И моево ќерче беше срамежливо во меше Сега има 2 недели уште е мало да речам дека душава ми ја вади, ама се гледа дека ќе биде темпераментна иако во меше беше мирна Какво е твоето ќерче што викаш дека беше мирно во меше? Мирно ли е и сега?
Па на моменти мирна, на моменти малку повеќе темпераментна Како бебе беше така..плачка малку од поише,и во раце од прв ден па до денес. Со второво не праам иста грешка цели денови во раце да ја стискам
@Alishan30 @Chanell* ќе ви пишам за некој период нека пркне малку хахах Вака е мирничка засега, ама е жива нервозна кога е гладна, мрда прета не можам до града да ја доближам Нека се живи и здрави
Жено јас и ти иста сорта сме изгледа,ние ќе ги спасуваме работодавците. Абе ништо не сум искористила ни боледување,ни одмор,ни мерки како коњ р'мбам,сите колеги ги испратив кој во изолација кој позитивен,мене ништо не ми е. Будала некој фала ќе ми каже,ама не сум таква ,совеста ме јаде. А еве сега ме товарија со еден предмет цел том,а плус други работи и пукнав ,ми се рика влегов во тоалет барем да се исплачам на раат , многу ми натежна. Ај извинете на негатива ,немам на кој да се искажам , многу ми е тешко на моменти,ама ај ќе истрпам уште две недели после си земам одмор и кој ги врте, што сакате нека прават.
И јас одам на работа, не сум користила никакви мерки, ни боледување, ништо, а и овде има позитивни на ковид. Сега ми се намали работата, ама до пред 1 недела имав многу работа и многу ме болеа нозете, се мислев да земам боледување, ама се предомислив. Уште декември ќе го изодам и во јануари после празниците отварам породилно.
И јас исто. До 31.12 на работа, после 20 дена одмор пошо ни тоа неам искористено па дотогаш и ќе се породам и таман нема порано да го отварам породилното @azelea На вакви паметници како нас никој фала не ни вика, ама барем совеста ни е мирна Колешка една ми се запнала седи дома на боледување та седи, и што ќе кажам,зошто седам? Од “страв”од ковид,пих нема шанси.
Биди силна, позитивна и верувај! ВИ ја пуштам целата среќа и верувам ќе успеете. Во август, во 16та недела цервиксот на 1.7ми се скрати и фунелинг имав исто така. Ми ставија серклаж, два дена полежав во болница и сега сум веќе трет месец со строго мирување дома. 28ма недела сум, следната недела одиме на прегед.
Еве и јас се пријавувам во клубот спасувачи на фирми Дури имав понуда да работам од дома, ама одбив. Дома со малата шанса нема да се сконцентрирам. И убаво ми е што имам обврски надвор од дома, немам време да секирам за глупости.
Девојки што правите за отоци на раце и стапала? Ко Шрек сум. Рацете не можам да ги свиткам, ме болат прстите, а стапалата и глуждовите многу ми потекуваат исто. 34та недела сум + 2 дена. Фала ви.
Добра ти е, малце тромвоцитите ти се намалени али нормално е да паѓаат. Имаш одлично железо, земаш суплементи или со соодветна исхрана го регулираш ?
Колку нервозата навистина може да влијае на бременоста и на плодот? Денеска имав страшно лоша сируација, со викање и плачење беше проследена, многу се вознемирив, колку тоа му влијае сега на плодот? Се напив Б6, да се подсмирам малце, и лежам цело време од прееска. Ми е страв дека ме наболива стомакот сега, можеби нешто му влијаело лошо на бебето. Кажете ако имате искуства.
@thelittle17 во 7ма недела имав таков нервен слом, што мислев дека секунди се во прашање кога ќе прокрварам. Нема да му е ништо, само легни, одмарај, пробај да се опуштиш. Гали си го, нека си ја сети мамичка. ❤️
Јас неколку пати во бременоста страшно се вознемирив, на раб на нервен слом. И општо живеев со свекрва во заедница, секој ден ми беше со нова нервоза. Читав за ризиците од стрес и многу ме јадеше јанѕа што дозволував така да се исклучувам од нервоза, ама со труднички хормони секоја реакција х3... Не се породив предвреме, ништо не му беше на бебе. Не се секирај и не се оптеретувај додатно.
Ево го живо и здраво а многу бев нервозна карантини па жештини летото... само се расправавме дпма со мм ко идиоти
@Lovebug01 Глеате а кај мене обратно колку се жалев што ме клоца ребрата и после пораѓај ме болеа Еве го сега Мирко што би рекла @Happyinlove