Не се секирај Ја изедов 8мина бурек со скиселена урда и тоа мм ми кажа дека е скиселена кога го проба неговиот. Ја жива ненајадена. Се напив провен немав ни повраќање но дијареа Тебе од ептен малце ништо нема да биде не се секирај
17+5 денес колку брзо поминува времево ооохххх со душа чекам да помини уште толку и да си го земам малото сонце до мене.... Вчера мислам цел ден беше активно- не буквално ама убаво го осеќав пред да заспијам си викам кај е бебушко и почна да мрда и си викам на глас ете го бебушко се јави мислев маж ми спија тој ми вика ќе се јави ќе се јави хахахах Иначе кажете некоја тактика или помош при спиење гррбот почнав да не си го осеќам
Девојки ова стврднувањето си продолжува, слаби болки во стомак и кичма како за добивање. 22+1 недела. И како воспалени јајници ме сече се до чмарот. И на вртење и на допир стомакот ме боли. Ми пулсира цело веме кај матката.Петок и недела бев на ехо е ок. Кај веќе чаре да барам
Кај ист доктор беше и петокот ибнеделата? Ако да, оди на второ мислење ако си од скопје сакажи негде кај добриве специјалисти по ремедика или систина Пиеш магнезиум? Може треба појачана доза.
Бев кај двајца различни во ремедика, ама петокот немав толку стегања, почнаа од вечерта, па цела сабота и недела по пладне бев на ехо вика е добро, и ко за беља пред докторот не се стегна ич, вика дојди кога ќе имаш пак стегања. Магнезиум 3х250 пијам, утрогестан насабајле едно орално, навечер вагинално. Матичната само лежење, а јас секако само до тоалет станувам и кога ќе станам одма стомакот тврд, или од странично да се свртам на грб исто одма
А зашто ти рекла матичната само лежење ако се било ок мора да има некоја дијагноза штом ти даваат и утрогестани и ти вика да мируваш. Штом ти рекол докторот да одиш кога ќе имаш стегања оди може ќе те уклучат на цтг да видат или на ехо ќе може да види што е Јас бар тоа би направила друго е само нагаѓање
Вчера бев на преглед кај матичниот лекар, притисок 120 со 80, тахикардија сум немала ама пошто во тој момент немав, а пред да бидам трудна пиев верапамил по потреба, тој рече, можно е да ти се јавува ама не е страшно, се беше океј, црвено грло, и ми препиша бедоксин и ми рече да си најдам хоби. Имаш двор вика дали цвеќиња нешто градинарство, дали ќе читаш книга или да гледаш серија ама да се внесиш и да уживаш во тоа а не само колку време да мине а мозокот со секакви мисли да си го изморуваш. И денес бев кај матичниот гинеколог, се е во ред, ама имав таков непријатен преглед, веќе мислам дека вагината ми е распарчена, со тоа железото ме отвори брисеви ми зема, во четврток резултати, и ме гледаше и го најде изворот каде имам сукрвица, па ме чистеше со нешто па со памук, така непријатно беше Нели минатата недела кафеаво имав малце на гаќите, и ми го продолжи утрегостанот ама од денес да го ставам вагинално и насабајле и навечер рече, и мг цитрат до 900мг да пијам. Ако ми се чисти брисевите значи крварењето е од што сум се оптеретила претходниот ден пред да ми се појави сукрвицата кога испешачив 8 км. Тоа ми е веќе строго забрането, само кратки прошетки. Грлото на матката е инаку супер, затворено. А апарат за притисок немам, не ни купувам оти ќе се опседнам, вака само на прегледи нека ми мерат. Денес притисок 110 со 70, ама и тоа е нормално за мене, низок ми е. Ај сега серија да гледам и да пробам да се релаксирам. Момата е супер, мрда, плива, мафта со рачињата ја осеќам веќе една недела, преубаво чувство.
А ти мереле ли да не ти е скратен веќе? Најдобро штом ги имаш болките да одат можеби можат на цтг да те стават
Здраво женски , кога се прави цтг во 9 ти , денес бев на контрола а за неколку дена влегувам во 9 ти матичниот ми кажа да идам за 2 недели од сеа⁰ па тогаш цтг, до тогаш ако не сум се породила .. е сеа малце ме замисли затоа што околе мене трудници што ги знам на цтг се биле секоја недела во 9 ти ...а мојот матичен ми кажа обично од 37 се одило на цтг ...
зависи од многу фактори од кога ќе почнат на ЦТГ , нормална бременост или не , болки во бременоста , степен на зрелост на плацента , количина на вода , големина на бебе , должина на грло на матка , цервикс , прва втора треа бременост ..... според тоа се прави проценка колкава е веројатноста да има контракции или не , ако процениле дека е се ОК во тој случај ти препорачуваат ЦТГ подоцна , некои и во 38/39 недела прават прво ЦТГ .... не се паничи
Бев денес на контрола и и спомнав на докторката дека имам постојани болки, ми рече ќе ми го мери вагинално грлото да не почнувам да се отварам ама уз муабет заборавивме Како се осеќа ако има почеток на отварање веќе? Мене во денот сигурно 4-5пати ме фаќаат менструални болки, стомакот во пределот на папокот ми е тврд тогаш и бебе мирува. Некогаш се слаби,некогаш со појак интензитет.. Бебе е свртено со главче надоле и е многу многу активно!
Ја сум со слични болки еднаш ми рекоа отворена дека сум 2цм или 2 прсти а кога бев истот ден на второ мислење ми рекоа дека ништо од тоа немам само дека грлото на матката ми омекнува
Веќе неколку дена страшно ме боли вагината, се движам ко расчепетена, а навечер од болка неможам да мрдам лево десно, трпам ама неподносливо станува инаку сум 37+2. Совет?
и ја сум исто повеќе од 10 недели веќе , никакво чаре неможам да си најдам, накаде да се свртам боли , ако се свижам боли ако одмарам пак боли , на последна контрола ми кажа докторката дека ќе престанат болките после пораѓај сега моментално бебето со глава притискало на некој нервен сноп и тоа предизвикува таква болка .....