Со недели грлово и крајнициве ќе ме болат ,ќе поминат,и така на неколку дена. Станувам нешто затната, грлово црвено сега ме боли, се плашам да не е короништево,ама па немам од каде.... Температура немам, ама се осеќам настинато, само грлото ми е црвено и ме боли. Што пиете кога ве боли грло? Ако не сум подобра ќе одам на лекар во понеделник, ама сега за сега...
Може и алергија да ти е. Нешто да не имаш мењано од храна зачин прашок омекшивач. Истово ба пролет ми се дешава грло жар скроз затворено тешко дишам како омалаксана коски ме болеле друго ништо. И ја сум лекувала како настинка дури не открив дека ми е алерија на полен ..
Женче земи си само вит ц 1000ка, супи со бибер многу, млеко со прегорен шеќер, чаеви топли со мед и лимон. Ако немаш температура не оди одма на доктор, почекај прво вака сама пробај дали ќе помине, нормално е, вируси секакви има, не мора да значе дека е корона.
Офф не знам, уште повраќам од секаков мирис на омекнувачи,храна и слично, за никаде сум, сакав да стопам шеќер со млеко како карамела знам дека е добро за грлото,ама не можам да пијам млеко...повраќам.Прополис капки смееме?
Офф може и од повраќањето ти е грлото долго те држи Не знам искрено мислам дека може, зошто не би смеело
Мене матичната ми рече дека смее прополис, ама без алкохол. На прополисот пишуваше дека не се препорачува за трудници и го баталив,не го прскав.
Раствори сода со вода и гаргара си прави. И мене ми е црвено и ме чеша ама јас цел живот сум така, од бебе сум кисела и со инекции ( среќа што пред 3 години ги извадив крајниците, сеа и загноени ќе ми беа) јас пред спиење исцедам 1 лимон и со него гаргара правам, ако можеш ова без да го раствараш ќе ти помогне, и парацетамол пијам.
Раствори сода во вода и прави гаргари. Исто ако немаш проблем со тироидеа, земи јод 1% и гаргари со него, мене многу ми помага јодот.
Мила најдобар лек за грло лажица мед и на него капки прополис ама за деца што се,неколку пати на ден и ќе ти се смири грлото
Прополис за деца барај. Јас обичен ставам, само тоа ми помага. Прегорен шеќер со вода може. Пастили барај за трудници. Фишерменс френдс. Да не е сув воздухот во собата? Некои жени алкохол пијат за време на бременост и доење, дозволено било. Јас сум против било каков алкохол ама подобро неколку капки прополис директно на грло отколку антибиотик.
Здраво дали има во групава трудница која пред бременост пиела Бромергон,и потоа до која недела од бременост продолживте да ги пиете?Пред ифв ми беше пролактинот малку над граница и имав терапија на 12ч по 1/4,сега веќе сум 8ма недела еден доктор ми вика до 12та матичната вика нема потреба да ги пијам .
Јас пред бременост пиев долго достинекс, па бидејќи тоа не смее во бременост преминав на бромергон, пиев до 12та недела.
Јас пиев бромергон до 12та недела, потоа ми ги прекина инвитро докторот. Матичната не ја слушав за овие работи, за се си се консултирав со него.
Јас пиев пред инвитро достинекс после позитивен тест ИВФ докторот ми кажа да ги прекинам нормално било во бременост да се покачува, како ќе ти каже докторот така
Девојки дали е можно од клексанот да ми крварат немцата на забите? Јас сум од почеток на бременост со клексан и до крај ќе бидам. Читав некаде дека можат да предизвикаат крварење. Дали тоа значи дека при терапија со клексани треба повеќе мирување или најнормано функционирање
Слично и кај мене. Шмукам пантенол ориблети и се смирува.. па по некој ден пак исто. На работа клима, дома клима+оган на дрва, пресушен е воздухот,мислам ми е од тоа. Ако се осетам настинато, шумливи Ефералган пијам или лекадол со ц.
И мене ми крварат непцата а не примам клексан, мислам дека тоа нема врска, ваљда од бременоста и тоа е последица.
За непцата, пред два дена земав четка на Курапрокс, до таму беше крварењето. Ми беше гадно да си ги мијам забите дури, ама добро е се среди со четкава.
И мене цела бремоност ми крварат непцата, понекогаш и страв ме фака а не примам клексани. Сменив и четка...ама пак исто, мислам дека е од самата бременост