Ахам ти благодарам јас сопругот го пратив да купи он не прашал па затоа сакав да прашам да пијам и ладно млеко ама тоа ми делува многу кратко време и пак ми се враќаат
Е што сме ние трудниците толку посебна група па и маски да не смееме да носиме? Носам една хируршка и една н95 врз таа, и визир на глава. Заштитата е на прво место.
Бев преска до ремедика на ехо е добро, вика требало соноќа Преска бев до ремедика, на ехо е ок, цервиксот пред некој ден ми измери 4,9 сега беше 4,4. Ко за беља тогаш стомаков мек, вика вака неможам да проценам дали се контракции. И дека околу папокот ствднувањето не било матката??? Во 30 недела се кревала матката во висина на папокот. А си осеќам пулсирање по стомакот, па ќе се издува од една страна тврдо и се тоа лево десно од папокот и малку подоле
Мене матичниот ми кажа дека Гастро Гард не се штетни, можеш да пиеш колку сакаш дневно. Со првото се давев од 7ми месец со, со второво од 5ти почнав. Мене многу ми помагаат.
Кафе со неколку капки лимон, кока кола, минерална вода, масажа. Ако ти е многу низок, касни нешто солено или раствори сол во вода и испиј ја.
Јас синоке едно земав пред спиење и цела вечер бев раат, иначе не можев да спијам од киселини. Утре ќе одам на контрола па ќе прашам да видам што ќе ми каже докторката. Ти благодарам на одговорот
Не можеш да пиеш колку сакаш дневно, од ништо не можеш да пиеш колку сакаш дневно. Максимална дозволена доза на калциум карбонат што може трудница да ја зема е околу 1200/300 мг дневно. Ако е едно апче гастрдогард околу 700 мг мислам беше, пишува на паковката, значи во денот повеќе од најјјсила 3 не би земала. Може да пречи на абсорбцијата на железо, па да дојде до намалено железо кај бебето и со тоа се зголемува ризикот бебето да се роди со помала родилна тежина.
Кафе не можам да помирисам, а никако па да го пијам. А се друго испробано и константно низок притисок 90 со 40/45. Знам дека не е штетно низок притисок, ама главоболките ми се неподносливи.
Мене така ми кажа, Бошковски, него го имам прашано. Е сега реков дека се давам, ама за 24 часа знаев да испијам и по 4 апчиња. Само тоа ми помагаше. Првото бебе се роди 2930 ја родив во 42 недела. Дали е поради нив родена со таа килажа незнам. А се поправив 10кг. Извинете на лошата информација..
Normalno deka mozat, ama nie trudnicite sme oslobodeni od rabota do 31.12 treba od doma da rabotis ili plateno otsustvo da te vodat
Има работни места кои не трпат работа дома. Мене пример ниту ме ослободија ниту ми спомнаа за платено отсуство. Ниту побарав, си работам нормално до сега иако сум на многу високо ризично место за потенцијална зараза со вирусот. Не сме сите трудници на исто во оваа ситуација.. за жал.