Пиј многу вода, ако ништо друго црно чоколадо јади,и како што ти кажаа следи го притисокот. Јас не сум по многу благо ама секој ден јдам по 40 грама црно чок. Рошен,.. Кафе пиев кога на 2 пати имав главоболка и ми помина, а инаку не му бара организмот. Ако можеш пиј кафе. И најважно чувај се многу. Јас се удрив од ивицата на прозорецот.. Среќа на десната половина, ми стана црвено, па модро сино.. Ме болеше, ама среќа ми поминува.. (си молчам дома, а кажав на др и ми рече ништо страшно) Господ нека не чува. Јас и ти сме блиску, разлика неколку дена.. Ајде се да биде добро. Поздравче мила и чувај се.
Ау денов ми е убиствен. Притисокот низок. Не стигнав ништо да завршам од што не можам да стојам. А што е најлошо не можам ни да заспијам. Не очекував дека вака тешко ќе ми поминува
@mace89 можно е да има улога и метформинот секако, ама јас и општо сум си ептен љубител на благичко. @Prolett Фала за советите мила, да се чуваме сите и да не чува Бог.
Бев пред три дена на ехо супер беше, тогаш и немав толку стегања и само така и спомнав на докторката, ми рече магнезиум 3х250, ама вчера и денес ми се зголемуваат тие стегања. Некогаш се на 30 мин, некогаш на саат, па на 10 мин. Од пусти страв паметот на лошо ми иде само,после два спонтани
Можно е, мојата прва ќерка мрдаше така. На сабајле, дури и стомакот ми го деформираше, поручек нигде ја немаше, изгледа си спиеше и вечерта пак почнуваше. Од кога почнав да ја осеќам додека не се роди, тој и беше редот
Абе ова од вчера вечерта како си легнав, до сега, се преврте, буквално се на различна страна мрда, те доле, те горе кај папокот, па лево, па десно, се изврте, се преврте, не застана денес, саат време се на се во 24 часа е неалтивно, не знам дали е нормално ова, зарем не спие цел ден?
спијат ама спијат кратко , некогаш 15 мин , некогаш половина час .... ја сум 35 та и вчера беше премногу активна цел ден , со паузи од 10 до 15 мин , кога ќе се смири скроз некој период и знам дека спие , а денес од сабајле е мрзливо скоро 3 пати да мрдна, ама како доаѓа поладне пак живнува .... различни денови различно се движат
Веќе почна страв да ми биде, викам што е ова сега, дали е нормално во 24 недела вака да мрда, да вибрира, да пулсира, не знам што праи, не можам да проценам што праи, дали тоа мрда, дали се грчеви, појма немам веќе, ништо не ми е јасно, побудлев, хаха.
јас ова трето бебче и рано почнав да ја осеќам како мрда и оваа бременост најсвесна сум што прави како прави , веќе се учиш .... за вибрирањето искрено поназад во темава и јас прашував , мене почна да ми вибрира уште 15 та недела и додека беше мало не му обрнував внимание , веќе после 20 и некоја недела и тука потпрашував и по интернет читав , тоа било или кога ќе ја поткачело бебето папочната врвца со рачето или ноџе , или се правеле вибрации од самите движења и водата во матката , било многу честа појава и ја до пред некое време осеќав на два три дена по еднаш два пати ама во претходна бременост не се сеќавам за вакво нешто ..... битно не било страшно
заден ѕид десно, ама до 22ра беше доле на цервикс и напред , како порасна матката ротираше и се повлече позади
Мамички како го откривте полот на бебето на најблиските,направивте некое интересно изненадување или не се замаравте многу...јас сум со двајца батковци поголеми и се надевам дека третово девојче дека ќе е...,ама немам идеја како да им соопштам кога ке дознаам пол...инаку сум 21+3 и сега за сега со несигурност на матичната девојче...на втор скриниг ваљда ке ми кажат какво е
нас ни е трето , ние на двете поголеми дечиња им нарачавме маички , зашто двајцата сакаа помала сестричка и беше стварно слатко радување ...
Јас би ти препорачала да идеш зашто ми личи на контракции барем мене така ми беа оди да те видат за да си бидеш помирна
Јас во истата недела имав грчеви на неколку минути, стегање неколку секунди па опуштање. Бев на дежурен во Ремедика и ми дадоа НоСпа три дена да пијам. На ехо се си беше ок. Секако нека те видат наскоро.
И јас во ремедика си одам цело време, баш пред три дена бев за болки, немав толку стегања, исто но спа ми даде ама ништо не помагаат. А те ставаа на тоа емг што било за контракции или не
Сега се мислам дали да одам или сабајле да додржам, пред три дена цервиксот ми беше скоро 5, ич неможам веќе вагинални прегледи