Епа баш и докторката и сестрата од Чаир ми рекоа дај да го видиме извештајот од комисијата а мене не ми го даде матичната само упат ми даде, и ми рекоа ај јави и се пак, и одма и се јавив и нене ми вика само еден потпис треба. А јас од кај мене до Скопје 100 км на секои 2 недели да се мавам со оглед на ситуацијата и плус по пат лошо ми е не ми е дојдено да се возам и да дремам по болници за извештај цело време. Сигурно можев и сега да однесам три потписи и повеќе ќе ми продолжеле ама сфанав дека сама треба се да трчкам и да дознаам што и како е наместо матичната да ме заштити и да ми каже како е најдобро и најдолго, а не да ми зборе на 4 недели преглед со оглед на ситуацијата а јас ако одам за Ск на секои 2 недели заради неа што не е ажурна. Сега пред 2ри пак ќе одам во Чаир и конзулијарно ќе земам па баш да видам дали повеќе ќе ми продолжат, ова ќе ми биде веќе 3 извештај со 0.20 шифра. Ќе одам во понеделник кај матичната за брисеви и баш ќе побарам од комисијата се да ми дадат да видам што пише, а ако пише дека може и конзилијарно господ нека му е на помош, нерви немам веќе за со нив, има да ги направам лом.
Мене во систина не ми даваа конзилијарно до 60 дена,мораше со извештај.Тек од комисијата кога поминаа 60 дена ми пишуваше за конзилијарно. До 60 дена морало извештај само. Само кај тебе зошто е на 15 дена не знам, мене и со извештај ми беше 30 дена со истава дијагноза,тоа ме чуди. Мене и со извештај и со конзилијарно ми е 30 дена...
Со еден потпис продолжува комисијата само после првото боледување од матичен кое е 15дена. После 15дена ,се наредни 30 со еден потпис од специјалист ( јас го земав од ГАК),па после 30те дена комисијата со конзилијарно мислење,три потписа од доктори и предлог од матична одобрува боледување за секои наредни 30дена. Вака беше за мене пред 2 год.и знам дека сеуште е исто.Конзилијарно јас вадев од чаир незнам како ти продолжуваат на 15 дена само
Сега заради коронава е до 60 дена од специјалист само со 1 потпис. Инаку претходно било како што кажуваш да,се нешто сега смислуваат
Може смениле да не сум слушнала затоа и мислев дека е сеуште исто,добро сепак горе доле тоа е тоа само со потписите е различно.
@LivingGlam @duffi јас дојдов во аптека и омега 3 имаат само од 1000мг, нели е тоа многу? на натуралвелт беа, исто и калциумот беше од 600мг што мислам дека е и тоа многу, ств незнам што да правам какви да земам, ова во зегин и да одам по други нз што би нашла
Еве што некако највеќе ми одговараше, омега 3 од 600мг најдов, и калциум од 330мг, плус има внатре цинк 17мг така да посебно веќе не го пијам, и магнезиум 180мг, секако плус си пијам магнезиум, ама вака добри ми се видоа
Леле бе какви се! Јас се нервирам што читам вака, можам да замислам ти, ама ќе се среди ајде, не вреди мила. Не знам како мене матичната, им праќаше меил, и тие одобруваа и и враќаа со избештај, и она само ќе ми го препратеше на мејл, и јас на работа го препраќав, цело време така, не сум одела ни ма работа да го носам, те мачат само безвезе, знам дека ти е тешко и се, ама само пробај и не се нервирај.
Женски, имам некои како гасови во матката, не знам како да ги објаснам, како некои пецкања, или што и да се, не знам што значат, ама цело време ми се појавуваат од ноќеска? И малце како да ме заболува стомакот.
Девојки вие што земате Ideos 500 на шмукање (калциум) по колку таблети земате и дали секој ден. Трансфузиологот ми пишал во извештајот да почнам да ги земам поради тоа што примам клексани но читам дека некои ги земаат на два, три дена и дека се прават контроли на нивото на калциум во крвта. Па незнам како да постапам а има уште две недели кога повторно треба да идам на трансфузиолог и да прашам
I jas se mislam za calciumot, mleko neso mn ne pijam jogurt ic. Bas ke prasam dali nekoj suplement da zemam. Kade se ispituva calcium? na regular krvna slika go nema
Најверојатно на микробиологија кај што има испитување на д витамин, б 12... и по приватниве.Не сум испитувала до сега затоа прашав мислење од членките кои користат калциум
Мене ова ковидов ми го мати есапот, од Октомври не сум била на контрола кај др што ќе ме пораѓа. 30 недела ја раситнив денес, што мислите кога е најдобро да одам за консултација што како и кога пораѓајот,со оглед на тоа што ќе е втор царски во рок од две и пол години.. Мора 36та да се чека за цтг или вториов пат и порано почнуваме?