Исто и јас од почеток до крај боцкав клексан и цело време ми беа воспалени и ми крвареа непцата, а користев сенсодине мека четка и сенсодине, лакалут, парадонтакс паста за заби, ама од ниедна немав ефект. После породувањето веднаш ми се смирија непцата и престана крварењето, иако клексанот продолжив да го примам уште една недела.
Мене забарот ми кажа дека крварат непцата во бременост од хормоните односо ти фаќаат гинковитис и ми рече со мека четка и почесто миење и плакнење друг лек нема кога ќе се породиш ќе ти престане
За гингивитис да ви препорачам четкање со Парадонтакс паста (цела бременост) и има една многу ефикасна течност за плакнење Перио плус. Нормално е да крварат непцата во бременост но со соодветна нега ќе се намали воспалувањето.
Женски како го решавате проблемот со бели влакна? Не сум се фарбала од пред да останам бремена, имам долга коса и белите влакна многу се познаваат баш од напред само ми искачаат.
Епа затоа што фарбата има некоја состојка што е штетна за бебето и ако имам некој раничка или дупка во главата ( а сигурно имам бидејќи имам многу првут) може да навлезе во крвта и да влијае негативно на бебето .
Фарба без амонијак смееш или земи си во голден роуз имаш карминчиња да ги покриваш влакната ако ти е страв од фарбање
Прв пат слушам, а за од глава да дојде до бебе малку потешко. Земи си фарба без амонијак ако ти е страв,или некој колор шампон ма да не знам колку ќе ти врши раб. Јас и се бланширам и се фарбам,проблем немам.
@Li-Li мене и матичниот и гинекологот во плодност ми рекоа дека слободно можам да се фарбам и да правам нокти со гел, дека тоа не штети никако на плодот. 14+ сум, досега два пати сум фарбана. Фала му на Бога засега сѐ е во ред со бебе.
Не знам веќе кого да слушам. Некој вика штетно, некој вика не е штетно. Мајка ми урла никако да не сум се фарбала, баба ми исто. Сестра ми додека беше трудна не се фарбаше. На почетокот на бременоста имав компликации, фала му на бога сега за сега се е во ред и малку сум исплашена и затоа не би се фарбала од пусти страв да не се случи нешто што не треба. Би пробала со некој препарат (ако постои таков) што е привремен и со миење на косата што се вади.
Можеш слободно.И јас имам бели влакна,дека имам скроз црна коса мн се познават и се фарбам од почеток.Проблеми со бебче нема.Има фарби и без амонијак,така да улепшај се без грижи.... А има и спрејчиња од лореал јас имам а сигурно има и од др фирми.Можеш и со тоа да прикриеш белите влакна,доколку ти е страв со фарба за коса.
Во првата бременост се фарбав и сега се фарбам на два месеца и се е ок. Можеш да користиш фарба без амонијак. Тоа каква одлука ти ќе донесеш си зависи од тебе лично, но не штети...
Ако имаш потемна боја на коса, фарба без амонијак ќе ти заврши работа, а можеш да пробаш да ги замаскираш со колор шампон или евентуално прамени да ти извадат на фризер со фарба и послаб хидроген на местата каде што најмногу ти се познаваат белите влакна. Инаку јас после 12 недела се шатирав со бланш на фризер.
Пробај со кма, колор шампон, консултирај се со биодевојка за природно боење на косата... Друго не ми текнува.
Да ве прашам тие што користите витамини Фемибион, веќе 2 месеци сум на Фемибион 2, денес купив пак Фемибион 2 но пакувањето е скроз различно, а исто така имаше голема разлика во цената, доста поефтино ги земав.Аптекарката ми вели имат ново пакување, но дома кога ги отворив и таблетите се различни, првите имаа плус ампула со течност Омега 3 мислам беше, сега овие се со сосема друг изглед и боја. Го читам составот ама не гледам разлика, па дали знае некој што ги користи во што е разликата?
Јас пред некој ден земав фемибион 2, второ паковање. Поевтини беа дека на попуст им биле во Зегин. А внатре има една таблета и една капсула што се пијат по една од двете на ден, и кајтебе ли е така?
Девојки имам две прашања. 1. Што пиете кога ве боли глава, мислам на алтернативно, не апчиња? 2. Каков антиперспирант користите? Пробав еден на Алверде без амонијак и прв пат во животот се замирисав, воопшто не ми е ок. Инаку по природа никогаш не се потам, то ест многу малце, а уште помалку да замирисам. Препораки?
Најобичен антипреспирант како што си користев и претходно, па што има врска ако има амонијак тоа е многу мала доза барем според мене