Скроз исто сме, исто 32 недела болките веќе не се подносливи. Се мачкам со еден гел и ми ги смирува.. На моменти не можам ниту сама да станам, изразено ме боли на левата страна..
Пиши mucus plug на гугл и отвори слики гадно може да е ама види 1 2 и ќе ти се разјасни. Чепот нема шанси да го утнеш. Ама и може да не то падне Сукрвица како за време добивање она последно како конци крв така му доаѓа и тоа нема шанси да го утнеш. Најчесто е после вагинален преглед откако ќе те подотвори докторката доколку не си отворена
Женски незнам дали е чепот, малку слузаво измешано со црвенко на гаќите ... да спремам торбата за болница и да идам , или не е за дигање паника ? Утре сум кај матичен
Може да е чепот, која недела си? Ако немаш никакви болки не оди на болница, чепот може да падне а да се породиш после неколку дена па и недели.
дали некоја мамичка може да ми помогне ? Јас сум 37 според мерките од бебушко , понекогаш имам болки во кичма ама не константни , имам дијареа исто веќе недела , и ми е премногу активно бебето мислам ке излезе прекустомакк
Фала Milkiway, сега јасно ми е.. се надевам ќе се олеснам за брзо и ќе си го запознаам моето синче што уште не ми се верува дека мајка ќе бидам
Нема правило дека прво чепот ке падене па ке чекаш неколку дена за болки или дека мора да падне. Со двата пораѓаи отидов со минимални болки ко менструални а бев отворена по 7 прсти. Додека не ме проверија со прсти чепот стоеше како кафено мене ми беше пред и за саат време се породив. Нема шанси да не сум го приметила пред тоа зошто опседната бев од кога останав бремена секое бришење на толетот и гаки го зумирав.
Така си направив,благодарм. Јас вакви болки имав во првата бременост, уште од 30 недела некаде, докторот ми објасни дека карлицата се шири и срамната коска се растегнува и дека од тоа боли така, јас имав многу болка ако седам неможев да станам, ако лежев бетер, ама поминува кога ке се породиш.Сега знамшто ме чека. Провери притисок како ти е, јас 2 дена пред да се породам качив висок притисок,немав никаква главоболка за да приметам само бебето мислам дека ке излезеше од стомак, цело време мрдаше, буквално ми шеташе стомакот, станав вода да се напијам и го видов апаратот за притисок, си викам чекај да измерам зошто неможев да спијам, измерив 180 со110, веднаш се јавив а лекар ми рее дијазепам од 2 мг да се напијам и сабајле да одам одма на лекар, потоа ми дадоа метил допа ама се породив и немав потреба да ги пијам.
Знае да се покачи некогаш, ама за среќа не над 140/80. Многу ретко. Терам 25-та недела, океј е освен што се плашам од прееклампсија. За среќа, немам протеини во урината, проверувам секој месец.
Зошто не смее куркума? Јас како зачин си ја ставам на компири пример, и сега ме замисливте. Туку, вчера носев холтер дури, за тоа притисокот, после 24 часа, пукнав со тоа на рака, нит се спие, нит ништо, цело време вибрира, свири и што ти знам, едвај чекав да го извадам, се воспостави дека притисокот ми е 110-120 со 65-70, само кога сум била на лекар кај нив, ми се качува до 140 со 70 ме гледаа на ехо, срце, бубрези, жолчка, тироидна, црн дроб, ништо ама баш ништо немам, се чисто си беше, ама јас додека не проверам немам мира. Сега уште тоа за скриениот шеќер да помине добро, да не го мислам. После ме заболе јајник нешто, на дежурен отидов на ГАК, да ме видат дали е се добро, и така ме прегледаа се беше добро, и грло на матка, цервикс, вагинално ме гледаше, на ехо ме гледаше, гледаше дали сум отворена, и ми вика др. Жено се е во ред, не се потресувај веднаш за се и сфашта, оди дома сега и одмарај, се си е во ред. Голем паничар сум, страшна работа, секој месец одам на дежурен, нема промашај, само се да биде како што треба до крај.
Е Литл многу голем паничар си Сега да земеш до крај на бременост да си одмараш и да не се притресуваш повеќе Уживај ќе ти фалат овие денови Земи книга или серија некоја остај форумов
Знам Милки, се живо на приватно испитував, зошто не им верувам на докториве, стварно сум бог да чува, ММ само вика по мене, нема спас, дури и ја се нервирам што сум ваква. А тек кога ќе се роди бебето, па за него кога ќе почнам да се потресувам, лелелее... Читам книги, гледам филмови, веќе што се не изгледав, ама тоа само 2 саати, додека трае, после пак истото, страшна работа.
види јас ако по искусна претходно сум била супер , ни сум отварала по нет ниту сум се потресувала, како ќе кажеле на гинеколог така и бременостите одлично поминувале ..... оваа е чудо бременост и додека да останам ме напнаа многу година ипол ајде ајде да биде , мора да биде што побрзо , и како останав мислам цела душа ми се тресе , сеуште така се осеќам и на почеток дури си мислев некоја стручна помош да барам од што бев преплашена испаничена еве вчера мирно бебе , мрзливо и ја од сабајле работи работи само да не мислам на тоа , после па ме фатија будалите готово на ургентно ќе идам ќе се јавувам по докторки , кога избројав до 10 , мавнав две чаши кока кола после 15 мин жабата почна да се врти да се превртува цела ноќ ..... комплетно те разбирам , иста сум и јас , најди си занимација ( Ја за месец дена нетфликс го превртев наопаку ) и ќе биде се ОК
Другарки,дали некоја знае од каде може да се најдат вакви или слични гаќички? Имаше така во поодминати страници знам некоја членка пишувано за нив,ама не можам да ја најдам страната. Фала ви мајки идни и сегашни