На грб не се препорачува зашто тежината од мешето притиска на главната вена, па може да се намали протокот на крв. Не е страшно ако се разбудиш на грб, само заврти се. Инаку се препорачува на лева, наводно најдобар бил протокот на крв така, ама може и на десна. Јас се вртам на 5 минути, не можам да издржам на една страна. На секое превртување и душево се тегне и се мести
Дури можеш да си менуваш страни на спиење спиј си како ти е арно тебе, подоцна со поголем стомак тешко ќе биде превртувањето јас додуша од крај спијам на лева страна, за баланс имам ставено перница позади грб па и никогаш не се будам легната даска на грб туку така малку настранета. Потешкотии имам кога сум свртена на десна, тогаш и стомак ми тежи, ме затега и не можам да дишам. Цела филозофија едно спиење.
Дали некој знае витамини за трудници што не содржат фолна киселина? Гледам во сите ја има 400мг. Јас веќе пијам метилирана од 1000мг и не ми треба обична. Ми препишаа премама дуо ама исто е и кај тие. Го читав составот на фемибион таму има 200обична со 200метил, ама па да не ми е многу 1200мг на ден, а и премама некако како подобри ми изгледаат. Јас веќе пијам вит Ц од 1000, и метилиран б12 од 1000, цинк од 10мг, ама сигурно ми требаат и други како калциум, вит Е, вит Д... Незнам што да одберам, сите одделно да ги земам или што би ми било најсоодветно
Нема. Има Пренатас со метилирана фолна, ама обичен б12 во составот. Комбинирај си витамини најдобро. Од овие што ги напиша ти треба плус Д, омега 3 (DHA), магнезиум, калциум, јод, и од второ тромесечие железо по потреба, после проверка на крвна слика. Ова планирам да го комбинирам некако кога ќе ги завршам Пренатасот, зашто и мене ништо не ми се погоди. Како и по колку, ќе се мислам за некој ден. Друга опција е да земеш метилирана фолна од помалку милиграми па да комбинираш со комплет пренатални. И така правев на почетокот. Ама читни, некои велат дека обична фолна (што освен Пренатасот сите ја содржат) пречи на апсорпција на метилирана. Други извори велат нема врска, некои велат има... па да не знаеш што да правиш.
Освен ако не ти кажал гинеколог дека треба на лево да спиеш немој. Ја се така на лево и еве главчето не му е сразмерно и бебево е цело време на лево мака мачам на десно да му го вртам погледот и главчето. И ја така прочитав демек за циркулација не знам што. Спиј си како што ти одговара
На грб не е препорачливо, јас спијам на лева или десна страна, се превртувам, не можам само на лева ќе пукнам. Осеќам и бебе со грбчето ако сум на лева, на лева си се мести и тоа, ако сум на десна страна и тоа на десна со грбчето, уште од сега ми е интересно. 35+2 иначе така цела бременост ја имам поминато.
Мхм, епа ке си искомбинирам. Имам вит Д маслен раствор, ама незнам по колку капки е препорачано на ден, на шишево пишува 1ml (40капки) содржи холекалциферол 0,5mg јас по 5 си ставам ама не секој ден, а може треба... Магенезиум пијам да заборавив да пишам. Значи ми остануваат калциум, омега3, некоја препорака кој се подобри?
За дозирање на капки Д прашај по фармацевтите на форумов. @duffi можеби може да помогне. За другото ѕирни на iherb.com ако не ти е итно, доста поефтино е. Обично 2 недели се чека, но се случува да задоцнат. Пример ова https://www.iherb.com/pr/Now-Foods-DHA-250-120-Softgels/534 https://www.iherb.com/pr/Now-Foods-Calcium-Citrate-250-Tablets/472 Еве корисен линк за препорачани дози (секако фолната ќе си ја земеш ко што ти е препорачано од доктор) https://www.webmd.com/baby/guide/prenatal-vitamins#1
Доволно ти се 5 капки. Кај нас нема повеќе Вигантол. Па ако преминеш на Пливит кај него една капка е 200иу. Од нив можеш по 10капки. Омега 3 имаш на НатурелВелт. Кој сметам дека се океј. Калциум имаш на повеќе фирми. Зависно која доза ти треба. Не читав назад и не знам за што точно ти треба.
Правиме комбинации на витамини неопходни во бременост, зашто за некои од нас не одговараат комплет пренаталните што се нудат на нашиот пазар. Конкретно, ни треба метилфолат и метилиран б12, а сите имаат обичен. Наназад бараа и без јод поради хашимото, а и такви нема. Уште едно прашање до тебе, ако имаш време и ако не ти пречи. Матичниот ми препорача железо од Jamieson. Добри се? Знам дека гинеколозиве работат по принцип на реклами, па да проверам за секој случај пред да ги земам.
девојки денес бев на контрола 35+ , последна кај матичната и за брисеви , дури сега воочија паднато железо ама ми дадоа некоја ударна доза со оглед на тоа дека и сум отворена и скратено грло и го прекинувам утрогестанот и бебче веќе е 2890 гр. одговара за 36 + , незнам ова железово ( ми дадоа фероглобин) колку ќе има ефект со оглед на ситуацијава и што очекуваат секој момент да се породам или како да му го зголемам дејството ? ми спомна матичната најмногу заради губитокот на крв на пораѓај мора да ме спреми и тоа малку ме исплаши
Ајде уживај,не го мисли железото сега,пиј си тоа што ти го дала и мисли позитивно дека уште малку ќе се сретнете во живо со бебче,а ние ќе чекаме искуства.Среќеноо
Земи си слободно фемибион, јас пијам исто како тебе 1000 метилфолат плус 1000 б12, 1000 Ц, 2000 Д и плус Димитров од Ремедика ми кажа фемибион, 1200 метилфолат ништо нема да ти пречи, напротив добро е за тие со мутации
Денес бев да си го земам конзилијарното од Чаир и видов еден куп татковци со балони и поклони си ги чекаа бебушите,солзи ми дојдоа,многу плачка сум станала бе Ми препиша матичната еритромицин,ќе си пијам имам гној ма крајнициве и нешто ме омалаксуваат. Инаку @Nefertiti. мене дури после 60 дена така со извештај , од комисија ми пишуваше дека следен пат треба конзилијарно,на самиот маил од нив.Прашај да не треба така,пошто мора на упатот од матичната да пишува дека е за конзилијарно,прашај ја таа твојата ако ти одговори ко шо треба....
Гледам ептен ги форсираат. А ги среќавам и низ повеќе места. Не се некои нн како оние што ги увезуваат Зегин. Ништо не им се знае. Колку железо имаат? Спореди со Хаемовит на ХелтАид. Они се меѓу подобрите и со највисока доза железо.
Да баш така, јас поради мутации и хашимото пијам посебно, метилфолат, б12 метилиран, д, магнезиум, омега, ц, железо (сидерал форте јас пијам) Само калциум никој не ми кажал дури еднаш ми напоменаа да не зимам а не знам зошто.
Па му треба на бебето за развој и затоа потребите во бременост се зголемени. Го препорачуваат најмногу за да не ти се расипат забите, зашто бебето го влече од тебе. Секако, може да го внесуваш и преку храна. За секој случај пиј повеќе јогурт ако не сакаш суплемент.
https://www.slobodenpecat.mk/gak-se...-kovid-19-majkite-bea-osloboduvani-od-rabota/ Ova e trend i vo svetot poradi covid trudnicite se pomalku optereteni, pozdravo ziveat i se hranat deka se doma i ne fakaat raznorazni infekcii i nastinki bidejki poveke pazat