Прв пат слушам дека не чинело. Баш по странските сајтови го препорачуваат како најдобар извор на железо во бременоста и нутриционистот и матичната ми кажаа дека е безбедно за употреба
3 години сум, не се многу. Но, цело време работев со цел труд. Ти благодарам за зборовите кои се исполнети со поддршка.
Јас во мала количина правам од прилика за недела дена во мало тегличе и исто така се двои и си го мешам секој пат пред употреба и во фрижидер го чувам заради лимонот. Важно е и медот да не е толку течен
Јас во првата бременост јадев мед со семе од коприва во него. За покачување на железото е супер. Нема храна која е апсолутно забранета во бременост, ако имало мислам дека тоа ќе е една од првите работи што ќе ги посочи гинекологот. Само да биде во умерени количини се разбира. И три краставици или три јаболки да изедеш наеднаш ќе ти се слоши. Мое мислење, пак консултирајте си се со лекарот се разбира.
@Lena_3366 јас мислам дека ти можеш да ги користиш мерките т.е. препораката од владата, со која трудниците се ослободени од работа, директорката треба да сноси последица што не те ослободува од работа во таков случај. Консултирај се само каде да си бараш правото доколку не ти дозволуваат. За приватниот сектор е факт дека повеќето не ослободуваат, знаеме како стојат работите во приватното, но барем за државните службеници немат оправдување да не дозволат. Јас имам познати кои се вработени во МВР едната друга во општина нешто и ги користат мерките или препораки (незнам во што го врстуват тоа) па си седат дома дека се бремени. И друго мислам доколку си бремена по закон немат право да те отпуштат од работа.
Пишав мејлови до Владата, Министерството за труд и социјала. Сега е доцна, но претпоставувам дека утре би требало да вратат. Исконтактирав и адвокат. Здравје Боже, утре прво со неа планирам културно да разговарам, а ако нешто пререче или пак ми каже дека не смеам да зборувам ќе одам до крај. Поздрав!
Ее супер мислев дека е тоа само не бев сигурна дали толку рано се создава или не ти благодарам миличкаа
Навистина се револтирам кога читам вакви неправди.Јас сум правник и до сега сум имала доста консултации со инспекторите од трудов инспекторат баш за мерките во услови на пандемијата.Мерката за ослободување од работа на бремени жени не е само препорака туку е задолжителна за сите работодавачи кои се должни да те ослободат од работа.Мој совет да му пишеш на Злате Стојановски-Раководител на одделот за работни односи при Министерството за труд,за твојата ситуација.Верувам дека ќе се преземе нешто.
Вакви директорки чекаат сите адвокати во државава. Прелесен спор од кој ќе се наполнат со пари со ич мака. Нека проба да те отпушти само Иначе да, ИМАШ право да работиш од дома поради бременоста. Односно имаш право ич да не работиш ако сакаш пошто трудниците се ослободени од работа, но бидејќи ти сакаш да излезеш во пресрет имаш право да работиш од дома.
Mnogu se nerviram vaka koga citam deka ne se pocituvaat merkite. Jas sum vo privaten sektor od prv den ivf sum na rabota od doma, ni so boleduvanje se zamaram ni so nisto i jasno e deka ne se vrakam do 2022(april mi e terminot). Ima tehnologii sega, za sostanoci postoi viber, zoom i sl stvarno e bezobrazno vaka sto pravat
И јас имам сличен проблем, газдата не ми ја прифаќа потврдата за отсуство, ама јас пак седам дома не одам на работа, нема основа да одам, само што сега ми врти на телефон цело време и ме вознемирува, пробува да ме убеди дека законот веќе не важи, и толку е упорен што дури се посомневав дали е во право, и од околу се заканува со отказ. Кога останав бремена на почеток не планирав да користам мерки, да бидам фер спрема него, иако работата ми е претерано ризична, ама откако се случи "скандал" т.е. он дома имал заболени од корона, а не ни кажал на нас и си доаѓаше на работа, сепак некако дознавме, во тој момент сфатив дека не треба воопшто да ризикувам или да пробувам да бидам фер спрема човек на кој очигледно не му е ни најмалце грижа за мене и останатите вработени. Да напоменам, работам специфична работа, каде и со моето отсуство он не би осетил загуба, ниту физички ниту финансиски, а сепак пробува да ме разубеди дека законот за отсуство на бремени веќе не важел итн итн... Мислам јас си терам по свое секако, потврдата му ја однесов, на работа не одам, а он сега нека му ја мисли што и како, и дали законот уште важи или не...
Значи мерката е многу јасна.. на сите трудници што може да им се организира работа од дома треба да бидат дома, останатите да бидат ослободени. Јас сум среќница во овој поглед од прв ден сум дома и пред да важи мерката, си работам поштено по 8h на ден дури и за викенд некогаш ама не се жалам. Само во август на моја иницијатива одев две недели на работа за да ја сменам колешката бидреји немаше да и дадат одмор ако не прифатев. Треба да ги пријавувате ваквите газди/директори советувам комуникацијата да се снима или да се пишуваат смс /вибер за да имате докази. Многу ми е жал за сите кои во бременоста се нервирате од вакви дебили. П.с. познавам добар адвокат ако некој му треба.
Мерката остана само за трудници и сеуште е важечка до 31.12.2020 година после тоа највероватно ќе ја продолжат.
девојки да не пишувам во друга тема оваа е по активна , вчера наслушнав дека ги мобилизираат клиниките во државна болница и ги прераспоредуваат докториве за ковид центрите , наслушнав наскоро и гинекологија ќе ја направеле строго ковид центар само за заболени родилки, тоест немало да има пораѓај воопшто таму регуларно ..... да не има некоја од вас инфо слично или поинакво ???
Во иста ситуација бев со тоа што пред да ме вработи кажав дали е проблем ако би останала бренена и демек не не е проблем и кога останав оп проблем и јасземав патолошка ем ради историја ем он ме тераше и после јас нечинев се закануваше по телефон и тогаш мажот ми ги носеше боледувањата на него ништо не му викаше али бев спремна да го тужам за вознемирување и закана па ќе видевме до кај ќе дтигневме следен пат мажот ти нека се јави нека каже ризична брененост не смееш да ја вознемируваш и можеби нема да му текне пак да ти досаѓа има газди ѓубриња што не вреди да си фер спрема нив само не си задавај стресови мусли на бебе