен е логичен муабетот да, затоа и јас таква комбинација смислив во глава пошто сабајле имам неспоредливо помалце остатоци од вагиналетата што ја ставам вечерта, отколку од таа што ја ставам од сабајле. Плус сега сум дома овие две недели па некако се трпи, ама ќе тргнам пак на работа од понеделник и плус и за тоа ми е. Ај ќе видам ќе размислам како да правам.
@Bella_Stella и јас сум од 5та недела со утрогестан од 200. Бидејки одев на работа на почетокот одлучивме орално да ги земам, еве сега сум 31 недела и уште орално ги земам. Тешки се за привикнување мене и ден денес ми се спие после апчето, ама во однос на функцијата е иста дали орално или вагинално. Ако си дома пробај едно утро после појадок напиј се ке видиш реакција.
На контрола ќе одам дури за три недели, а немам комуникација по телефон. Ќе издржам уште три недели, како и да е. Да, добра е идејата. Ќе пробам викендов да се напивам наутро, па ќе видам како ќе реагирам овие два дена. Ако оди супер, ако не пак по старо од понеделник. Фала ви на сите.
Кај мене едниот плод беше екстраутерин и во 8ма недела прсна, имав нагла силна болка која ме превитка. На ехо се виде, ама се ресорбираше само.
Кај сите различно некој го тераат до 30 недела некој до 34ќе ти каже самата доктора до кога да го ставаш и да подобро е вагинално да го ставаш него ли оранлно бидејќи поубаво го апсорбира
Не се идпаничив толку за короната, колку за болките шо беа буквално како породилни, а ми кажа матичниот гинеколог дњка ако треба да одам на болница во нашиот град нема да ме примат, ќе треба да одам скопје. И подобро да не се тестирав и јас. Барем немаше да се плашам дека како куче ќе третираат бремена жена и ќе ја остават на улица со болки. Кога нема обзир спрема никој и ништо, тогаш зошто јас би се грижела дали ќе ги заразам оние што ме бркаат како куче? Револтирана сум до небо и назад.
Zdravo dali sekoja trudnica treba da ja prima inekcijata zaso sega prv pat doznavam za toa ja pred nekoj den ja primav taa za nulta negativ. Fala odnapred
Ако ти е во ред цервиксот и се' друго, најверојатно ќе ти го прекинат. Околу 8-12 недела самата плацента почнува да произведува прогестерон. Ако нема потреба од дополнителна поддршка (пример крварење, скратен цервикс), најчесто го прекинуваат. Е сега, секој доктор си има свои практики, некои знаат и да продолжат чисто превентивно барем од тоа што читам по форумов.
Ako imas indikacii za predvremeno poroduvanje togas se primat jas sum bremena so bliznaci pa zato gi primiv ama eve teram 36 nedela...
Фала ти на појаснувањето. Ќе видам како ќе биде кај мене, ќе одам на прв скрининг и кај матичен, а после тоа и на приватно и ќе добијам две мислења. Матичниот мислам дека ми ги даде како што кажав превентивно, чисто да се осеќа побезбедно он, али ајде. Ќе издржам уште три недели па ќе видам што понатаму.
Фала му на бог немам такви болки. Имам тапи болки слаби ама не се како тие вчера. Како напнат да ми е стомакот дури и на допир како да ме боли. Пијам дабростон засега е ок. Не знам на што да ги припишам ваквите болки дали на температурата шо ме убива четврт ден, секое ковче и мускулче на телото ме боли, на кашлицата, на гасови што ми се срвараат во цревата или е нешто друго. Ќе видиме како ќе биди. Ме смирува што почнав да го осеќам почесто и посилно бебето и само се молам се да биди во ред.
Ќе те следи матичната и ќе ти каже обично го даваат за зацврстување на грлото на матката некој цела бременост некој го прекинуваат порано тоа е прогестеронска терапија и нема лошо и да го ставаш до крај на бременост.
И мене ми го препиша како за превенција на почетокот на бременоста, и сеа во 29та недела пак. Ама јас ни на почетокот ни сега не го користам, зошто идам и на приватно и немам потреба. Она за превенција и метилдопа ми даде на притисок 130/80 и нив ги пијам само ако ми се покачи над 140/90. Иди си и на второ мислење.