Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.838
    Пол:
    Женски
    Земи си стик со кристали, нема шанса да замирисаш од него. Нема мирис и е безбеден за бремени. Јас од Зегин го земам, а има и во дм. Некогаш врз него прскам нивеа или рексона без алуминиум.
    За главоболка, седење во затемнета просторија, или турско кафе со неколку капки лимон процедени во него помага.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас па не успеав на стомак да се боцнам, не можам ич да штипнам. Се' во бутки партали ми се веќе, од денес ќе почнам во рака. Некако мм да штипне јас да се боцнам, ќе видиме.
     
    На natasam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Мешиња едно мислење ве молам. Штотуку зедов Pregnancy Forte од pharma vital Како суплемент. По состав многу слични, нешто подобри од Premama duo, а во цена дупло поевтини.
    Сѐ супер, ама во составот имаат бета каротен 3мг. Се двоумам дали е безбедно да ги земам или да си ги сменам и да си продолжам со премамата?
     
  4. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Штом се за во бременост не може да се штетни, сепак јас препорачувам фемибион и мислам дека и уште сто пати да останам трудна нема да ги сменам :D
     
    На mace89 и IRBBB им се допаѓа ова.
  5. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Дали пиете нешто плус за имунитет, во стил на Алое Вера, домашно приготвени нешта, со мед, семиња и слично.....или некои другу додатоци за имунитет, или само витаминските таблети за во бременост?
     
    На Maya12 и mace89 им се допаѓа ова.
  6. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Не би требало да се штетни бидејќи се за во бременост но исконсултирај си се со матичната кажи и па ќе видиш што ќе ти каже
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.832
    Пол:
    Женски
    Девојки 16+4 денес забележав како да ми истекува течност од градите е дали е тоа првото млеко или нешто е друго рано е за првото?
     
  8. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Мед со пресирани пченични никулци по препорака од мојот нутриционист секое утро и семе од коприва со мед и лимон навечер поради тоа што лимонот ми прави лошење кога го пијам наутро. Алое вера и матичен млеч пиев пред да забременам но после позитивен тест ги прекинав бидејќи читав дека не се препорачливи во бременост
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Можеби темава не е за тука, но поврзана е со бременост, ќе бидам подолга извинете но видно разочарана и гневна сум. Само да си ја искажам маката. Работам како професор по македонски јазик во средно скопско училиште, нормално, со договор на дело. Вработена сум како замена за професорка по македонски јазик која стана директорка. Автоматски, немам право за барање решение за неопределено. Од претходната година забележав негативен пристап на директорката кон мене. Иако ми даваше прекувремена работа со организација на патронати и настани во училиштето, давав максимум од себе, неспиејќи навечер бидејќи доцна ме известуваа, со главоболки, но ја завршував работата. Ја имаа видено мојата способност, мојот успех на факултет и ангажмани надвор од факултетот и почнаа реперкусиите и шиканирањата. Имено, нивната помош не ми требаше, учениците се задоволни од мене и станав мета на сè што ќе имам сработено да биде пречкртувано, навредувано, итн. А, неуспешно организираните настани на други колешки да бидат премолчувани. Имавме настан со ученици од Словенија, директорот доби позитивен впечаток за мене и пред цела служба ме покани кога ќе треба да им ја вратиме посетата јас да бидам таа која ќе оди таму. Нормално, потоа почнаа шиканирањата на мојата работа и не бев избрана за да одам таму. Не зедов здраво за готово и продолжив со посветувањето кон наставните часови. Нетрпеливиот однос продолжи, но гледав на мирен начин да го променам тоа и да дадам до знаење дека не претставувам закана за ничие работно место, туку кога ќе дојде време законски ќе се тргнам од тоа работно место. Во мојот живот настанаа големи позитивни промени, запишав магистерски студии и со голема леснотија положив лекторски испит, тоа беше уште еден шок за мојата директорка која продолжи со нетрпеливоста. Ми се случи и најубавата промена, останав бремена и подготвував мала венчавка со најблиските според протоколите во ова време на пандемија. Оттука почнуваат проблемите, прво ми го земаа мојот клас што го водев две години (и децата и родителите ми пишуваат да се вратам, но не смеам да враќам на тие пораки.). Како замена ми дадоа најпроблематичен клас. Почнавме со онлајн часови, доставив потврда од матичен гинеколог и молба за работа од дома која не ми ја усвоија, бременоста не била причина во пандемија да се работи од дома, а треба од дома до работа и назад да патувам со четири автобуси и да сум директно изложена на ризик и јас и мојот плод што ми е поважен од сопственото здравје. Ми рекоа да напишам дека не воспоставувам добар интернет и од таа причина да не одам физички на работа. За жал, на самиот старт од учебната година имав незгода и ја скршив ногата, гипсот морав да го носам четири недели (држев часови и покрај боледувањето), но не отидов на работа за да ги запишам часовите од физичка неможност, гипсот ми го извадија пред свадбата (за свадбата не зедов слободни денови за да излезам во пресрет да не се губат часови), по свадбата се селевме (исто не зедов слободни денови од истите причини). Откако заврши сето тоа се подготвував сопругот кога ќе е слободен да ме однесе до работното место, но тој, полициски службеник, 12 часа на смена имаше контакт со позитивно лице, и тоа близок, заедно во службена кола, делејќи јадење и простор. Го пратија сопругот 14 дена во изолација, а јас тие две недели ем немав како, ем од самосвест не сакав да одам на работа бидејќи ја следевме нашата состојба. Нè чувал Господ и не сме се заразиле. Бев подготвена да одам утре и да ги запишам часовите, но утрово имав крајно дрзок повик од директорката која во оваа состојба ме нарече неспособна и ред навреди, се обидов да се оправдам, но јас не сум смеела да зборувам бидејќи таа зборувала. Ми се закани дека ќе ми го одземе класот, на тоа и' реков дека јас се откажувам од тој клас, па после и' беше криво, па ќе сме сределе, но јас останав при ставот дека ќе се откажам. Затоа што не дојдов до илијадарката што сака во оваа состојба да ми ја одземе. По ред навреди и викање го завршивме разговорот. Сакам да прашам дали ако има реперкусии по ова во вид отпуштање од работа дали имам право на правна заштита бидејќи сум бремена и дали смее да ме отпушти? Поздрав!
     
  10. Snaata

    Snaata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    247
    Те советувам да исконтактираш адвокат, ако те отпушти во дадената дитуација ќе ти направи услуга, сосема те развирам и јас работам во образование и морав да останам на боледување заради истите притисоци
     
    На Prolett и Lena_3366 им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Нели семе од коприва во бременост не смее да се консумира?

    Не смее да те отпушти, не смее да те принудува да работиш ни од дома, бидејќи е јасно дека бремените жени се ослободени од работа до 31.12. Исто не смее да бара од тебе да отвориш боледување.
    Консултација со адвокат и ако си во можност, исконтактирај со Министерство за труд и социјала.
     
    На thelittle17, Prolett, mace89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Јас мила за имунитет пијам zinkovit c, препорачани од Плодност за зголемување на имунитет и плус безбедни за во бременост
     
    На Prolett, sunmoonstars и mace89 им се допаѓа ова.
  13. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, ќе се консултирам
     
    На Prolett и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.873
    Допаѓања:
    34.023
    Пол:
    Женски
    Да се создава од 16 надела:)Колструм:) Многу нормална работа:)
     
    На Mom_3, Prolett и KittyCat:) им се допаѓа ова.
  15. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Jas konzumiran izmesano med, seme od kopriva i limon ceden nekolku lazici vo denot zaradi zelezoto. Prvata tegla med koga ja smesav si se dvoese od stoenje ama ne sekoe kasnuvanje ke promesas malce prvo i ok e. Vtorava tegla med stana cela smesa strasno ligava ne mozes lazicka da fatis se tegne ko rastopen kaskaval. Malce mi e cudno ist recept skroz razlicna tekstura, do medot li e do sto li e ne znam. Kaj tebe kako izgledase ova?
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Имаш договор на определено и зависи како е заведено дали трае се до враќање на директорот, па врз основа на тоа ако е така не би требало да ти го прекинат. Во врска со часовите незапишани и јас одам на 2 недели еднаш запишувам, нема проблем. Еве поради мало реновирање во училиштето сите наставници држат онлајн од дома 10 дена, без запишани часови. Јас побарав да држам онлајн настава од дома иако сум на неопределено, прво и мене ми бараа каде е објавено тоа наше ослободување, ама им пратив меил од МТСП, МОН и Кабинет на Премиер врз основа на која одлука треба да се повикам, известив и просветен инспектор и ми одобрија. Ќе прикачам слики од одговорите. МТСП ми дадоа и броеви каде да пријавам недоследности на препораките па може да се информираш.
    Со среќа.
     

    Прикачени фајлови:

    На Pacient srna, Prolett, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Да, ми важи до нејзино враќање. За часовите не можев да одам бидејќи цел месец ногата ми беше скршена, после ова со изолацијата. Беа известени. Молбата за ослободување заради бременост ми беше категорично одбиена. Ти благодарам за документите, ќе морам да се консултирам.
     
    На natasam и Prolett им се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.614
    Допаѓања:
    21.239
    Пол:
    Женски
    @Lena_3366 ништо од ова што го напиша за жал не ме чуди, со оглед на тоа во која држава живееме и колку злобен и завидлив народ сме. Ми се згрози по стоти пат до кој степен може да оди нечовечноста на луѓето. Прво, колку време си во работен однос во училиштето? Второ, верувам дека ти значи работата, како од професионален така и од финансиски аспект. Меѓутоа, во моментов ништо не е поважно од тебе и плодот што го носиш.

    Мој совет е да се консултираш со адвокат и да си прашаш што е најсоодветно да направиш во твојата ситуација. Пробај само да не се нервираш и немој да дозволиш да ти се одрази здравјето и на бебенцето. Универзумот си ја знае работата, ич да не се секираш. Ваквите мизерни луѓенца не стигаат далеку. Празни се и исфрустрирани па мораат да лечат комплекси на некој што најмалце заслужил.
     
    На Cherry blossom89, ivance.., jarec6 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Nd_sk

    Nd_sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Јас се боцкам во бут веќе 8ма инекција. Немам ниедна модрица. Ова е највероватно индивидуално кај сите. Во рака ако може мм да те боцне од позади најнеболно е
     
  20. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски