Ти се гледа името и презимето, избриши ја сликата. Скриј си ги податоците и повторно прикачи ја сликата.
Ти се гледа име и презиме. Избриши ја сликата. Инаку крвна слика одлична, направи си уринокултура (имаш заматена урина, еритроцити, леукоцити, епителни клетки и бактерии-се тоа е резултат на бактерија).
Кај мене ќе биде ко на филм, ама комедичен со луѓево одоколу!! Се надевам сите ќе се на работа, е ако не, свекри ќе топли млеко со путер да се мачкам долу, да си закачам бактерија при крај. Па ало бебе ќе излегува од каналот, џабе докторот не ми правеше тест за бактерии за на крај од простотилок да си ја закачам.
леле какви путери. Отерај ја во пм и после вади се дека од предпородилен афект ти било Може затоа јас не можев да се породам со саати, никој не му кажал да се намачкам со путер за да лизга и со шеќер за благо да биде без болки
Ма какво мачкање, ми рече за подобро да излезело бебчето да се намачкам со путер и млеко. Ама јас ќе го земам и ќе го истурјам во када и ќе и речам се намачкав, ако не се намачкам ќе ми вика ти реков да се намачкаш ама не ме слушаше полесно ќе ти излезеше бебе, кој ќе ја трпит, вака нека мислит дека стварно сум намачкана, не сум луда бактерии да фатам во каналот од тоа путерите. Женава мисли методава е ефективна, абе старава генерација се боже сачувај Простотилук на ниво.
Девојки,моиве леукоцити никако да се намалат,горна граница 10,кај мене 24.Знам во бременост се покачуваат,ама овие некако мн височки ми изгледаат. Уринокултура во ред.сега пред некој ден проверував.Брисеви исто.Бев и заби да проверам,немам ништо проблематично.ЦРП во граница е. Јас се чувствувам одлично,со бебе се е во ред.ама ете пак на мисла ми е зошто се толку високи, Дали има некој начин да се намалат ,а да не е антибиотик?
Девојки здраво, би сакала да ве замолам за мислење. Бремена сум 8 недела. Предходната недела добив светло кафен исцедок и закажав преглед на гинеколог, докторката кажа дека се е во ред со плодот, го слушнавме срцето и ми рече дека ако следните денови имам повторно исцедок да земам "Duphastone".Наредните денови немав ништо се до вторникот. Повторно се јави исцедокот а сега имам и силни болки во грбот , не е количински многу ама и со болката премногу сум загрижена, таблетите ги започнав. Пробав да ја добијам докторката вчера и денес ама не успеав бидејќи живеам во странство, незнам дали да одам во болница. Се извинувам за долгиот пост, ама би сакала да знам дали некоја од вас имала сличен проблем ❤️
И кај мене е слична ситуација. И јас имам покачени,но 14 се моите. Се е во ред другото и кај мене и незнаат од што е. Додуша на стоматолог не сум била скоро, можно е да е некој заб кај мене, но и јас сакам да знам некој начин за намалување
Примај ја терапијата и гледај да мируваш малку. Јас имав бледо кафеаво на 7+2 и од тогаш користам Утрогестан вагинално и не се повторило фала Богу, сега сум 10+6. За болките не знам, немав болки јас. Пробај да ја добиеш матичната деновиве и отиди си на преглед да се смириш.
Cela bremnost ne sum povrakal deneska posle dorucek odma ,cel den stomakot stegnat so minimalni bolki niz celiot stomak,bebinja aktivni cel den,kiselina strasna jas 37 nedela so bliznaci...dali toa sto stimakot mi kako celiot stegnat i imam bolkite niz celiot stomak treba da znaci deka e vreme za poragaj....ako moze nekoj da kaze..
би требало са имас боли и во кичма и доле ниско како менструални , да се стега болката да трае до минута и после да пушта во краток интервал да имаш пак таква болка и ако успееш да мериш со колкаво растојание се интервалите , ако се чести мислам да си одиш на ЦТГ